Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Вештачката интелигенција секојдневно руши граници и создава визуелни чуда, но сè почесто се поставува прашањето, колку навистина знаеме правилно да ја користиме? Денес AI алатките можат за неколку секунди да создадат слики, концепти, сценографии и модни идеи што некогаш бараа недели работа. Но, колку и да е моќна, вештачката интелигенција не е секогаш совршено прецизна, ниту секогаш целосно точна. Таа бара човечка насока, вкус, селекција и ...
Во 19 век, кога Викторијанска Британија живеела во ера на индустриски напредок, буржоаски просперитет и раскошен ентериер, домовите станувале симбол на статус. Колку побогати шарки, поинтензивни бои и повпечатливи ѕидови, толку повисока општествена позиција. Но зад таа декоративна естетика се криела токсична тајна, многу од најпопуларните тапети и ѕидни облоги содржеле арсен, еден од најопасните отрови познати во историјата. Она што тогаш ...
Кога станува збор за префинет луксуз, беспрекорен крој и дизајн што остава впечаток уште при првиот поглед, името ELENA LUKA одамна е синоним за висока мода, современа женственост и безвременска елеганција. Брендот кој со години гради препознатлив моден идентитет, повторно покажува како стилот може да биде моќен, суптилен и незаборавен во ист момент. Овој изглед е совршен доказ за тоа. Станува збор за брокатен комплет со аристократска ...
Постојат места што не се само архитектура, туку вистински приказни врежани во камен. Замоците ширум светот се симбол на моќ, романтика и историја, а некои од нив изгледаат толку магично што делуваат нереално. Од европски бајковити палати до мистични тврдини на карпи, ова се најимпресивните замоци што мора да се најдат на вашата листа за патување. Neuschwanstein, Германија Замоци како од соништата навистина постојат и токму овој е најдобриот ...
Во Палм Бич, Флорида, се наоѓа една од најпознатите и најконтроверзни резиденции во САД, Mar-a-Lago, имот кој денес претставува спој на екстремен луксуз, историска архитектура и силно политичко значење. Она што започна како приватна вила на американска наследничка, со текот на времето се трансформираше во глобален симбол на моќ, статус и политичко влијание. ГРАДБА И ПОТЕКЛО Mar-a-Lago е изграден помеѓу 1924 и 1927 година за Marjorie ...
Во градежништвото, поимот „фатаморгана“ не е технички термин што се користи во проектантските стандарди или инженерските норми, но се појавува како метафора и аналитички опис во стручни текстови, особено кога се зборува за визуелни и перцептивни феномени во урбани и инфраструктурни средини. Потекнува од природната оптичка појава позната како Fata Morgana, сложен вид на мираж кој настанува поради рефракција на светлината во атмосферата. Што е ...
Токму ова денешно време кога модата никогаш не била подостапна, а трендовите никогаш побрзи, едно прашање сè почесто се наметнува- што навистина сака да облече Македонката? Дали избира според сопствениот вкус, според она што ѝ прилега, или според она што го диктираат социјалните мрежи, излозите и глобалните инфлуенсерски матрици? И уште поважно, дали денес имаме препознатлив македонски стилски идентитет? Ова не е само прашање за облека. ...
Мода… каде една идеја може да вреди милиони, кражбата на дизајнерски визии и создавањето копии не е споредна појава, туку глобална индустрија. Зад блескавите ревии, ексклузивните ателјеа и гламурозните кампањи постои паралелен систем што живее од туѓа креативност. Од нелегални фабрики што произведуваат идентични чанти и фустани, до fast fashion (брза мода) компании кои за неколку недели „реинтерпретираат“ модели видени на писта, па прашањето ...
Ана Винтур не е само најмоќното име во светската мода, туку и жена со исклучително чувство за стил, дисциплина и простор. Додека јавноста ја препознава по нејзините темни очила, беспрекорната фризура и влијанието што со децении го има во индустријата, нејзиниот приватен дом на Long Island открива сосема поинаква, потивка и подлабока страна од нејзината естетика. Сместен во местото Mastic, покрај бреговите на реката Forge River, нејзиниот имот ...
Таа е жена која со децении создава вредности што траат, лидерка која не ги следи трендовите, туку ги поставува. Таа е симбол на сила, истрајност, достоинство и женско лидерство што остава траен белег. Таа е Елена Лука. Прогласена за најуспешна жена менаџерка за опстојување од 30 години во светот на градежништвото и бизнис секторот, признание за повеќе од 30 години посветеност, работа и развој! Лидер со необични способности, врвни квалитети и ...
