Општество АНГОВ БАРА ДА СЕ ПУШТИ ХИДРОСИСТЕМОТ „ЃАВАТО“ ЗА ПОЛНЕЊЕ НА ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО 25.10.2024 Одговорноста за нефункционирањето на Хидросистемот за полнење на Дојранското Езеро е во Министерството за животна средина, а не во Општина Дојран. Министерството за животна средина е надлежно и одговорно за управување, финансирање и функционирање на овој хидросистем, објави денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, по ...

Општество МАКЕДОНСКИТЕ И БУГАРСКИТЕ ИСТОРИЧАРИ РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ОХРИДСКАТА АРХИЕПИСКОПИЈА ВО 11 ВЕК 25.10.2024 Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања денеска во Скопје ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата. Ангел Димитров, бугарски историчар и дипломат, по претпладневниот дел од средбата во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија изјави дека се разговарало околу претставувањето ...

Lifestyle ВЕНЕЦИЈА ЈА ЗАСИЛУВА „ОДБРАНАТА“ ОД ЕДНОДНЕВНИ ТУРИСТИ 25.10.2024 Венеција од наредната година ќе го зголеми бројот на денови кога туристите кои се на еднодневен излет во градот ќе платат такса за влез, бидејќи пробниот период за наплата во 2024 година се покажа како успешен, изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро. Во одредени денови во периодот од април до јуни туристите плаќаат по пет евра. Туристите кои доаѓаат во градот во петок, за ...

Бизнис Анкета за инвестиции на ЕИБ за 2024 година: повеќе од 60 % од европските компании инвестирале во ублажување и адаптација на климата, а повеќе од 70 % во нивната дигитална трансформација 25.10.2024г. Компаниите во Европската Унија релативно добро ги издржаа здравствените, ценовните и трговските шокови во последните четири години и ги зголемија своите амбиции за зелена и дигитална трансформација, според анкетата на Европската инвестициска ...

Финансии / Банкарство МАЛ РАСТ НА КРЕДИТИРАЊЕТО НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО ЕВРОЗОНАТА 25.10.2024 Кредитирањето на компаниите и граѓаните во еврозоната забележа благо зголемување во септември за 1,1 отсто во споредба со истиот месец лани, покажале прелиминарните податоци на Европската централна банка (ЕЦБ). Стапката на раст на кредитирањето е највисока од минатиот јули. Кредитирањето на домаќинствата во септември е зголемено за 0,7 отсто. На почетокот ...

Економија Харис или Трамп: Кој ќе биде подобар за светската економија? Економија и бизнис | печатено издание | 01 октомври 2024г. САД се дом на само 5 отсто од светското население и придонесуваат со само 15 проценти од глобалната додадена вредност. Но, нивната улога во обликувањето на светската економија е неспоредлива со ниедна друга земја. Затоа е многу важно каква економска политика ќе спроведува идниот станар на Белата куќа. Така е тоа ...

Бизнис РАСТОТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЌЕ ЗАВИСИ ОД ПРЕДЛОГ БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА 25.10.2024 Кога ќе биде вратен Буџетот од првичната собраниска расправа со забелешките и предлозите по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе бидат разгледани ставките за раст на платите оваа и идната година, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. Според министерот за економија Бесар Дурмиши, ...

Економија ССМ НЕ ОЧЕКУВА МНОГУ ОД ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ 25.10.2024 Трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка. ССМ не очекува многу и од Законот за нефер ...

Економија Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година 25.10.2024 Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија. Како што информираше министерот Николоски, четири нови авионски линии се однесуваат на скопскиот аеродром, каде два ...

Економија Избран нов Управен одбор во М-НАВ 25.10.2024 Надзорниот Одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД Скопје на 17-ти овој месец за членови на Управен Одбор ги избра Владимир Ристески, Климент Чепуњоски и Буран Алити, информираат денеска од М-НАВ. На истата седница Надзорниот одбор со Одлука го назначил Владимир Ристески за претседател на Управен одбор ...

