
Скопје
39ᴼ /
39ᴼ



Селин Дион имаше неколку појавувања во јавноста откако во 2022 година откри дека ѝ бил дијагностициран редок синдром на вкочанета личност (stiff-person syndrome), ретко невролошко нарушување. Таа се појави во Њујорк во понеделникот вечерта за премиерното прикажување на нејзиниот долго очекуван Prime Video документарец, "Јас сум: Селин Дион" (I Am:Celine Dion), кој ја прикажува нејзината борба со оваа состојба. "Ова е убедливо најголемата ...
Кога ќе зачекориме по ситниот песок и пред нас ќе се најде синилото до недоглед вистински момент е да ги оставиме сите грижи зад себе. Да го впиеме летото со сите свои убавини и да издишеме длабоко. Одморот е нешто што секој од нас со нетрпение го очекува и токму затоа сакаме се да биде совршено, ништо да не недостига, да заминеме на плажа подготвени и полни со позитивна енергија. Кога сме на тема подготовка ние сме секогаш тука со стилските ...
На 27, 28 и 29-ти јуни на улица „Кеј Македонија" пред хотелот Палас во Охрид, веќе традиционално ќе се одржи третото издание на винскиот фестивал – „OHRID WINE FESTIVAL". Посетителите ќе имаат можност да дегустираат од најубавите македонски вина, вкусна храна и одлична културно-музичка програма со македонски музички артисти. На брегот на Охридското езеро посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Влатко Лозановски, Ареа, Куку ...
Годинешните Tony Awards за прв пат се одржаа во центарот Линколн во Њујорк. Престижната манифестација која им оддава почит на најдобрите достигнувањата во театарот, се одржа по 77-ми пат. Актерката Ариана Дебос по трет пат ги водеше наградите, а ѕвездата од Хари Потер, Даниел Ратклиф, заедно со Џереми Строн, Сара Пулсон и Аџелина Џоли ги освоија своите први Тони признанија. Џоли на црвениот тепих се појави со својата 15 годишна ќерка Вивиен, а ...
Топлото време не мами да размислуваме за летен одмор, а некои веќе и го стартуваа омилениот период од годината. Како дестинации најчесто ги одбираме нашите соседи и околните мориња, а Хрватска е место број еден за многумина. И токму тука, односно на островот Дуги Оток, се наоѓа еден еко-ресорт, наречен Villa Nai 3.3. Станува збор за луксузен ресорт којшто со години се наоѓа на светските листи помеѓу најдобрите сместувања. Се наоѓа во близина на ...
„Алхемија на дивината" е мултимедијален, локациски специфичен перформанс кој ќе се изведува на различни локации на Вевчанските извори, во Вевчани, на 26 и 27 јуни 2024. Впуштете се во волшебниот свет на „Алхемија на дивината", мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на ...
На денешен ден, 15-ти јуни 1964 година е родена познатата американска актерка со богата холивудска кариера, Кортни Кокс. Нејзината улога како Моника Гелер во омиленото ТВ шоу на многу генерации - „Пријатели" (Friends), ја доведе до меѓународна слава. Таа ја играше улогата на Гејл Ведерс во серијата хорор филмови "Врисок" (Scream) и ја основаше Coquette Productions. Таа исто така ја играше Венди во филмот „Приказни за спиење" (Bedtime Stories). ...
ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најпознат и најдобар моден бренд се појави како поддржувач на единствената претставничка од Македонија на изборот Top Model Of The World 2024 што оваа година по јубилеен 30ти пат се одржа во Египет. Фросина Блажеска заблеска во Египет носејќи креации од ЕЛЕНА ЛУКА со што привлече големо внимание, а успеа да влезе и во првите 10 модели, а тоа е своевиден успех за Македонија на ваков престижен натпревар. Во просториите на ЕЛЕНА ...
Ќе признаете дека сите ние се делиме на два типа луѓе, утрински луѓе и оние кои не ги сакаат утрата воопшто. Но без разлика на која категорија спаѓате, веруваме дека и на оние кои ги сакаат утрата, некогаш им е навистина тешко да станат од спиење, како резултат на насобран умор од работните обврски и животот воопшто, на ментално, емотивно и физичко ниво. Ние ќе ви споделиме пет корисни совети како барем малку да си го олесните станувањето рано ...
Кога контрастите совршено ќе се избалансираат, се создава идеална хармонија што ентериерот го исполнува со комфор и чувство на пријатност. Токму таков е примерот со предлог решението за уредување на ентериер на станот Moonwalk со квадратура од 53m2 во актуелниот станбено-деловен објект на реномираната компанија ELENA LUKA HOME, FUTURA 2. Moonwalk е атрактивна станбена единица лоцирана во станбено-деловниот објект FUTURA 2 што е во фаза ...
