Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Едно е јасно! Во модната индустрија, моќта одамна не се мери само со креативност, туку со влијание, капитал и способност да се контролира културниот наратив. Денес, неколку жени практично одлучуваат што ќе стане тренд, кој дизајнер ќе преживее, кој бренд ќе биде прогласен за релевантен и каква естетика ќе доминира на глобално ниво. Иако јавноста најчесто ја гледа модата низ спектакуларни ревии, Мет Гала, Кан или Инстаграм естетика, ...
ELENA LUKA одамна не создава само облека, туку гради препознатлив визуелен јазик во кој прецизноста, емоцијата и современата женственост функционираат како едно. Токму во тоа лежи силата на брендот, а тоа е способноста да ја трансформира високата мода во нослива елеганција, без притоа да ја изгуби својата автентичност, префинетост и модна дисциплина. Колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26 уште еднаш покажува дека ELENA LUKA совршено ја разбира ...
Социјалните мрежи и разните филтри што се користат, целосно го сменија начинот на кој се гледаме себеси. Денес филтрите не ја менуваат само светлината на фотографијата, туку и лицето. Тие го стеснуваат носот, ги зголемуваат усните, ја измазнуваат кожата и создаваат „совршена“ верзија од нас. Токму ова е причината за појава на „Snapchat dysmorphia“, феномен што ја поттикнува желбата кај луѓето да изгледаат како својата филтрирана верзија. ...
Високите згради одамна престанаа да бидат само симбол на технолошки напредок. Денес тие се истовремено урбана стратегија, економски инструмент и културен знак, но и една од најконтроверзните форми на современо градење. Прашањето дали тие навистина го подобруваат квалитетот на градскиот живот или само ја засилуваат нееднаквоста и урбаната пренатрупаност останува отворено во архитектонската и урбанистичката теорија. Урбана ефикасност и ...
На Балканот, свадбата одамна не е само семејна прослава. Таа станала културен спектакл, социјален перформанс и сè почесто, визуелен доказ за статус. Во Македонија, како и во поголемиот дел од регионот, свадбите денес функционираат како комбинација од традиција, луксуз, семејна репутација и социјален престиж или простор каде емоцијата и економијата речиси не можат да се одделат. Од раскошни салони, огномети и брендови, до невести со неколку ...
Во македонската јавност, кога се зборува за стара градска архитектура, најчесто вниманието оди кон Охрид, Битола или старите скопски куќи. Но, далеку од туристичките разгледници и во сенка на помпозните балкански градови, Штип крие еден речиси заборавен архитектонски свет- свет на богати трговци, дрвени чардаци, ориентални дворови и куќи што денес полека исчезнуваат пред налетот на новото време. Во стариот дел на Штип, особено во Ново Село, ...
Грен слемот Ролан Гарос започна оваа недела, а веќе вчера Наоми Осака повторно покажа дека знае како да го претвори спортскиот терен во модна сцена. Јапонската тениска ѕвезда очигледно знаеше дека јавноста со нетрпение го очекува нејзиното појавување на Ролан Гарос во Париз, па на својот меч од првото коло во женска конкуренција против Лаура Зигемунд се појави во впечатлива модна комбинација што веднаш привлече внимание. Осака зачекори на ...
ELENA LUKA не гради мода врз моментален ефект, туку врз прецизно конструирана естетика во која секој детаљ има функција, движење и став. Брендот останува доследен на една препознатлива филозофија дека убавината на креациите е всушност визија која прудуцира автентичност. Колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26 токму тоа и го потврдува, медитеранска сензуалност преведена низ современи силуети, флуидни линии и префинета драматика. Во таа естетска ...
Некогаш естетските интервенции беа тема за која се шепотеше, a денес се дел од секојдневието. Ботокс, филери, корекции на нос, затегнување на лице, превентивни третмани уште во дваесеттите… Социјалните мрежи направија убавината да изгледа како проект што постојано треба да се подобрува. Но, прашањето што сè повеќе жени си го поставуваат е: Каде е границата помеѓу желбата да изгледаме подобро и моментот кога почнуваме да го губиме сопственото ...
Чувството дека изгледаме и се чувствуваме убаво често го оставаме „за посебни прилики“. Но, вистината е дека убавината не треба да биде резервирана само за денови кога имаме настан или важна средба. Таа започнува во најобичните утра во начинот на кој се грижиме за себе. Да се чувствуваме убаво секој ден не значи секогаш совршен аутфит, беспрекорна шминка или тренди облека. Понекогаш тоа е само добро избрана кошула што ни стои убаво, омилен ...
