Пејачката и танчерка Слаѓа Делибашиќ ретко се појавува во јавноста и по разводот со Ѓоле Ѓогани живее далеку од медиумското внимание. Сепак, темата за нејзиниот поранешен брак и натаму ја следи, иако, како што вели, повеќе не сака да зборува за тоа. Во едно интервју таа призна дека ѝ е преку глава постојано да ја поврзуваат со семејството Ѓогани. „Без сопруг останав затоа што јас така сакав. Не жалам што го напуштив. Да жалев, немаше да го ...

Познатиот манекен и поранешен победник во реалното шоу „Преживеан“, Влада Вуксановиќ, се разведува од сопругата Дахијана, со која има две деца, пренесуваат српските медиуми. Иако важеа за складен пар, според пишувањата на магазинот „Хело!“, нивниот брак се соочил со сериозни проблеми. Дополнителни сомнежи дека врската е завршена предизвика и фактот што двајцата ги избришале сите заеднички фотографии од своите профили на социјалните мрежи. ...

Пејачката Наташа Беквалац поседува голем имот во селото Ченеј, недалеку од Нови Сад, кое во последниве години стана привлечна локација за приватни прослави, снимања и настани. Овој простран имот се простира на повеќе од 3.500 квадратни метри и вклучува прекрасна трикатна вила со базен, уреден двор, помошни објекти, како и дополнителни објекти што ја прават погодна и за престој и за организирање разни настани. Во центарот на имотот се наоѓа ...

Џејла Рамовиќ е позната во јавноста по својот специфичен стил на облекување, а сега покажа уште една комбинација која совршено балансира помеѓу романтичните класици и модерниот, смел дизајн. Младата пејачка носеше мини фустан изработен од луксузна чипка во нежна, пастелно сина нијанса. Ова парче првенствено се издвојува со своите нагласени, остри перничиња на рамената кои му даваат на фустанот моќна, структурирана силуета во висока мода. ...

Вељко Ражнатовиќ отпатува со сопругата Богдана и синовите на Кипар, каде што традиционално ги поминуваат летните месеци во семејната куќа во Аја Напа. Гордиот татко сподели на социјалните мрежи прекрасна семејна фотографија направена за време на вечерен излет во локален забавен парк. На фотографијата, брачната двојка позира насмеана додека ги држат во раце своите помлади синови Крстан и Исаија, а најстариот Жељко беше во центарот на ...

Тања Кочовска и нејзиниот сопруг Предраг Павловски споделија фотографија на Фејсбук покажаа дека семејството им е секогаш на прво место. Тие деновиве уживаат во патување надвор од земјава. На социјалните мрежи Тања сподели прекрасна семејна фотографија, на која позираат со нивните две деца Александар (од првиот брак на актерката) и нивната заедничка ќерка Нела. На фотографија им искоментира легендарниот актер Благој Чоревски – Чоре, кој под ...

Нашиот композитор и пијанист, легендарниот Никола Мицевски постигна огромен меѓународен успех. Стана првиот Македонец кој стигнал во финалето на глобалните музички награди Интерконтинентал мјузик авордс (InterContinental Music Awards- ICMA) во Лос Анџелес. Тој се пласираше во финалето со неговата фантастична инструментална композиција „TIME“ од албумот ,,Нова ера” (New era). ,,Навистина сум среќен што мојата композиција влезе во конкуренција ...

Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно отпатува во Шпанија за да помине време со својата ќерка Анастасија Ражнатовиќ, која таму живее со години со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудеља. Фолк-ѕвездата не крие колку ужива во секоја средба со наследничката, па овој пат сподели делови од нивната заедничка атмосфера со своите следбеници на Инстаграм. Пејачката се оглси од луксузен ресторан, каде што била на ручек со Анастасија. На видеото, Цеца не ја ...

Здравко Чолиќ отсекогаш се обидувал да го држи својот приватен живот подалеку од медиумите, но неговите ќерки привлекуваат големо внимание од јавноста уште од кога пораснале. Уна Чолиќ е активна на социјалните мрежи со години, каде што споделува моменти од својот приватен живот. Таа сега покажа дека ужива во летните денови, а на Инстаграм сподели серија фотографии во костим за капење. Овој пат се одлучи за едноделен модел со изразено ...

Хрватската пејачка Северина сподели фотографија од Прованса на својот Инстаграм, а покрај бајковитата глетка, вниманието го привлече и нејзиниот летен аутфит. Пејачката позираше со поглед на Гордес, едно од најубавите села во Прованса, облечена од глава до пети во бело, модна комбинација која изгледа како да е создадена за топли денови, патувања и фотографии кои веднаш мирисаат на одмор. Како што пишува „Индекс“ станува збор за комплетот ...

