
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Внукот од брат на Али Ахмети, лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети (26) во интервју за за КОД на Телма, вели дека за неколку недели целосно ќе завршела купопродажбата на трговскиот центар Соравиа во Скопје, која 18 месеци е предмет на истрага на Основното јавно обвинителство.. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, кој се повлекува од „Тор индустрис“, која има удел во „Соравија“ Тој тврди дека се е чисто во купопраджбата, иако ...
Рано утрово, во 03:15 часот, на улицата „Разловечко востание“ во Скопје, опожарен беше продажен објект – бутик во сопственост на И.М. (54) од Скопје, сместен на приземјето на станбена зграда. Во инцидентот, за среќа, нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета. Пожарот ја зафатил фасадата на зградата, делумно оштетил стан над бутикот во сопственост на М.Т. (36) од Скопје, надворешна единица на клима уред и прозорци на стан ...
Почина 17-годишното момче од Волково кое доживеа струен удар, качен на цистерна-вагон во Кисела Вода. Пациентот беше примен преку Ургентниот центар, во четвртокот попладне, а третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата на интензивна нега, а во комуникација со реномирани странски центри од соодветната област, земајќи ги во предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително ...
На 18 и 19.01.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена 14-члена организирана криминална група составена од лица од Скопје. „Криминалната ...
Денеска православните христијани го прославуваат големиот празник Богојавление – Водици, денот кога го славиме Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан. Денеска се осветуваат земјата и водите, а во езерата и реките се фрлаа крстови. Најзначајните манифестации се одржаа на водите на Охридско езеро, реките Вардар, Радика, Црн Дрим. Во Охрид, чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро го положи поглаварот на МПЦ, Архиепископот ...
Битолчанец на возраст од 72 години на 15. јануари со хебла и пиштол се обидел да ограби канцеларија за брзи кредити во Битола, информираа од Основното јавно обвинителство. Осомничениот влегол маскиран во канцеларијата на улицата “Прилепска” и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. -Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа ...
Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на службени простории и лице, завчера единиците на МВР приведоа полициски ...
По Промедика, Скопски пазар АД Скопје и М.Г. Фешн, уште еден акционер со над 5% во Македонијатурист АД Скопје, Чезакомерц ДОО Скопје, кој поседува 6,23% од акциите на угостителското друштво, предложи свои кандидати за нов состав на Надзорниот одбор (НО) на Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Загревање за нова „битка“ во Македонијатурист преку избор на нов Надзорен одбор Од таму ги предлагаат Олга Павлова, Наумче Стојчевски, Гордана Тодорова и Горан ...
СВР Скопје информира дека денеска по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром. Во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев“ до ...
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска па во наредните неколку дена ќе присуствува во САД. Премиерот коj ќе биде придружуван од министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски претседател ...
Измамниците со лажни телефонски повици за сообраќајни несреќи, „олеснија“ 76-годишна жена за 130.000 денари. „На 17.01.2025 година во 18.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(76) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 14.00 часот примила телефонски повик од едно женско лице и едно машко лице, коишто и кажале дека нејзината ќерќа предизивикала сообраќајна несреќа – прегазила дете, и за да не оди во затвор, требала да им даде пари на истите. ...
По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, уапсен е Раде Трајковски-Штекли. Неофицијално, тој бил уапсен во близина на хотел во околината на Гевгелија при обид за бегство. Непотврдено, се апсат и лица соработници на Штекли, кои се поврзани со продажба на наркотични средства. Штекли во последната година имаше три обиди за ликвидација. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Раде Трајковски Штекли, кој преживеа трет обид за ...
Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината на Македонскиот народен театар, на 25 јануари со почеток во 20 часот ќе се одигра премиерната изведба на претставата „Народен пратеник“ од авторот Бранислав Нушиќ, а во адаптација и режија на Егон Савин. Култното режисерско име Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период. Ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Во ...
Во декември 2024 година, пазарот на криптовалути првично се искачи на рекордни 3,91 милијарди американски долари. Ова беше поттикнато од регулаторниот оптимизам, институционалното усвојување и новото историски највисоко ниво на Биткоин од 108 илјади американски долари, што беше предизвикано од вклучувањето на MicroStrategy во Nasdaq 100, како и од континуираните аквизиции на БТК. Релито попушти кон крајот на декември кога Федералните резерви ги ...
Македонската ракометна репрезентација синоќа изгуби од Холандија на Светското првенство во ракомет во Вараждин, Хрватска, со резултат 37-32 (18-15). Претходно нашата репрезентација на првиот натпревар на првенството одигра нерешено со Унгарија. Следниот, последен, натпревар, го играме со Гвинеја утре. Македонија има само еден бод, а е во групата со Холандија, Унгарија и Гвинеја. За да продолжи понатаму е потребна победа над Гвинеја. ПОВРЗАНИ ...
По Промедика и М.Г. Фешен и најголемиот акционер во Македонијатурист АД Скопје, Скопски пазар АД Скопје, кој поседува 19,76% од акциите на угостителското друштво, предложи кандидат за член на Надзорниот одбор (НО) на Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Загревање за нова „битка“ во Македонијатурист преку избор на нов Надзорен одбор Од таму го предлагаат единствено Марјан Ѓорчев за независен член, кој е дипломиран економист. Станува збор за ...
