Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Синот на музичката ѕвезда Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, направи драстична физичка трансформација која деновиве е главна тема на социјалните мрежи. По период во кој се бореше со вишокот килограми, Виктор денес изгледа сосема поинаку и, како што коментираат многумина, подобро од кога било. Тој неодамна ја напушти Србија и замина во потопли краишта, од каде што редовно се огласува на Инстаграм. На последната објава, Виктор сподели видео на кое ...
Славица Ќуктераш го демолирала танцовото студио. Се заканувала, навредувала и создала хаос пред децата. Српската пејачка Славица Ќуктераш предизвика скандал пред танцовото студио во Нови Сад, дознава српски „Информер“. Според очевидец, Славица ги кршела жардиниерите што се наоѓаат пред студиото, кое се наоѓа веднаш до влезната врата од нејзината зграда. – Кршеше сè пред себе! Сите жардиниери пред танцовото студио се скршени! Направи хаос. Ми ...
Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез беше снимена во Лос Анџелес како му дава пари на бездомник, а овој нејзин потег привлече големо внимание на социјалните мрежи. Папараците ја „уловија“ по еден деловен состанок, кога мажот ѝ пријде и ја замоли да му даде пари. Таа најпрво помина покрај него и влезе во автомобилот. „Ќе им кажам на сите дека те видов“, ѝ рече тој и се доближи до автомобилот. Лопез го спушти прозорецот и му даде пари. ...
Актерот Милош Биковиќ заедно со сопругата Ивана Малиќ и нивниот син Василије престојува на Алпите, од каде што редовно споделуваат делови од своето секојдневие. Ивана е мошне активна на социјалните мрежи и преку фотографии им овозможува на следбениците да ѕирнат во нивната семејна зимска бајка. На една од објавените фотографии, Ивана позира во црни, тесни хеланки и бел џемпер, со очила за сонце, додека зад неа се простира спектакуларен снежен ...
Сестрите Кристина и Наташа Беквалац привлекоа големо внимание за време на одморот на егзотична дестинација во Тајланд, каде уживаат опкружени со недопрена природа. На своите профили на социјалните мрежи споделија фотографии од плажа, каде позираат во костими за капење, зрачејќи со самодоверба и летно расположение. Но, она што дополнително ги изненади нивните следбеници беше снимка од водата, на која се гледа мала бебе ајкула како плива ...
Ќерката на Халид Муслимовиќ, Лејла, му го честиташе роденденот на својот татко на социјалните мрежи со емотивна порака која растопи многу срца. Таа објави заедничка фотографија со него, придружена со зборови кои предизвикаа лавина позитивни реакции. Халид Муслимовиќ, кој наполни 65 години, и понатаму се смета за еден од најценетите пејачи на регионалната музичка сцена, а честитките пристигнуваа од сите страни. „Твојата љубов отсекогаш била ...
Познатиот пејач Сергеј Четковиќ ја воодушеви јавноста со фотографија од семејниот одмор на егзотична дестинација. На фотографијата, тој се гледа како ужива заедно со сопругата Кристина и посвоените ќерки Лола и Мила, додека сите седат прегрнати на лежалки на песочната плажа, опкружени со море и релаксирана атмосфера. Сликата ги воодушеви неговите следбеници на социјалните мрежи, кои во коментарите истакнуваат колку семејството изгледа ...
Душко Тошиќ преку својот адвокат се обрати во јавноста и појасни дека редовно ги подмирува сите обврски кон своите деца и дека не должи ништо. Во средата, во попладневните часови, Душко Тошиќ влегол во станот на Дедиње во кој по разводот живееше Јелена Карлеуша со нивните ќерки. Тој ги сменил бравите на вратата, а скандалот ескалирал откако пејачката јавно изјави дека поранешниот фудбалер не плаќа алиментација. Тошиќ веднаш реагирал преку ...
Бугарската поп-фолк ѕвездата Преслава на еден многу емотивен начин се обрати до своите фанови, додека уживаше на егзотична плажа во Тајланд, пиејќи свеж кокос и сумирајќи ги своите 22 години на музичката сцена. „Музиката никогаш не била само професија за мене. Таа е дишење, исповед и спасение. Ме изгради кога бев силна и ме поддржа кога паѓав. И вие сте причината зошто сè има смисла“ , искрено напиша пејачката. Таа посебно се осврна и на ...
Естетските корекции на естрадата со години го привлекуваат вниманието на јавноста, особено кога станува збор за познати личности. Во последно време, на социјалните мрежи кружат видеа и фотографии на кои јасно се гледа колку некои од нив се промениле со текот на годините, што повторно ги отвори темите за општествените притисоци и стандардите за убавина, пренесува „Пулсонлајн“. Пејачката Едита Арадиновиќ реши јавно да реагира на „едитирана“ ...
