Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Мет Гала повторно го претвори скалилото на Metropolitan Museum of Art во најексклузивната модна сцена во светот, место каде модата не е само облека, туку изјава, спектакл и културен коментар. Изданието за 2026 година, под темата “Costume Art” и дрес-кодот “Fashion Is Art”, им даде на гостите речиси неограничена креативна слобода, да ја избришат границата меѓу телото, костимот и уметноста. Прашањето, сепак, останува дали таа слобода ...
Во свет полн со стаклени облакодери што личат еден на друг, Absolute World Towers се издвојуваат како нешто сосема поинакво. Двете зданија изгледаат како да се замрзнати во момент на движење. Овие кули, често нарекувани и „Кулите Мерлин Монро“ поради нивната сензуална, извртена форма, се вистински пример за тоа како архитектурата може да биде и функционална и уметничка. Сместени во градот Мисисага, веднаш до Торонто, кулите се дело на ...
Мет Гала не е само моден настан тоа е сцена каде модата станува провокација, уметност и изјава. Со години, некои изгледи предизвикале шок, дебати и поделени мислења, но токму тие останале запаметени како најконтроверзни. Ријанa – жолтата наметка што го „сруши“ интернетот Огромната жолта креација инспирирана од кинеска мода предизвика лавина од реакции – од воодушевување до шеги и мемиња. Лејди Гага – четири аутфити за неколку минути ...
Сега градежништвото сè повеќе се потпира на бетон, челик и индустриски стандарди на брза градба, ама еден стар но исклучително издржан конструктивен систем често се враќа во фокусот- бондрук конструкцијата. Терминот се слуша во разговори за традиционална архитектура, реставрација или еколошко градење, но неговото значење оди далеку подалеку од „стара техника“. Бондрукот претставува целосен систем на размислување за тоа како се гради, како ...
Во 1982 година, милиони беа убедени дека за нова Мис на светот ќе биде прогласена фаталната Бернарда Маровт од тогашна Југославија. Списанијата и таблоидите беа преплавени со нејзини фотографии, се редеа пофалби, а обожавателите беа залепени за телевизорите кога се пренесуваа изборите со убавата Целјанка, а потоа сè се сруши. Експлицитни фотографии на Бернарда се појавија во календар кој беше продаден во тираж од 350.000 примероци, а токму ...
Во тивкиот урбан пејзаж на Крушево, град кој сам по себе е меморија врежана во камен, се наоѓа куќа што носи посебна културна тежина, поврзана со името на еден од најзначајните македонски уметници на XX век, Никола Мартиноски кој е роден во овој град. Ова не е само објект од дрво и камен, туку галериски простор во кој се вкрстуваат биографијата, уметноста и архитектонската традиција на Крушево, град кој одамна функционира како симбол на ...
Закачалки полни со облека ама недопрена, фустани „за некоја посебна прилика“, панталони што „ќе се носат кога ќе се симнат килограми“, и чевли што чекаат на „вистински момент“. Паралелно со реалноста во која платите остануваат ограничени во Македонија, се создава парадокс кој одамна не е само моден, туку и длабоко социјален, купување повеќе отколку што реално се користи. Овој феномен, кој во глобалните потрошувачки студии често се опишува ...
Темата на овогодинешната Мет гала е „Costume Art“, концепт кој ја истражува длабоката врска меѓу човечкото тело, облеката и уметноста. Наместо модата да се гледа само како визуелен ефект, фокусот е ставен на телото како основа на секоја креација, идеја дека облеката не постои одделно од човекот, туку е продолжение на неговата физичка и културна реалност. Настанот е закажан денес, конкретно доцна вечерта во средно европско време, а ...
За да се опстои на модната сцена денес, не е доволно само да се следат трендовите, потребно е да се создаваат. Токму тука се издвојува брендот ELENA LUKA, кој со години не само што ја следи модата, туку умешно ја редефинира и повторно ја поставува како визуелен јазик на емоција, идентитет и соништа. Нивниот пристап не е случаен туку тоа е внимателно граден свет во кој дизајнот не е само форма, туку чувство, приказна и искуство. Во таа ...
На прв поглед, квака за врата е еден од најнезабележливите предмети во секојдневието. Но зад тој мал метален или дрвен елемент стои долга технолошка, естетска и културна еволуција. Квака е точката на контакт меѓу приватниот и јавниот простор, првиот физички допир со една куќа, канцеларија или институција. Токму затоа, во архитектурата и дизајнот, таа често се третира како „мала врата во големата приказна“ на објектот. Историски гледано, ...