На 14 јануари исчезна велешанката Василка Трајкова (71) била облечена во темно сива јакна, сини пантолони и црни чизми. „На 15.01.2025 во 09.00 часот во СВР Велес, Д.Т.(77) од Велес пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.Т.(71), лице со здравствени проблеми“, соопштија од СВР Велес, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на жената. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии со апел за помош од јавноста. ...
Родителски надзор врз семејството во кое починаа двете новороденчиња во Прилепско, одреди Центарот за социјални работи по извршениот увид во домот. „Врз основа на увидот констатирано е дека во семејството има уште три малолетни деца, условите каде што живее семејството не се екстремно лоши и нехумани, како што се прикажува во јавноста, туку напротив, родителите имаат обезбедено, греење во домот, храна и облека за децата, единствено што ...
Денеска беше пуштена во употреба железничката пруга од Куманово до Бељаковце, источната делница на Коридорот 8, која е првата фаза од железницата кон Бугарија. Истата е со должина од 30,8 километри, се градеше 28 години и чини над 78 милиони евра. На неа се изградени три нови железнички станици – Ново Куманово, реконструирана е постоечката железничка станица Куманово, има шест стојалишта, пет мостови, еден тунел, пропусти со различен дијаметар, ...
Момчето на 17-годишна возраст од скопско Волково, кое вчера доживеа струен удар откако се качил на цистерна-вагон, која потоа се запалила, има изгореници и е во критична состојба. Како што велат од Ургентниот центар за државната агенција МИА, лекарите вложуваат напори за спасување на неговиот живот. Тоа е хоспитализирано на интензивна нега. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ 17-годишно момче доживеало струен удар откако се качило на цистерна-вагон, по што таа се ...
Со почетокот на новата година, сите ние добиваме шанса да започнеме нешто ново. Ова е време кога размислуваме за нашите цели, соништа и желби, но и за тоа како можеме да ги прифатиме нашите уникатности. Новата кампања на dm доаѓа во вистинско време. Самиот почеток на 2025 година dm го одбележува со нова тема на комуникација: Прифаќање на различноста и славење на автентичноста и индивидуалноста на секоја личност. Едноставно кажано – да го ...
Новороденчињата близначиња од прилепското село Славеј, починале поради премрзнување, велат од болницата во Прилеп. „На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во 34. гестациска недела. Првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1.970 грама, а второто, женско, со тежина од 1.780 грама. На 10.01.2025 година, по барање ...
На пазарот со поштенски услуги владее страшна нелојална конкуренција, а иако се едни од најбрзорастечките бизнис-сектори како последица на развојот на е-трговијата, логистиката и доставата изминативе години не добиваат никаква поддршка од државата, изјави за „Блумберг Адриа“ Игор Гешовски, сопственик на најголемата компанија за поштенски услуги Еко логистик сервис (ЕЛС). Изјавата следува по објавата на најновиот извештај за е-трговија во Западен ...
Две новороденчиња близначиња, машко и женско починале вчера во прилепското село Славеј. Јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. „Екипата на Итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за ...
По завршувањето на истражната постапка која ја водеше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која учествуваа полициски службеници од Истражниот центар на ОЈОГОКК и од Одделот за организиран и сериозен криминал на МВР на Македонија, јавниот обвинител од ова обвинителство до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против 10 лица и едно правно лице. Седуммина обвинети како членови на злосторничко ...
Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, Нирвана. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн. Се смета за меѓу најдобрите Nirvana трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија. Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт ...
На први февруари во Скопје, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ќе ја одржи првата седница на своето Собрание во 2025 година, на која делегатите ќе имаат можност да разгледаат и усвојат неколку предлог-одлуки кои треба да овозможат реализација на амбициозната годишна програма за работа на Институтот, усвоена на претходната седница на Собранието. Постапувајќи согласно препораките на делегатите, во период помеѓу двете ...
На 78-годишна возраст вчера почина култниот режисер Дејвид Линч. Линч имаше проблеми со здравјето, откако пред неколку години во 2020 година му беше дијагностициран белодробен емфизем, поради хронично пушење цигари, навика што ја стекнал на само 8-годишна возраст. Ги остави цигарите во 2022 година, но тоа не му помогна. Ќе го паметиме по култната серија, една од најдобрите на сите времиња, Твин Пикс, филмовите Mulholand Drive, The Elephant Man, ...
На вонредното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје на 17. февруари се очекува вистинска „битка“ за нов состав на Надзорниот одбор (НО) на угостителското друштво. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ќе остане ли Доне Таневски претседател на НО на Македонијатурист, Скопски пазар предложи негово разрешување Предлогот за вонредно собрание за избор на ново раководство на НО го даде најголемиот акционер, Скопски пазар АД Скопје, кој засега нема свои ...
Агенцијата за управување со одземен имот ги проценила конфискуваните парцели на Водно на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, бегалецот Никола Груевски, кој стана политички азилант во Унгарија, на 5,8 милиони евра, објави Фокус. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колку вреди одземениот имот на Груевски Станува збор за имот кој е конфискуван за случајот “Плацеви на Водно”, а се работи за поголема парцела од 11.000 метри квадрати (поделена на три дела) и еден ...