Една од најпознатите фолк пејачки на нашата естрада, атрактивната Сузана Гавазова, покрај тоа што е постојано на сцената, наоѓа начин да го изненади семејството со вкусен ручек. Гавазова на својот профил на Инстаграм на стори прикажа како подготвува летна манџа и пилешко, но она што ни остави силен впечаток се зачините. Таа стави природен зачин, свеж рузмарин, кој го скина од скасиите. Прекрасно е кога дома имаш бавча со органски прозиводи. ...

Пејачот Марко Маринковиќ познат како Слаткаристика, во интервју за „Слободен печат“ открива дека планира да почне да произведува слатки. „Ми рекоа дека јас сум најпознатиот слаткар во Европа, луѓе мои тоа е шокантна вест со оглед на тоа што јас во суштина и не сум слаткар. Криво ми е што досега не сум си направил свој бренд за слатки, но не е доцна“, вели тој во интервјуто. Во ова гостување тој зборува и за сите сопки коишто ги имал уште од ...

Една од најпопуларнните инфлуенсерки кај нас, поранешната водителка и гласноговорник, Миа Костова деновиве живее еден од своите сонови. Таа во една од своите последни објави на Инстаграм сподели прекрасни фотографии од својот одмор , каде што ја открива и исполнетата желба. И додека се разладува во Јонското море и ужива во песочните плажи на Парга и оттаму, во нејзин стил, за своите следбеници продолжува да споделува совети и инспиративни ...

Синот на Весна и Ѓоле Ѓогани, Адријано Ѓогани, денес го прославува својот 20. роденден. По тој повод, семејството го одбележа празникот со наздравување со шампањ. За специјалната пригода, Адријано избра елегантен стил. Тој носеше бела кошула во комбинација со темносини панталони, а фотографиите од прославата покажуваат дека роденденот бил одбележан во опуштена семејна атмосфера. Интересно е што само еден ден претходно, неговиот татко Ѓоле ...

Пејачката Мина Костиќ и нејзиниот вереник Мане Ќурувија, познат како Каспер, по напуштањето на болницата заминаа на одмор, далеку од очите на јавноста. По тежок период, двајцата одлучиле да се посветат на одмор и мир. По излегувањето од Психијатриската болница „Д-р Лаза Лазаревиќ“, каде што престојуваше 23 дена, Мина, според медиумските информации, извесно време не го напуштала својот дом. Потоа, заедно со вереникот отпатувала на море. Каспер ...

Лука Радовиќ, партнерот на Тамара Тодевска, се соочи со вистински предизвик на невремето кое го зафати Скопје вчера, а поголемиот дел од улиците беа поплавени. Додека познатите сестри, пејачките Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ ги користат летните денови за опуштање на грчкото крајбрежје, Лука им испрати интересна порака. Пејачките споделија прекрасни моменти од нивното патување во Сивири. На фотографиите може да се види како тие уживаат во ...

Маја Шупут повторно привлече внимание со својот сценски изглед. По настапот во спотот за песната „Недоволно убав“, пејачката истиот впечатлив моден избор го претстави и на настап во Сплит. На летната забава на „Стори“, погледите ги привлекуваше необичниот метален сребрен горен дел со висока јака, кој потсетува на футуристички оклоп, во комбинација со тесни панталони украсени со препознатливите ознаки на модната куќа Баленсијага. Целиот изглед ...

Пејачот Дарко Илиевски, кој веќе неколку години живее и работи со своето семејство на Флорида, САД, ги разнежни и растажи своите следбеници на социјалните мрежи. На својот инстаграм- профил тој сподели црно-бела фотографија на која е во прегратка со својот покоен татко. „Среќен роденден тато! Ми недостигаш!“ напиша Дарко до сликата. Илиевски, кој своевремено беше една од најголемите млади музички ѕвезди во Македонија и остави зад себе хитови ...

Најпопуларниот водител во поранешната Југославија, Оливер Млакар, вчера го прослави 91-от роденден. Богата кариера Зад себе има 55-годишна кариера и сè уште повремено работи на одредени проекти, но на телевизија не би сакал да се врати, дури и да му понудат добар проект и хонорар, бидејќи верува дека дал свој придонес во телевизијата. Оливер Млакар беше голема ѕвезда во Југославија. Веќе во седумдесеттите години, како ТВ-водител, беше ...

Марко Маринковиќ-Слаткаристика откри дека имал недовршена работа со Владо Јаневски кој денес беше испратен во вечноста. Слаткар се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи, простувајќи се од легендарниот кантавтор. Тој откри досега непознат детаљ, дека со години во фиока чува нивна заедничка песна која поради желбата за совршенство останала незавршена. „Денес, кога го испративме Владо, сфатив колку работи останале недовршени. Со години ...

