Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Актерка Силвија Стојановска на Фејсбук сподели фотографија на која таа е заедно со нејзиниот покоен сопруг, легендарниот актер Ненад Стојановски. На фотографијата, направена пред повеќе години, двајцата се насмеани и видно расположени на прослава. Без дополнителен опис, актерката избра токму оваа фотографија да ја постави како своја насловна, потсетувајќи на незаборавните заеднички мигови со човекот кој остави неизбришлива трага во ...
Неуморните раце на 88-годишната баба на пејачката Евгенија Здравевска, позната како Зарина Првасевда направиле рај од нејзиниот двор. Зарина сподели многу убаво видео на коешто се гледа колку е вредна нејзината баба Бока. Иако како што вели пејачата на видеото целото семејство ја тера да одмара и да ужива, таа не ги слуша и постојано нешто си чепка, си копка низ дворот. Посадила домат, ајварки, јаготки… Зарина ѝ вели зошто не си одмара, зошто ...
Пејачката Сенидa Хајдарпашиќ, попозната како Сенидa, искрено проговори за својот приватен живот, музичката кариера и периодите кои ја обликувале како личност. Таа вели дека отсекогаш сакала да ги спојува, на прв поглед, неспоивите работи – емоцијата, суровоста, гламурот, балканскиот дух и современиот звук. Според неа, токму тоа ја прави автентична и ѝ овозможува да остане верна на себе, без да се прилагодува на туѓите очекувања. Иако на ...
Фитнес инструкторката Ана Стојанова повторно ги насмеа своите следбеници, овојпат со кратко и духовито видео снимено за време на престојот во Грција. Таа заедно со фотографот и свој близок пријател Филип Пашоски отпатува на југот, каде што, покрај одморот, работеше и на создавање нови содржини за своите онлајн програми. Во видеото, Ана најпрво позира во плиткото море облечена во смарагднозелени танга бикини, а потоа следува реакцијата што, ...
По ослободителна пресуда донесена од Општинскиот кривичен суд во Загреб, Северина им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи, каде што за првпат реагираше на исходот од постапката против неа по обвиненијата за наметливо однесување кон Љиљана Клингер и Гордана Буљан Фландер од основното училиште Пејачката објави серија објави на Инстаграм, коментирајќи ја судската одлука, но и околностите што доведоа до целиот случај. „Правдата ...
Српската пејачка Марија Шерифовиќ го живее животот до максимум. Пејачката дефинитивно стигнала до фазата од животот кога може сè да прави како што сака, а како што можете да видите, тоа го комбинира многу добро. Концерти, па одмор, па концерти, па одмор, па најубавите моменти со синот Марио. Марија сега отишла на уште едно патување во друштво на својот син, но и на своите пријателки. Пејачката споделила моменти на уживање на плажа и во ...
Планинарката и алпинистка Илина Арсова повторно испиша ново поглавје во својата планинарска кариера, искачувајќи ги врвовите Јанапача (5.460 метри) и Чопикалки (6.354 метри) на Андите. По враќањето од експедицијата, таа на Фејсбук сподели емотивен осврт за искуството, кое го опиша како „вистинска храна за душа“. „Се обидувам да најдам зборови да опишам барем дел од овие нови незаборавни доживувања од Андите, кои ми се огромна инспирација ...
Хрватската глумица Ена Беговиќ, која пред 26 години го загуби животот во сообраќајна несреќа е родена на 8 јули 1960 година во Трпањ, на полуостровот Пељешац, како прва ќерка на Никола и Терезија Беговиќ. Важеше за една од најомилените загрепски актерки, а името го добила по својата баба Мандалена. Нејзиниот татко, кој починал во 1989 година, бил службеник и претседател на месниот одбор, додека мајка ѝ Терезија работела како продавачка во ...
Ана Ивановиќ не сакала да го пропушти овогодинешниот Вимблдон, а со своите следбеници го споделила и стајлингот посветен специјално на овој турнир. Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ многу често привлекува внимание кон себе со објавите на социјалните мрежи, а кога се појавува на некој од големите тениски турнири, секогаш ги воодушевува своите следбеници. Уште по разводот од поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер, Ана ...
Српската пејачка Гота Тржан денеска го слави роденденот, а малкумина знаат колку години има пејачката. Таа денеска го слави 52-от роденден, а првата честитка пристигна од нејзиниот поранешен сопруг Иван Маринковиќ, кој во моментот учествува во реалното шоу „Елита“. Гоца Тржан изгледа беспрекорно, и како што еднаш истакнала, морала да се откаже од некои работи. Пејачката постојано нагласува дека е голем гурман и дека сака да поминува време во ...