Постојат модни куќи што создаваат облека, и постојат модни куќи што создаваат наследство. ELENA LUKA одамна ѝ припаѓа на втората категорија. Како синоним за луксуз, беспрекорна изработка и висока мода со јасен авторски печат, брендот со години ја гради својата репутација преку модели што не се само визуелно впечатливи, туку и уметнички вредни. ELENA LUKA останува константа, име што со неверојатна прецизност, визија и моќ успева да создава ...
Музејот Гугенхајм Билбао е еден од најпознатите и највлијателни современи музеи во светот, сместен во градот Билбао во Шпанија. Тој не е важен само поради уметноста што ја чува, туку и поради самата зграда, која се смета за архитектонско чудо. Отворен во 1997 година, музејот веднаш стана светска атракција. Она што е интересно е дека неговата изградба не само што донесе нова уметничка вредност, туку и целосно го промени градот Билбао. Музејот ...
Во последната деценија во современата светска архитектура и инженерство сè почесто се појавуваат мостови со кружни, прстенести или „ring“ форми, структури кои на прв поглед изгледаат како скулптури, но зад нив стои прецизна функционална логика. Овој тренд не е случаен естетски експеримент, туку резултат на нова генерација инженерско размислување што ги спојува урбанизмот, екологијата и движењето. Мостот како круг, нова логика на движење Еден ...
Постојат имиња кои не исчезнуваат со времето, туку остануваат запаметени како симболи на една ера. Едно од тие имиња е Лоренс Трејл, француската манекенка која во 80-тите и 90-тите години важеше за една од највпечатливите русокоси убавици на европската и светската сцена. Нејзината кариера беше исполнета со гламур, големи модни куќи и насловни страници, но и со лични драми, здравствени битки и контроверзии што долго ја следеа. Од тешко ...
Спомен-костурницата на паднатите партизани во Велес се наоѓа во непосредна близина на автопатот „Пријателство“ (А1) и претставува идеална можност за попатна пауза. Идејата за градење на овој грандиозен споменик датира уште од крајот на Втората светска војна. Дел од средствата за негова изградба се собрани со доброволни прилози. Подигнат е во сеќавање на 378 паднати борци и 209 жртви на фашизмот од овој крај. Темелот за споменикот е поставен ...
Карин Ројтфелд е истакната фигура во светот на модата, позната по беспрекорниот стил и влијателната работа како поранешна уредничка на француското издание на магазинот Vogue. Нејзините модни совети не се само насоки како да изгледате добро, туку и како да го пронајдете сопствениот стил кој ќе биде автентичен и безвременски елегантен. Игнорирањето на трендовите е првиот чекор кон создавање сопствен стил Таа ја истакнува важноста да не ...
Ретки се брендовите кои успеваат да создадат мода што останува запаметена. ELENA LUKA е токму едно од тие имиња, бренд што не следи минливи правила, туку создава креации со трајна вредност, силен идентитет и препознатлива естетика. Со години, ова модно име гради свет во кој гламурот, женственоста и високата изработка се спојуваат во дела што не се носат само една вечер, туку остануваат во сеќавањата како симбол на стил и раскош. Секоја нова ...
Милано дизајн вик претставува една од најважните светски манифестации посветени на современиот дизајн, архитектура и ентериер. Секоја година, градот се трансформира во глобална сцена на иновации, каде што водечките дизајнери, архитектонски студија и луксузни брендови ги претставуваат најновите концепти во мебел, светлосен дизајн, декоративни предмети и експериментални инсталации. Настанот не е само изложба, туку и културен барометар кој ги ...
Во времето на Југославија, Македонија беше еден од најважните текстилни и конфекциски центри на федерацијата. Штип, Прилеп, Битола, Тетово, Велес и Скопје имаа фабрики што произведуваа за огромен заеднички пазар, а македонските работници важeа за искусни, брзи и дисциплинирани. Денес, прашањето дали Македонија може да ја врати таа слава не е носталгично, туку економско и стратешко. Одговорот е дека најверојатно може делумно да ја врати, но ...
Постојат објекти што не импресионираат со височина, раскош или монументалност, туку со идеја, контекст и способност да опстанат низ векови. Токму таков редок пример е Ермитажот на Сан Каралампио на островот Ла Тоја, во шпанската област Галиција, мала капела која изгледа како да излегла директно од длабочините на Атлантикот и денес важи за едно од најнеобичните сакрални архитектонски решенија во Европа. Овој објект, познат и како Ермида да ...