Легендарната пејачка и актерка Сенка Велетанлиќ почина на 19 јануари, на 90-годишна возраст. Сенка, која беше подеднакво сакана низ сите краеви на поранешна Југославија, ќе биде погребана во вторник, 27 јануари, на Новите гробишта во Белград. Информацијата за последното испраќање ја соопшти нејзиниот син, познатиот музичар Васил Хаџиманов. „Голема благодарност до сите за искрените пораки, повици и писма. Мислам дека ни Сенка не беше свесна ...
Пејачот Слоба Васиќ направи неверојатна трансформација откако минатото лето донел една од најважните одлуки во својот живот и решил да се посвети на здравјето и изгледот. После подолго размислување, се подложил на операција за намалување на желудникот, а денес гордо вели дека трудот и дисциплината се исплателе. „Драги мои, чекав малку подолго на овој момент. Но, еве го 50 килограми! Навистина имам причина да бидам среќен. Се чувствувам многу ...
Откако Јелена Карлеуша јавно рече дека Душко не ѝ ги исплаќа алиментациите, Тошиќ ист ден влегол во станот каде таа живее со ќерките и ги сменил бравите, додека тие три биле на одмор во Дубаи. и покрај тоа, денес се огласи адвокатот на Душко, Никола Премовиќ, кој тврди дека сите алиментации се исплатени. Како што дознава „Информер“, поранешниот фудбалер вчера го измилил долгот кон Јелена, токму кога медиумите известија дека парите за децата ...
Хрватската радиоводителка Нивес Иванишевиќ сподели моменти од семејниот одмор во популарен скијачки центар со своите следбеници. Додека таа ужива во загреаниот базен опкружен со снег, нејзиниот сопруг, поранешниот тенисер Горан Иванишевиќ, ја снима. Згодната Нивес сподели серија фотографии од семејниот одмор во Италија, поточно во познатиот скијачки центар План де Коронес, попознат како Кронплац. Ниевес позира во светло син костим за капење, ...
Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се впушти во патувањето на својот живот и во моментот ја истражува ледената убавина на Антарктикот. Колинда Грабар-Китаровиќ вчера храбро скокнала во водата, чија температура е близу нула степени. Откако гумениот чамец пристигнал до местото за скокање, таа се фрлила во темниот, леден океан. За авантурата која Колинда ја нарече „патување на својот живот“, според достапните информации, ...
Пејачката Мина Костиќ имала исклучително тежок живот, а неодамна јавно проговори за семејната трагедија што засекогаш ја обележала – смртта на нејзината помлада сестра. „Сестра ми се викаше Нада и имаше само 13 години. Најтешкото е што јас во тој период секоја вечер пеев на истиот сплав. Тој ден јас бев на Ада со друштво, а таа со другарки. Влегла во вода и ја повлекол вир. Дојдоа да ни кажат дека мораме веднаш дома, дека ѝ се случило нешто ...
Едита Арадиновиќ е бремена, како што беше ексклузивно објавено пред неколку дена, а сега со своите следбеници искрено сподели дека си замерува што не може да одолее на храната. Како и кај многу трудници, и кај неа апетитот е значително зголемен. По еден настап што го имала, доцна во ноќта се почестила со пица и газиран пијалак, а потоа се снимила и видеото го објавила на Тикток. „Може ли да бидам поголема ненаситница? Зошто сум ваква? Еве, се ...
Јелена Карлеуша во моментот поминува низ вистинска драма со својот поранешен сопруг Душко Тошиќ, кој упаднал во вилата на Дедиње. Оваа непријатна ситуација ѝ се случи на поп-ѕвездата додека е на одмор во Дубаи, каде што во вторникот отиде со своите ќерки. Карлеуша отиде во Емиратите за да ги наполни батериите пред објавувањето на двата сингла, кои премиерно ќе ги претстави во „Ѕвездите на Пинк“. И додека поранешниот сопруг на пејачката ги ...
Хрватската пејачка Северина повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи, но овој пат не со најава за нов концерт или гламурозно модно издание, туку со интимна и трогателна порака за животот. – Животот е прекрасен, но краток. Не го гледајте настрана. Во него има многу прекрасни работи… и луѓе. Сакајте го, бидете сакани, смејте се и гушкајте се многу… затоа што денес е Светски ден на прегратките – напиша Северина на социјалните ...
Српската водителка Сања Кужет (42) отпатува со својот сопруг Немања Живојиновиќ и трите сина во Дубаи, од каде што сега се огласи на социјалните мрежи, а нејзината објава предизивика лавина од коментари. Имено, Сања објави серија фотографии на Инстаграм, а на првата ја гледаме како позира на плажа во дводелен костим за капење. Во оваа прилика таа ја покажа совршената фигура, па многумина се прашуваат како успева да изгледа толку добро по три ...