Водителката и поранешна пејачка Ана Севиќ во мај одбележа пет години брак со сопругот Даниел Недељковиќ, со кого се венча далеку од очите на јавноста. Двојката судбоносното „да“ го изговори во 2021 година на интимна церемонија, а веста за венчавката Ана ја сподели со јавноста дури еден месец подоцна. Во моментот кога стапиле во брак, тие веќе биле родители на ќерката Сена, па одлучиле истиот ден да го одбележат и нејзиното крштевање. ...
Познатиот рапер Марко Маринковиќ познат како Слаткар јавно проговори за тоа дека не му е чудно што е мета на критики, и оти е навикнат на „хејт“. „Јас сум навикнат да не сум им по ќеф, уште од почетоците на мојата кариера сум изложен на лоши коментари. Еве, се сеќавам кога го издадов првиот албум и концертот закажан за Охридско лето во 2009 сакаат да ми го откажат. Паметам се собираа потписи за тоа“, се присетува пејачот. Слаткар вели дека е ...
Само два дена откако ја предводеше свадбената церемонија на Тејлор Свифт и Тревис Келси, холивудскиот актер и комичар Адам Сендлер повторно се најде во центарот на вниманието. Овојпат поради необичен телефонски повик до локалната полиција на островот Нантакет. Сендлер не се јавил поради опасност или итен случај, туку затоа што сакал да дознае каде во близина може да одигра партија кошарка, пишува „Ју-ес-еј тудеј“. По прославата на Денот на ...
Речиси три децении по снимањето на спотот за песната „Иди док си млад“, фотографот и режисер Дејан Милиќевиќ откри интересен детаљ што со години останал незабележан. Милиќевиќ, кој соработувал со голем број музички ѕвезди од регионот, раскажа дека во спотот на Светлана Цеца Ражнатовиќ се провлекла грешка што речиси никој не ја забележал. „Во тој спот постои една грешка. Случајна е, но навистина не сум нормален… Дрвосечачот, наместо да ја фрли ...
Водителка Искра Канзурова остро реагираше на социјалните мрежи по објавувањето на понуда за организиран трофеен лов на дивокози во Македонија. Канзурова сподели фотографија од реклама во која се нудат ловни аранжмани во реоните на Маврово и Јасен, по цени од 2.500 до 3.500 евра, а во објавата го изрази својот револт кон ваквиот вид туризам и односот кон дивите животни. „Да се навратам на тоа колку си малер да се родиш овде. Еве колку во пари ...
Амра Џеко, манекенка и претприемачка, заедно со сопругот, фудбалерот Един Џеко, и нивните деца ужива на летен одмор во Дубровник. По неколкуте недели поминати во САД, каде што Амра беше најголемата поддршка на Един за време на Светското првенство, семејството одлучи да се одмори на југот на Хрватска. Амра на Инстаграм објави серија фотографии од нивниот престој – од вечерна прошетка низ улиците на Дубровник со Един, до моменти покрај морето и ...
Општинскиот кривичен суд во Загреб донесе првостепена пресуда со која пејачката Северина Вучковиќ е ослободена од обвинението за наметливо однесување кон Љиљана Клингер, директорка на основното училиште што го посетува нејзиниот син, како и кон Гордана Буљан Фландер, поранешна директорка на Поликлиниката за заштита на деца. Одлуката била донесена во петокот, а судот утврдил дека во текот на постапката не биле презентирани доволно докази кои ...
Хрватската ријалити-ѕвезда Лаура Пргомет, позната по учеството во шоуто „Господин Совршен“, доби притвор во траење до 30 дена по инцидентот што се случи во кафуле во дубровничката населба Лапад. Портпаролот на Жупанискиот суд во Дубровник, Перо Милоглав, за „Дубровачки дневник“ изјави дека судијата за претходна постапка го прифатил предлогот на Општинското државно обвинителство и ѝ одредил притвор поради сомнение дека сторила две кривични ...
Ксенија Николова сподели дека доживеала непријатна незгода во својот дом, откако поради дефект на вентил од бојлерот бил поплавен тоалетот, а штета била предизвикана и на вратата, ѕидовите и плафонот. Таа на социјалните мрежи објави фотографии од поплавениот простор и откри дека чекале водоводџија, а покрај тоа што ја опиша настанатата штета, сподели и дека од целата ситуација извлекла важна животна поука. „Цел тоалет поплавен, чекаме ...
Пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина заедно со синот Стефан и ќерката Емилија уживаат на море. Марина на Инстаграм сподели фотографии на кои се гледа како ги поминуваат деновите во опуштена атмосфера. Сопругата Марина му е најголемата поддршка на пејачот Даниел Кајмакоски, кој пред неколку месеци беше киднапиран на паркинг во Белград, откако двајца мажи му се заканиле со пиштол и го присилиле да влезе во нивниот автомобил. ...