Едно од омилените овошја во летниот период е праската. Сочна, слатка, ароматична – одлично освежување и извор на витамини кога времето е топло. Токму затоа денес ја одбравме оваа нијанса за нашиот фото водич – летен стајлинг во праска боја. Од широки панталони и здолништа, до комотни фустани и интересни кроп маички ја имаме речиси на секое парче облека. Убаво се спојува со белата, светло крем па дури и црната, но и сама по себе е доволна и ...
ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најдобар моден бренд е составен дел од животот на многу дами, без разлика на нивната возраст и професија. Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и книжевност во скопската гимназија "Раде Јовчевски Корчагин", грациозна и елегантна како секогаш досега, преку една убаво конципирана приказна, каде што ни прикажува дека ЕЛЕНА ЛУКА ја придружува и во деновите каде се носи поопуштена облека, и во деновите каде треба ...
На почетокот на оваа година се објави дека легендарниот бенд Битлси ќе добијат свој биографски филм, односно четири филма - по еден за секој од членовите. Како режисер на филмовите се јавува оскаровецот Сем Мендес кој е најмногу препознатлив по филмовите "Американска убавина" (American Beauty) и два филма за Џејмс Бонд, а кој сега ќе соработува со компанијата Sony и со филмската куќа Apple Corps за продуцирање на четирите биографски филмови, кои ...
Доаѓаат летните одмори, а со тоа и омилените летни фустани за на плажа. Ги имаме во различни кроеви, од макси широки, до мини и проѕирни, но она што е заедничко кај сите е тоа што се секогаш тренди и шик. Може да одберете памучни или ленени, во бела, беж или варијанта со принт. Од она што можеме да забележиме фустаните со дупчиња, или мрежест дизајн се прилично популарни на Инстаграм. Модните блогерки ги комбинираат со костим за капење, плетени ...
Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт "Филхармонија на отворено", кој ќе донесе разновидност и секако, несомнен квалитет. Во среда, на 19-ти јуни во Градскиот парк во Скопје, со почеток во 21 часот, одиме на футуристичко патување низ дел од филмографијата на најкреативниот режисер на сите времиња – Стенли Кјубрик, визионерот кој изврши огромно влијание врз светската филмска уметност. Концертот носи наслов "Одисеја ...
ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најпознат моден бренд, е сеприсутен кога станува збор за свечени и високо-општествени настани, како и прослави и обележување на битни датуми на многу компании во Македонија. Минатата недела, познатиот бренд за ексклузивна машка гардероба Signori, го прослави својот јубилеен 10-ти роденден, а некои од присутните дами, за еден ваков важен јубилеј носеа креации токму од ЕЛЕНА ЛУКА. Меѓу нив беше и прекрасната Ана Пантовиќ, лидер ...
Вториот концерт од концертната турнеја со наслов ТАНГО ПРИКАЗНА ќе се одржи на 12-ти јуни, во Офицерскиот Дом, Битола во 20:00 часот. На концертот во Битола љубителите на музиката и танцот ќе имаат концертно танго доживување со камерниот состав "Агогик" и сценски настап на Владанка Колева и Онур Мок од "Центар 213". Концертната турнеја ТАНГО ПРИКАЗНА има за цел доближување на танго културата, музиката и танцот пред широката македонска публика. ...
Француската модна куќа Jacquemus ја прослави својата петнаесет годишнина на модната сцена, а како јаготка на шлагот се најде новата есен-зима 2024 колекција наречена La Casa. Креативниот директор Жакемус инспирацијата за истата ја пронајде во легендарната модна и филмска икона Брижит Бардо, а сцената за ревијата беше налик на филм каде што токму Бардо ја игра главната улога. Како локација беше избран романтичниот италијански остров Капри, ...
Кога станува збор за летна мода ригите се секогаш присутни. Овој едноставен дезен е еден од најпопуларните во светот и може да се најде на речиси секое парче облека, додатоци, па дури и обувки. За тоа да биде така, прилично е заслужна Коко Шанел, која виде голем потенцијал во дезенот и го искористи во нејзините креации. Најчесто ригите, или пругите ги има на летните маички, панталоните, кошулите, а покрај основната црно-бела, или сино-бела ...