Писателката Оливера Балашевиќ неодамна објави нова книга, а сега покажа и како изгледа нејзиниот дом. Во куќата сè зрачи топлина, а пред неа се наоѓа чешма. Вдовицата на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ објави видео на својот инстаграм-профил и покажа како го поминува денот. View this post on Instagram A post shared by Olivera Balašević (@olivera.balasevic) Таа дошла со велосипед до куќата, а потоа отишла до чешмата во дворот. Оливера ...

Српската пејачката Сара Јовановиќ и младиот актер Алексеј Бјелогрлиќ од неодамна се во емотивна врска која привлекува големо внимание кај јавноста, а двојката во моментот максимално го користи времето за да избега од градскиот метеж и да ужива на море. Сара Јо сега објави видео од одморот и го покажа згодното тело во бикини. Атрактивната пејачка повторно успеа да ги привлече сите погледи и да предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи ...

Хрватската музичка икона Тања Кемерон, која ни е позната како Тајчи, вчера го прослави својот 56. роденден. По тој повод, пејачката на социјалните мрежи се присети на своите почетоци и објави трогателна црно-бела фотографија од детството, која совршено ја доловува нејзината рана љубов кон музиката. На фотографијата, малата Тајчи, со плетенки и во симпатичен џемпер, самоуверено држи микрофон и пее во придружба на семејниот бенд. Нејзиниот ...

Пејачката Кристина Арнаудова е револтирана од начинот на кој општеството се однесува кон своите уметници и великани и дека почнува да ги почитува дури откако тие ќе заминат. На Инстаграм сподели искрен статус. „Ужасно е. Ужасно е дека човек треба да умре за да почнат да го почитуваат, да го цитираат, да го пуштаат на радио, да зборуваат колку бил голем и значаен! Ужасно е што оваа земја не оддаде почит на ниту еден голем човек додека беше ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши својот настап на Светското првенство, откако во шеснаесетинафиналето беше поразена од Соединетите Американски Држави со 2:0. По завршувањето на натпреварот следуваа бројни реакции, а поддршка за репрезентативците јавно изрази и Амра Џеко, сопругата на капитенот Един Џеко. Таа на својот инстаграм-профил сподели емотивен текст на инфлуенсерот Ади Бебаниќ, кој за кратко време предизвика ...

Љубовниот триаголник за кој со денови се зборува низ регионот доби нов пресврт, откако на социјалните мрежи се појави, а потоа брзо беше избришана снимка на која Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ разменуваат бакнеж на јахта. Иако видеото беше отстрането за кратко време, тоа веќе се прошири на различни платформи, а реакциите не стивнуваат. Голем дел од коментарите на социјалните мрежи се во поддршка на Бојан Цвјетиќанин, фронтменот на ...

Неколку дена по смртта на Владо Јаневски, неговиот внук Дејан Стојановиќ јавно проговори за приватниот живот на музичарот, споделувајќи спомени и детали за човекот кој, како што вели, семејството го познавало поинаку од јавноста. Во разговор за подкастот „Претрес“ со Кристијан Ландов, Стојановиќ раскажува дека иако семејството било запознаено со неговата здравствена состојба, сè се случило многу побрзо отколку што очекувале. „Сè се случи ...

Милица Павловиќ доби бројни модринки на телото за време на снимањето на видеата за песните од новиот албум, кој го освои регионот за помалку од една недела. Сепак, тоа не ја спречи да се откаже и да престане со снимањето. Дваесет дена напорна работа, часови снимање, постојано повторување на сцени, напорна кореографија и работа до раните утрински часови се кријат зад секој снимен материјал. Секој кадар мораше да се доведе до совршенство, а ...

Снимката од случајот на врсничко насилство во скопската населба Аеродром, на која се гледа како тинејџерка физички напаѓа друга девојка додека присутните снимаат и ја охрабруваат да продолжи, предизвика бројни реакции во јавноста. Меѓу оние што јавно го осудија настанот е и водителката Лила Филиповска, која преку објава на социјалните мрежи изрази револт поради насилството, но и поради однесувањето на оние што наместо да ѝ помогнат на ...

Пејачката Ана Николиќ повторно успеа да ги „запали“ социјалните мрежи и да остави многумина во неверување. Иако е познато дека е во турбулентна емотивна врска со композиторот Горан Ратковиќ Рале, пејачката реши малку да ги зачини работите и да го направи својот партнер љубоморен. Ана објави серија жешки фотографии на својот инстаграм-профил на кои е во страснен занес со впечатлив, црнокос маж полн со тетоважи, кој ја бакнува и ги држи ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07