Меѓу најпознатите скапоцени камења во светот, дијамантот „Hope“ зазема посебно место, но не само поради неговата впечатлива темно-сина боја и историска вредност, туку и поради легендата која го следи со векови, дека носи несреќа на сите свои сопственици. Иако современата наука и историските записи не потврдуваат „проклетство“, хронологијата на неговото патување низ рацете на кралеви, банкари и колекционери создаде една од најтрајните ...
Во последната деценија, градежната индустрија се наоѓа под притисок на две паралелни сили, потребата за поголема одржливост и барањето за материјали со поголема издржливост, помала тежина и подолг животен век. Во овој контекст, графенот, материјал дебел само еден атом, сè почесто се издвојува како потенцијална технолошка револуција. Иако сè уште не е масовно применет во класичното градежништво, научните истражувања и пилот-проектите ...
Во современото македонско општество, мора да се признае дека модата одамна престанала да биде само прашање на естетика. Таа функционира како сложен социјален јазик, претежно тивок, но многу прецизен код преку кој луѓето комуницираат статус, припадност, економска моќ и личен идентитет. Прашањето „дали модата кај нас е личен стил или социјален доказ?“ всушност отвора подлабока дилема или колку сме навистина индивидуални, а колку сме производ ...
Во срцето на јужна Австралија, каде што бескрајната пустина на опалскиот регион се протега под немилосрдно сонце и температури што често надминуваат 45°C, се наоѓа еден од најнеобичните градови во светот, Кообер Педи. На прв поглед, пејзажот изгледа напуштен, речиси лунарен. Но вистинскиот живот тука не е на површината, туку под земја. Кообер Педи е познат како „подземниот град на светот“, каде голем дел од населението живее, работи и се ...
Најпрестижниот филмски фестивал во светот отсекогаш бил место каде што киното ја добива својата најгламурозна форма. Но Канскиот филмски фестивал 2026 отвори едно многу подлабоко и непријатно прашање односно дали денес луѓето сè уште го следат Кан поради филмовите или поради спектаклот околу нив? Овогодинешното 79-то издание на фестивалот, одржано од 12 до 23 мај под претседателство на јужнокорејскиот режисер Park Chan-wook, формално беше ...
Елитните модни куќи и брендови често се делат помеѓу ексклузивен гламур и комерцијална практичност, но ELENA LUKA веќе одамна успева да ја одржи ретката рамнотежа помеѓу двете. Брендот што со години е препознатлив по раскошни couture креации, драматични силуети и вечерна елеганција, сè поуверено го освојува и светот на ready-to-wear модата, но без да ја изгуби својата препознатлива естетика. Токму во тоа лежи силата на ELENA LUKA, дури и ...
Ако постои една фризура што оваа сезона совршено ја доловува естетиката на „la dolce vita“, тогаш тоа е италијанскиот боб. Овој тренд веќе ги освои социјалните мрежи и модните писти, а сè повеќе познати личности се одлучуваат токму за оваа софистицирана, но опуштена варијанта на класичниот боб. Ова не е само обична кратка фризура. Италијанскиот боб е комбинација од гламур, природен волумен и ненаметлива елеганција која потсетува на филмските ...
Тоа не била тијара создадена за кралица, туку за човек кој самиот себеси се претворил во театар и живеел како секој момент да е претстава под светлина од гасни ламби и дијаманти. Хенри Кирил Пеџет, познат како „танцувачкиот маркиз“, го доживувал накитот не како украс, туку како идентитет. Кон крајот на 19 век, тој ја нарачал таканаречената Тијара од Англеси, накит создаден не за воздржаност или дворски протокол, туку за спектакл. Светот на ...
Деми Мур се појави со драматична промена на фризурата на црвениот тепих во Кан, каде што изненади со нов изглед за време на Канскиот филмски фестивал, на кој учествува како член на жирито. 63-годишната актерка присуствуваше на премиерата на филмот „La Bola Negra“ вчера, заедно со актерката Пенелопе Круз, која има споредна улога во филмот. Деми веднаш привлече внимание кога се појави на црвениот тепих облечена во електрично сина тоалета без ...
Во земја во која модата со децении најчесто се врзува за женската елеганција, вечерните фустани и свадбениот гламур, едно прашање речиси никогаш не се поставува доволно односно каде исчезна машката мода во Македонија? И уште поважно, зошто речиси и да нема машки модни дизајнери што активно создаваат современ машки идентитет? Mакедонската модна сцена никогаш немала недостаток од креативност. Напротив. Низ годините се појавија силни авторски ...