Сè почесто се појавува една парадоксална слика, станови со милионски цени, совршено уредени, со погледи на светски метрополи ама без живот во нив. Светло внатре ќе видите ретко, понекогаш само неколку недели во годината. Остатокот од времето стојат празни. Прашањето кое го поставуваат економисти, урбанисти и социолози е едноставно, зошто богатите купуваат недвижности во кои никогаш не живеат? Недвижноста како „безбедна трезорска вредност“ ...
Постои еден дел од модната индустрија кој никогаш не се појавува на пистата, не се фотографира за кампањи и не се продава. Тоа е контролираниот простор каде модата престанува да биде тренд и станува историја. Архивите на големите модни куќи не се само складишта, тие се институции, внимателни системи што ја чуваат ДНК-та на брендот. Според анализите на влијателни медиуми како Vogue, Business of Fashion и The New York Times, архивите денес се ...
Во земја каде модата не е индустрија со децениска инфраструктура, туку (не) динамична сцена што постојано се обидува да се дефинира, прашањето што тивко се провлекува низ секој бутик, секоја онлајн нарачка и секој „изглед на денот“ е едноставно, што всушност купуваме кога купуваме облека? Секако, одговорот не е еднослоен. Македонија денес живее на пресекот меѓу две силни тенденции, од една страна желбата за личен стил и од друга, потребата ...
За да се создаде вистински моден бренд не е доволна само вештина туку потребна е и визија што оди подалеку од материјалот, приказна што се чита и кога облеката молчи и храброст да се претвори идејата во емоција. Токму таму започнува магијата на ELENA LUKA, во моментот кога дизајнот престанува да биде само форма и станува доживување. Креацијата „Celestial Jumpsuit“, е токму таков пример, парче што се чувствува. Инспириран од мистиката на ...
Во време кога трендовите постојано се менуваат, а визуелниот шум е насекаде околу нас, сè повеќе внимание привлекува еден поинаков концепт, тишината во ентериерот. Ова не значи буквална тишина, туку визуелна смиреност, баланс и простор што „дише“. Тивкиот ентериер е оној во кој ништо не е случајно, но и ништо не е претерано. Наместо премногу декор, бои и детали што се натпреваруваат за внимание, тука доминира внимателно избран минимализам. ...
Во Њујорк се одржа петтото издание на The King’s Trust Global Galа, настан кој важи за еден од најгламурозните на њујоршката социјална сцена. Организиран како дел од активностите поврзани со посетата на кралот Чарлс III во САД, гала вечерта имаше силна хуманитарна нота. Целта на галата е поддршка на младите преку организацијата која со децении им помага во образование, вработување и развој. Настанот се одржа во елитна атмосфера, со внимателно ...
Дваесет години по култниот филм што ја дефинираше модната поп-култура, The Devil Wears Prada 2 (Ѓаволот носи Прада 2) се враќа со иста сјајност, уште поголем гламур и нова, поладна битка меѓу модата, медиумите и моќта. И повторно – кога Миранда Пристли влегува во кадар, сè останато престанува да постои. Продолжението конечно пристигна во кината и веднаш предизвика лавина реакции. Мерил Стрип уште еднаш доминира како недопирливата уредничка ...
Денес најчесто визуелната култура сè повеќе се потпира на дигитални слики и брза естетика, но гобленот останува една од последните форми на целосно рачна и трпелива уметност. Секоја композиција бара долготрајна изработка, прецизност и внимание, при што конецот постепено се претвора во слика. Сепак, и покрај трудот вложен во нивната изработка, пазарната вредност на гоблените во Македонија не секогаш ја следи нивната реална уметничка тежина. ...
Идејата дека човекот може да создаде сопствен, затворен свет – самодоволен, контролиран и одвоен од природата – со децении ја инспирира научната фантастика. Но, во раните 1990-ти, оваа визија излезе од страниците на книгите и стана реален експеримент. Под огромна стаклена купола во пустината на Аризона, група луѓе се обиде да одговори на едно клучно прашање: дали човештвото е подготвено да живее надвор од Земјата? Проектот започнал кон ...
За да се изгради вистинска модна индустрија, потребни се систем, стратегија и јасна визија. Но, за да се промени пазарот изгледа дека се доволни се телефон, профил на социјална мрежа и чувство за тренд. Токму на таа точка на пресек, меѓу традиционалниот моден бизнис и дигиталната спонтаност, во Македонија се раѓа нова економија, онаа на Инстаграм бутиците и инфлуенсер модата. Тивко, но масовно, таа веќе го редефинира начинот на кој се ...