Општество Второ издание на кампањата „Создадено од нас“ („Made of Us“) 25.10.2024 Програмата „WeBalkans“ (webalkans.eu) започнува со второто издание на кампањата „Создадено од нас“ („Made of Us“), која ќе се одвива 23.-31. октомври 2024 година. Во рамките на оваа динамична иницијатива, 12 инфлуенсери од ЕУ и Западен Балкан ќе тргнат на возбудливо патување низ шест земји-членки на ЕУ. По претходното издание, кое го одбележа патување низ Западен ...

Финансии / Банкарство Што значи „дома“? Во нова креативна кампања, Халкбанк ги отвора вратите на македонските домови 25.10.2024 Халкбанк, банката што посветено известува за своите услуги на исклучително креативни начини, повторно најде нов агол преку кој зборува за уште еден продукт со најдобри услови на македонскиот пазар – станбениот кредит со животно осигурување. Што го прави твој дом станот во кој живееш? Од каде се почнува со тоа, како се ...

Бизнис ВО ЕУ НАЈЧЕСТО СЕ ФАЛСИФИКУВААТ ВИДЕОИГРИ, ИГРАЧКИ, ЦИГАРИ... 25.10.2024 Во 2022 година во Европската Унија се запленети 86 милиони фалсификувани производи чија вредност надминува две милијиради евра, покажува извештајот на Управата на Европската Унија за интелектуална сопственост (ЕУИПО) и на Европол. Во 2023 година биле уапсени 1096 криминалци и бил запленет имот во вредност од 205 милиони евра или за 400 отсто повеќе во споредба со ...

Економија ХРВАТСКАТА ВЛАДА ЌЕ ГО НАДОМЕСТИ ТРОШОКОТ НА ФИРМИТЕ ЗА РАСТ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА 25.10.2024 Владата на Хрватска одлучи да се зголеми износот на минималната бруто плата за следната година за 130 евра и таа ќе изнесува вкупно 970 евра. Зголемување ќе има на вредноста на работниот час за студентите на 6,06 евра, а најавени се компензациски мерки за работодавачите за зголемената минимална плата заради одржување на нивната економска ...

Бизнис Свештеници од Грција под истрага за перење пари-„инвестирале“ во ноќни клубови 25.10.2024 Двајца свештеници од грчката Католичка црква и петмина сопственици на ноќни клубови на Пелопонез се под истрага за проневера и перење пари, по случајот откриен од Управата за спречување на перење пари, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, истрагата започнала кога по рутинска и случајна ревизија било откриено дека од касата на ...

Вести ЗА ВИКЕНДОТ СО СТУДЕНИ УТРА И ТЕМПЕРАТУРА ПОД НУЛА 25.10.2024 Времето утрово ќе биде свежо, по одделни котлини и речни долини со услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност поголема во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје утрото студено, во делови од ...

Економија ОД 2026 ГОДИНА СТРУЈАТА ВО БИХ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОСКАПИ ПОРАДИ ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ 24.10.2024 Струјата во Босна и Херцеговина во 2026 година може да поскапе значително поради примената на механизмот на Европската Унија за плаќање на прегугранична давачка на извоз на јаглерод кој настанува со согорување на јагленот во термоелектраните, предупредуваат енергетичарите од БиХ Европската Унија за земјите кои не се членки и кои извезуваат ...

Општество ИСТОРИЧАРИТЕ СЕ ЗАПОЗНАА И РАЗГОВАРАЛЕ ЗА ОПШТИ И ПРОТОКОЛАРНИ РАБОТИ, заврши средбата на Мешовитата историска комисија 24.10.2024 Заврши средбата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Денешната средба во Скопје е прва на новиот состав на македонскиот тим со нивните колеги од бугарска страна. Копретседавачат на бугарскиот тим Ангел Димитров по средбата, рече дека таа „повеќе била за ...

Бизнис ВО АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ ЗАПЛЕНЕТА ХРАНА СО ПОМИНАТ РОК НА УПОТРЕБА 24.10.2024 Во акцијата на Европол во повеќе европски земји се запленети околу 22.000 тони храна и 850.000 литри пијалок, поголемиот дел се алкохолни пијалоци со фалсификувани етикети. Во операцијата „OPSON XIII“, која е спроведена од Европол и неколку европски агенции се одземени производи во вредност над 91 милион евра. Годинава се откриени 11 криминални мрежи и биле ...