Венди остро ја искоментира јавната веридба на Мина Костиќ и нејзиниот свршеник Каспер, тврдејќи дека воопшто не станува збор за љубов, туку за „самопромоција и користење на познато лице за личен интерес“. Таа изјави дека Каспер ѝ делува како човек кој дошол „од Америка со однапред подготвен план да стане познат“, и дека неговиот настап во емисијата бил „крајно непријатен и вештачки“. Венди дури го спореди со „вампир кој бара крв во Завод за ...
Пејачот Милан Станковиќ со години е речиси целосно отсутен од јавноста. Додека неговите обожаватели сè уште се надеваат на големо враќање на сцената, тој живее повлечено и без никакви навестувања дека повторно ќе се посвети на музиката. Екипа на терен ја посети населбата во која живее пејачот – елитен, но мирен дел од градот, далеку од метежот, а сепак блиску до центарот. Пред зградата беше забележан неговиот луксузен автомобил, за кој ...
Откако поп-дивата Јелена Карлеуша од Дубаи ја контактирала српската полиција и го пријавила својот поранешен сопруг Душко Тошиќ за наводен упад во стан на Дедиње, сега следи и неговото прво јавно огласување. Како што беше објавено, Карлеуша пријавила дека Тошиќ без нејзино знаење и без претходен договор ги сменил бравите на влезната врата од станот, поради што побарала итна интервенција од надлежните институции. Редакцијата побара изјава и од ...
Драгана Мирковиќ веќе неколку дена е во Австрија, од каде редовно објавува на својот инстаграм-профил и споделува моменти од зимската бајка во која ужива со своите следбеници. Пејачката, која неодамна ја угости Лепа Брена во својот замок, го прослави и својот 58-ми роденден во планините, а по тој повод доби посебно изненадување. Драгана прво покажа како ужива во зимската идила, пиејќи кафе пред хотелот, опкружена со снег и планински пејзажи. ...
Поп-дивата Јелена Карлеуша го пријавила својот поранешен сопруг Душко Тошиќ во полиција поради наводен упад во станот на Дедиње, во кој таа живее заедно со нивните две ќерки. Иако моментално престојува во Дубаи, Карлеуша од таму ја контактирала српската полиција и побарала итна интервенција. Како што се дознава неофицијално, таа пријавила дека Тошиќ без нејзино знаење ги сменил бравите на станот, поради што побарала помош од надлежните ...
Старлетата Станија Добројевиќ сподели моменти од Мајами на социјалните мрежи, каде што живее подолго време. Имено, таа се снимаше како вози луксузен автомобил, чија вредност надминува 100.000 евра. Станија покажа дека прво отишла во теретана, од каде што се огласи со селфи, малку подоцна, се сними себеси како вози „бе-ем-ве“ 7, и сè беше темно. – Дисциплина. Сè друго е бучава – кратко напиша Станија во описот на објавата. Старлетата ...
Музичарот Горан Бреговиќ неодамна откри непознати детали за своето семејство. Брега има четири ќерки, три со сопругата Џенана и една со жената која му била љубов во младоста. Брега истакна дека неговите наследници меѓу себе зборуваат на француски јазик. „Тие се Французинки, тука нема помош. Тие меѓу себе зборуваат француски, таму се израснати, завршиле француски училишта…“ рече Бреговиќ за „Велике приче“. „Знам дека им се допадна неколкупати. ...
На денешен ден, во 2015 година, во Загреб почина легендарниот Кемал Монтено. Во последните денови од животот водеше тешка битка со пневмонија и сепса, компликации што настанале по трансплантација на бубрег. Фолк-дивата Лепа Брена своевремено, со големи емоции и солзи во очите, се присети на Монтено и на една трогателна анегдота од нивниот дом, која, како што вели, и денес ѝ предизвикува болка. „Боба и јас не сакавме Кемал да спие по хотели, ...
Српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ беше погребан на Централните гробишта, денеска, 21 јануари, во Белград. Мика почина на 18 јануари, а три дена по неговата смрт неговите најблиски и најсакани го испратија во вечното почивалиште. Неговата сопруга Билјана Машиќ била присутна на погребот. На погребот присуствувале Бранислав Зеремски, Горан Султановиќ, Вук Костиќ, Растко Јанковиќ, Бранко Коцкица, актерката Александра Николиќ. Драгослав ...
Српската пејачка Мина Костиќ и нејзиното момче Мане Чурувија Каспер се најактуелната љубовна двојка на српската естрада. Мислењата се поделени за нивната романса и во моментот се главна тема на социјалните мрежи. Бидејќи нивната врска е јавна, Каспер одлучил да ѝ предложи брак на Мина во емисија. Мина Костиќ беше шест месеци во онлајн-врска со Каспер, пред да се запознаат во живо. Каспер сега покажа дијамантски прстен во живо во емисијата ...