За да опстане еден вистински моден бренд, не е доволна само естетиката. Потребни се визија што гледа подалеку од трендовите, стратегија што гради идентитет, упорност што опстојува низ промените и пред сè, квалитетен дизајн што остава трага. Но најважно од сè, потребна е препознатливост, онаа ретка способност брендот да се почувствува пред да се препознае. Токму таму се позиционира ELENA LUKA како синоним за прецизно изграден моден јазик и ...
Ват Рон Кун со сигурност е една од најнеобичните и најмагични градби во светот. Овој бел храм е сместен во Тајланд, а она што е интересно кај него е тоа што не личи на традиционална религиозна градба, туку на уметничка визија, е оживеана во камен и огледало. Секоја површина е покриена со бел малтер и ситни парчиња огледало кои ја рефлектираат светлината. Кога сонцето ќе светне врз храмот, градбата како да „оживува“ и блеска одвнатре. Дизајнот ...
Цените на квадратот растат, работната рака е сè поскапа, а инвеститорите и семејствата бараат максимална вредност за вложените пари. Но едно прашање доминира и на македонскиот и на светскиот пазар- кој материјал е најисплатлив за градба денес? Одговорот, според анализите на најрелевантните светски архитектонски и градежни извори, не е едноставен. Нема еден „совршен“ материјал за сите ситуации. Најисплатливиот избор зависи од тоа дали се ...
Кога ќе се спомнат величествени палати, историски градби и монументални објекти што оставаат без здив, мислите најчесто заминуваат кон Париз, Виена, Будимпешта или Прага. Но малкумина знаат дека и Македонија има свои архитектонски палати, градби кои не само што импресионираат со изгледот, туку носат и длабока приказна за културата, образованието и националниот континуитет. Еден од највпечатливите примери е зградата на Охридската гимназија ...
Првата дама Меланија Трамп се појави во впечатливи дизајнерски комбинации при средбата со британското кралско семејство, а сега може да се открие приказната зад нејзината стилска гардероба. Британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила пристигнаа во Вашингтон на четиридневна државна посета, и покрај безбедносните грижи по неодамнешниот обид за атентат врз Доналд Трамп. Првата дама избра креации од американски дизајнери при средбите со ...
Во последната деценија, модата во Македонија, особено кај младите жени станува поле на интензивна дебата- дали се работи за слободен израз или за наметнат модел на сексуализирана естетика? Одговорот не е едноставен. Тој лежи на пресекот меѓу културни норми, медиумско влијание и индивидуален избор. Според дефиницијата на сексуализација, таа се јавува кога вредноста на една личност се сведува на нејзиниот изглед и сексуална привлечност, често ...
Препознатлив по бескомпромисна изработка, префинета естетика и визија што оди чекор пред времето, бендот ELENA LUKA одамна се позиционира како модна куќа која нуди стил за сечиј вкус, но секогаш со високи стандарди, луксузен финиш и внимателно осмислен дизајн. Без разлика дали станува збор за жена која бара класична елеганција, современа сензуалност или авангардна модна појава, брендот создава парчиња што ја слават индивидуалноста. Во секоја ...
Уредувањето на домот не мора да значи големи трошоци и комплетно реновирање. Напротив, со малку креативност, добра организација и чувство за детали, секој простор може да изгледа стилски, топло и модерно без да го испразните паричникот. Тајната е во паметниот пристап. Наместо да купувате нов мебел, обидете се да го освежите постоечкиот. Една стара комода може да добие сосема нов изглед со боја или нови рачки, а столиците со различни навлаки ...
Она што некогаш било едноставна дрвена кабина, скриена во шума или на планинска падина, денес сè почесто се претвора во целосно реконструиран, луксузен дом кој ги спојува природата и современиот комфор. Овој архитектонски тренд, кој се развива последните две децении во Скандинавија, Канада и делови од Алпите, покажува дека минимализмот на дрвените колиби не е ограничување, туку почетна точка за висока архитектура. Од функционалност до ...
Зошто машката облека има толку многу џебови, а женската толку малку? Со векови, скромниот џеб претставува точка на поделба во родовата нееднаквост во модата. Денес, со хаштагот #WeWantPockets (Сакаме џебови) кој сè повеќе се шири на социјалните мрежи, се поставува прашањето, дали конечно нешто ќе се промени? Трендовите на социјалните мрежи често се тешки за разбирање и на прв поглед, неодамнешниот бран женски видеа на TikTok, во кои се ...