Во светот на високото златарство, малку креации ја бришат границата меѓу уметноста, инженерството и екстремниот луксуз како брошот „Граф Пикок“, блескав симбол на креативноста создаден од куќата Graff. НЕ Е ИСКОПАН… ТУКУ МАЈСТОРСКИ СОЗДАДЕН За разлика од едно единствено откритие на дијамант, ова ремек-дело е композиција од повеќе од 1.300 дијаманти, набавени од најпрестижните рударски региони во светот, вклучувајќи ги Јужна Африка, Боцвана и ...
Модата често зборува најслино тогаш кога е нежна, суптилна и беспрекорно изработена. Токму таква е оваа врвна креација на ELENA LUKA, модел во кој е собрана целата пролетна романтика, женственост и современ луксуз. Сетот плени на прв поглед со својата нежна пудра-розова нијанса, боја која асоцира на расцветани градини, свежина и елеганција. Горниот дел е изработен од проѕирен тул со внимателно аплицирана чипка во флорални мотиви, што создава ...
Јапанди стилот е еден од најпопуларните трендови во уредувањето на домот последниве години, а причината за тоа е неговата смирена естетика и практичност. Овој стил претставува спој на јапонскиот минимализам и скандинавската функционалност, создавајќи простор што изгледа едноставно, но во исто време топол и пријатен за живеење. Наместо многу детали и декорации, фокусот е на чисти линии, природни материјали и внимателно избрани парчиња мебел. ...
Македонските модели сè појасно ја потврдуваат својата позиција на светската модна сцена, докажувајќи дека талентот, убавината и упорноста од овој регион можат рамноправно да се носат со најголемите модни пазари во светот. Денес, успехот во модата не е недостижна цел, туку реалност што се гради со стратегија, професионалност и постојана работа, нешто што го демонстрираат и македонските манекени кои сè почесто се дел од престижни ...
Во градежништвото постојат термини што на прв поглед звучат необично, но зад себе кријат суштинска функција. Еден од нив е цементната кошулица, збор што кај многумина асоцира на облека, а не на градба. Сепак, токму овој слој е клучен за стабилен, рамен и долготраен под во станбени, деловни и индустриски објекти. Иако често останува невидлива, затоа што подоцна се покрива со паркет, плочки, ламинат или други завршни облоги, цементната ...
Сведочете на врвниот моден судир во најочекуваното продолжение на годината. Официјално е – еден од најиконичните филмови инспирирани од модата се враќа, дваесет години откако засекогаш ја редефинираше модната сатира. Во пресрет на премиерата на 1 мај, „Ѓаволот носи Прада 2“ синоќа ја имаше својата светска премиера, враќајќи го суровиот гламур од раните 2000-ти. На црвениот тепих во Њујорк, холивудските легенди Мерил Стрип и Ен Хатавеј веднаш ...
Старата родна куќа на писателот Григор Прличев била изградена најверојатно во првите децении на XIХ век, на југоисточното подножје на повисокиот охридски рид, недалеку од Долни Сарај и од црквата Св. Софија. Имала двор на јужната страна, со убав поглед кон езерото. Во триесеттите години на XХ век куќата била веќе руинирана, а десетина години подоцна целосно исчезнала од просторот. Доказ за тоа е и фактот што еден од нејзините директни ...
Во светот на маркетингот постојат реклами што продаваат производ, и реклами што влегуваат во историјата. Една од нив, а според многу извори и најскапата телевизиска реклама некогаш создадена, е легендарниот оглас за Chanel No. 5 од 2004 година, чија продукција чинела околу 33 милиони долари. Во време кога повеќето брендови се натпреваруваа со кратки, директни и комерцијални формати, француската модна куќа Chanel направи нешто незамисливо, ...
Кога трендовите се менуваат со неверојатна брзина, вистинските модни куќи се препознаваат по нешто сосема друго, по способноста да создадат парчиња што не се носат само една сезона, туку остануваат како симбол на стил, префинетост и вредност. Токму затоа брендот ELENA LUKA со години важи за синоним за врвна елеганција, автентичен дизајн и беспрекорна изработка. Новата креација Regal Radiance Brocade Set е уште еден доказ дека овој бренд не ...
Во речиси секој дом постојат таканаречени „мртви агли“, простори кои изгледаат премали, незгодни или едноставно нефункционални. Често ги игнорираме, а токму тие можат да станат најинтересниот дел од ентериерот. Со малку креативност, аглите можат да добијат практична и декоративна улога. Аглеста библиотека Еден од најлесните начини да се искористи аголот е со полици по мерка. Вградена библиотека што ја следи формата на ѕидовите создава чувство ...