Во срцето на Скопје, скриена меѓу стаклените фасади, модернистичките објекти и урбаниот метеж, сè уште стои една палата што изгледа како да е донесена од некоја друга географија и друго време. Со своите ориентални лакови, шарени фасади, кули наместо класичен покрив и мистична атмосфера, Арапска куќа со децении претставува едно од најнеобичните архитектонски сведоштва на старо Скопје, градба што истовремено изгледа како љубовно писмо, ...
Во 2005 година, светот со восхит и емпатија ја следеше нејзината храбра борба со ракот на дојка, кога имаше само 36 години. Но сега, Калји Миног откри дека пред пет години повторно се соочила со рак, искуство кое, како што самата признава, ја претворило во „сенка од човек“. Поп-иконата, денес 57-годишна, низ солзи раскажува дека својата дијагноза од 2021 година ја чувала далеку од јавноста, токму во периодот кога нејзината кариера повторно ...
Помеѓу дивата сензуалност и префинетата елеганција, помеѓу гламурот што блеска и луксузот што шепоти, токму таму живее новата естетика на ELENA LUKA. Бренд кој со години гради моден универзум во кој женственоста не е агресивна, туку самоуверена. Не е театрална, туку магнетична. Колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26 токму тоа го потврдува. Медитеранска романтика преточена во современ гламур, инспирирана од летните ноќи, солта на кожата, старите ...
Изгледаат елегантно во секоја животна доба, а ова се нивните три главни правила. Парижанките се познати по беспрекорниот моден вкус, и изгледаат совршено во секоја животна доба. Тие многу добро знаат да изберат феноменална комбинација која ќе ги истакне сите нивни атрибути, ќе им ги избрише годините од лицето и ќе даде свеж изглед. 1. Минимализам со акценти Парижанките во 50-тите избираат едноставни, безвременски парчиња кои зрачат ...
Во современото градежништво и ентериерен дизајн, бањата одамна не е само функционален простор, туку зона на комфор, хигиена и долготрајна естетика. Токму затоа изборот на плочки не е само прашање на вкус, туку на технички параметри, материјали и отпорност. Според архитектонските и градежните стандарди, плочките во бањата мора да ги задоволат трите клучни критериуми: водоотпорност, издржливост и безбедност против лизгање. Порцеланските ...
Во историјата на европската модернистичка архитектура постојат објекти што не се само згради, туку цивилизациски изјави. Еден од тие објекти несомнено е Централна пошта Скопје, монументалното дело на архитектот Јанко Константинов, кое денес се смета за едно од најзначајните остварувања на брутализмот во Југоисточна Европа. Со својата скулптурална бетонска форма, футуристички ентериер и радикален просторен концепт, поштенскиот комплекс во ...
Македонската модна сцена денес се наоѓа во еден парадоксален момент, никогаш немало повеќе млади дизајнери, модни брендови и визуелна креативност на социјалните мрежи, а никогаш помалку вистинска модна инфраструктура. Прашањето повеќе не е дали Македонија има талентирани дизајнери, туку каде тие луѓе воопшто можат професионално да се претстават. Во светската модна индустрија, модата не функционира само преку креативност. Таа функционира ...
На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, супермоделот Бела Хадид повторно успеа да стане центар на вниманието, овојпат со моден омаж кон легендарната Џејн Биркин, жената што со децении останува симбол на францускиот шик, слободниот дух и безвременската елеганција. Бела се појави на премиерата на филмот La Bataille De Gaulle: L’Âge De Fer во ексклузивна couture креација на Schiaparelli, специјално дизајнирана од креативниот директор ...
Кога ќе се спомене ELENA LUKA, првата асоцијација најчесто е гламур, висока мода и впечатливи couture креации. Но, брендот во последните сезони сè појасно покажува дека современата жена денес не бара само спектакл, туку и префинети, практични и носливи парчиња што можат да функционираат во реалниот живот, без да ја изгубат естетската моќ. Токму во тој дух пристигнува и фустанот Amaretta од колекцијата LA DOLCE ESTATE SS26, модел што ја ...
Добри ни е познато дека платформите како Instagram, TikTok и Pinterest создадоа сосема нова реалност во која стилот е постојано изложен, оценуван и споредуван. Но, дали тие нè инспирираат да бидеме покреативни и посамоуверени, или создаваат притисок да изгледаме „совршено“? Од една страна, социјалните мрежи навистина можат да бидат извор на инспирација. Преку нив секој може да пронајде идеи за стил, комбинации на облека, шминка, фризури или ...