Силна поддршка на тенисерката Лина Ѓорческа ѝ даде Калиопи во најважните моменти од нејзината кариера. Калиопи покажа дека знае да ги препознае и поддржи врвните успеси на македонските спортисти. Таа на својот инстаграм-профил сподели видео од најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, заедно со својата песна „Води ме“, испраќајќи ѝ симболична порака за поддршка. Во објавата, Калиопи ја означи Ѓорческа и стави срце, со што јавно ѝ ...
Едита Арадиновиќ ги брои последните денови до раѓањето на своето прво дете. Пејачката, која е во деветтиот месец од бременоста, на социјалните мрежи сподели нова фотографија на која гордо го покажува трудничкото стомаче. Фотографијата е направена во природа, каде што Едита позира во лежерно издание, со насмевка на лицето. Нејзината објава брзо доби бројни позитивни реакции, а следбениците ѝ упатија честитки и убави желби во пресрет на ...
Во чест на Владо Јаневски, фолк-пејачката Татјана Лазаревска имаше исклучително емотивен настап пред македонските иселеници во Австралија каде што долги години живее. Таа од сцената оддаде длабока почит кон неодамна починатиот кантавтот Владо Јаневски, повикувајќи ја публиката со громогласен аплауз да го поздрави неговото творештво кое остави неизбришлива трага во македонската забавна музика. „Неодамна нѐ напушти. Тоа е нашиот драг колега ...
Тамара Чуприна, сопругата на македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, наполни 30 години, а јубилејот го прослави во опуштена атмосфера со семејството и најблиските пријатели. Од фотографиите и видеата што ги објави на социјалните мрежи може да се види дека прославата била организирана во елегантен црно-бел стил. Просторот беше украсен со бели балони и црни панделки, а во истиот дух беше изработена и роденденската торта, украсена со црни ...
Популарната кошаркарка Едина Муса или една од најхрабрите и најмотивирачки жени од нашиот јавен живот, кога се работи за вежбање и „нема откажување“, вчера се огласи на својот инстаграм- профил. „Кој оди сам на операција со ранче“, напиша таа и објави фотографија на пат кон болница. Претходно спортиската објави видео на стори каде што образложи дека пред неа има нов здравствен предизвик и дека во моментот го прави последниот тренинг, пред ...
Пред неколку месеци Игор Џамбазов се присети на една необична случка со Владо Јаневски во Кочани. „Се јавува еден, го организира ’Мис на Кочани‘. Ми се јавува мене и ми вели: ’Сакаме ти и Владо Јаневски да бидете во жири. Ќе свири некој бенд‘. Доаѓаме и имаше две бараки, службени, и јас му велам: ’Да им земеме податоци на девојките, име и презиме, година на раѓање, висина, гради, омилен глумец, боја‘. Овој ме гледа, ми вика: ’Срцка, не се ...
Дарко Лазиќ тврди дека не ја познава Лаура Пргомет, на која по инцидентот во Дубровник ѝ бил одреден притвор од 30 дена. Пејачот се огласи преку својот тим за односи со јавноста, откако во медиумите се појавија информации за неговата наводна поврзаност со старлетата. Според пишувањата, откако Лазиќ го завршил настапот во Дубровник, двајцата наводно заминале во еден хотел. Како што пренесуваат извори на српскиот весник „Курир“ од Хрватска, ...
Ана Николиќ со години е присутна на музичката сцена, а својот пат во естрадниот свет го започнала уште како тинејџерка. Сепак, пеењето не било нејзината прва работа. Имено, во тинејџерските години Ана работела како келнерка, бидејќи нејзините родители не можеле да ѝ овозможат сè што посакувала. За тоа таа своевремено отворено зборувала во јавноста. „Кога почнав да излегувам, ми требаа пари. Но, родителите ми рекоа дека не можат да ми дадат, ...
Приватна приказна од нивниот дом откри дуото „Силви бенд“, брачната и музичка двојка Силвана Мучиќ – Плевпеш и Влатко Плевнеш. Во гостувањето во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, тие во опуштена атмосфера и со многу хумор зборуваа за својот приватен живот. Во едно од најинтересните прашања поврзани со нивните домашни недоразбирања, Влатко без двоумење призна дека тој е оној кој најчесто попушта: „Јас се извинувам. Ако чекаме од Силви, ...
Секое лето, по завршувањето на финалните емисии на популарните музички натпревари, а пред почетокот на снимањето на новите сезони, во естрадните кругови главна тема се членовите на жирито – дали сите ќе останат на своите места или некој ќе ја напушти менторската фотелја. Ниту оваа година не е поинаку, но сега, покрај „Ѕвездите на Гранд“, се зборува и за „Пинкови ѕвезди“, кои минатата година доживеаја голем успех и се вратија на сцената, ...