ELENA LUKA HOME официјално ја започна новата приказна во Скопје наречена MELODY. Во средата, на 5-ти јуни, во свечена атмосфера и во присуство на сопственичката и генерален директор на ELENA LUKA HOME, г-ѓа Елена Пандева, нејзиното семејство, вработените во компанијата, соработници и идни станари, се освети камен-темелникот на објектот MELODY и со тоа официјално се означи почетокот на градба. Станбено-деловниот објект се наоѓа на самиот влез на ...
Вирџинија Вард која беше пет години на челната позиција на Chanel си заминува од модната куќа. Вард го наследи Лагерфелд по неговата смрт, што за многумина беше сосема логичен чекор земајќи го во предвид фактот дека дизајнерката работеше за брендот 30 години. Кариерата во Chanel ја започна во 1987 како практикант, а Лагерфелд за неа знаеше да каже дека му е "и лева и десна рака." Во изминативе пет години, додека Вард беше креативен директор, ...
Со ексклузивна коктел-промоција, минатата недела во ресторанот Daily food&wine во трговскиот центар Зебра, DP LUX GROUP којшто е официјален дистрибутер на глобалниот британски бренд Elemis во Македонија, ја откри тајната на негуваната и убава кожа. Гостите имаа можност да се запознаат со производите поединечно преку демонстрации на козметичките производи во живо и да учествуваат во интерактивна сесија со прашања и одговори од страна на ...
За 102 годишната Дебора Секели, спортот, дружењето, учењето и природата се добитната комбинација за долг и среќен живот. Ова симпатична старица до својата 90-та година возела велосипед и правела пилатес вежби, а сега гледа да пешачи барем еден километар. Таа поседува свој бизнис, постојано е во контакт со пријателите и често оди на опера. Дебора зборува четири јазици англиски, француски, шпански и германски. Родена е во Бруклин, Њујорк, ...
Марија Грација Кјури покажа една малку поинаква страна на модната куќа низ колекција Dior Cruise 2025. Ревијата која се одвиваше во дворецот Друмонд во Шкотска, протече во знакот на готиката, тартанот и шкотското наследство. Ова не е прв пат модната куќа да направи ревија во Шкотска. Самиот основач Кристијан Диор ја одбра токму оваа локација во далечната 1955-та. За таа прилика дизајнерот испрати 172 фустани со приватен авион од Франција за ...
На денешен 4 јуни е родена една од најпознатите актерки на денешницата и според многумина една од најубавите жени во светот. Анџелина Џоли, 49, се доближува до шестата декада и се уште го одзема здивот каде и да се појави. Американската актерка и режисерка чиј татко е познатиот глумец Џон Војт уште од мали години го искусува светот на шоу-бизнисот. Нејзината вонвременска убавина во спој со енергичниот дух и талент и обезбедува место меѓу ...
На 26ти јуни со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи Гала балетски концерт, во рамките на фестивалот „Скопско лето" 2024. На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори: Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша ...
Францускиот институт во Скопје и Скопје Сити Мол организираат ексклузивната гала филмска вечер „Кан во Скопје", во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје. Филмот „Втор чин" ќе биде премиерно прикажан в среда, 5 јуни 2024, во 20:00 часот, во киното „Синеплекс", во Скопје Сити Мол. Се работи за ексклузивна премиера во регионот и филм со којшто се отвори овогодишното издание на Канскиот ...
Џон Ленон и Јоко Оно се еден од најпознатите парови на 20 век. Иако нивната љубовна приказна завршува трагично со смртта на Џон во 1980-та, таа сè уште побудува голем интерес кај широката јавност. Еден од четворицата Битлси и уметницата од бракот го добија синот Шон, а сега нивната заедничка животна сторија ќе добие и свој документарен филм. Она што е интересно е тоа што токму Шон ќе биде дел од продукцијата на истиот. Фокусот на филмот ќе ...
На денешен ден, 31ви мај 1965 година е родена познатата американска актерка Брук Шилдс. Нејзината кариера одбележана со разновидни улоги и шармантни појавувања, ја направи популарна и почитувана во шоу бизнисот. Животниот пат на Брук од ѕвезда уште во раното детство како актерка и модел до актерката која ја знаеме денес, е инспиративно и уникатно, освојувајќи ги срцата на публиката ширум светот. Во 1980 година, на 14-годишна возраст, Шилдс беше ...
Сандалите на платформа ќе ги гледаме многу во сезоната што следи. Според модните тенденции, овој тип на чевли повторно ќе биде актуелен летово. Од различните модели централно место ќе завземат сандалите во бохо стил, односно оние на плутена платформа. Она што најмногу ни се допаѓа кај нив е комоцијата и леснотијата во чекорењето. Нивниот изглед потсетува на слобода, романтични моменти, на неодоливо чувство на плажа, сонце и море. Во продолжение ...