Економија БРЗ РАСТ НА ПРИКЛУЧЕНИ БАТЕРИИ ВО ЕЛЕКТРИЧНАТА МРЕЖА ВО САД 24.10.2024 Во САД забрзано се поставуваат огромни батерии кои можат да помогнат во спречување на недостигот на струја. Според федералната Управа за енергетски информации, во електричната мрежа се инсталирани батерии со капацитет од над 20 гигавати. Само во првите седум месеци годинава се инсталирани батерии со капацитетт од пет гигавати. Ова е доволно за складирање на ...

Вести Сиљановска Давкова - Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги 24.10.2024 Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaрила средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, на која биле разменети мислења и информации за евроинтеграцискиот процес на земјава и перспективите за напредок, имплементацијата на реформите и придобивките ...

Економија ЕВРОЗОНАТА СО ПОВТОРНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ 24.10.2024 Економската активност во еврозоната е намалена во октомври. Индексот на менаџерските набавки (PMI) се зголеми од септемвриските 49,6 бодови на 49,7 бодови. Ова е втор месец пор ред на намалување на производните активности под 50 бода. Истражувањето спроведено од СиП Глобал и Хамбуршката комерцијална банка, покажало дека Германија и Франција се двете најголеми ...

Општество „Макпетрол“ утре организира работилница против врсничко насилство за родителите од Аеродром 24.10.2024г. Едукативните средби, преку кои родителите имаат можност подобро да се запознаат со булингот, продолжуваат в петок во Општина Аеродром. Во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, на 25 октомври со почеток во 18 часот ќе се одржи работилница во основното училиште „Љубен Лапе“. ...

Финансии / Банкарство На котација државни обврзници во вредност од 4.536.450.000 денари 24.10.2024 Македонска берза објави дека согласно поднесени барања од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од денеска на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници во вкупна вредност од 4.536.450.000 денари (73,5 милиони евра). Според објавата од Берзата, со ...

Вести МИЦКОСКИ: ПОТРЕБНА Е СИНЕРГИЈА НА НАПОРИТЕ ЗА ДА СТАНЕМЕ ДЕЛ ОД ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО 24.10.2024 Потребна е синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на ...

Вести Фон Дер Лајен: Проширувањето e врвен приоритет на ЕK 24.10.2024 Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме ...

Бизнис СЛЕДНОТО ЛЕТО АМЕРИКАНЦИТЕ ПОВЕЌЕ ЌЕ ПАТУВААТ ВО ЕВРОПА 24.10.2024 Бројот на Американците кои користеле авионски превоз за патување во Европа годинава е зголемен за девет отсто или за 16 отсто повеќе од периодот пред 2019 година. Зголемениот број на патници за европскиот континент ги зголемија профитите на големита американски компании во последните две години. Претходно, Американците повеќе патуваа во Париз, Рим и Мадрид, а сега бараат ...

Економија ММФ: ЛАНИ ЦРНА ГОРА СО РАСТ ОД 6 ОТСТО, ГОДИНАВА СО 3,7 ОТСТО 24.10.2024 Меѓународниот монетарен фонд во новите прогнози за годинава предвидува раст на економијта на Црна Гора од 3,7 отсто. Во објавените октомвриски прогнози за следната година е планиран раст од 3,7 отсто, што е за 0,7 процентен поен повеќе во однос на пролетната прогноза. Црногорската економија според процените на ММФ минатата година пораснала за шест отсто. Според ...

Бизнис Уште една успешна година: dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24 24.10.2024г. Компанијата dm drogerie markt постигна извонредни деловни резултати во деловната 2023/24 година. Со остварен промет од 3,07 милијарди денари, односно раст од 25,15 отсто, инвестиции во износ од речиси 126 милиони денари во својата продажна мрежа, како и раст на фреквенцијата на пазарување од окoлу 16 отсто, најголемиот ...

Бизнис КОЕ МЕСО НАЈМНОГУ ЈАДАТ СРБИТЕ? 24.10.2024 Во Србија на годишно ниво на жител се трошат околу 40 килограми од сите видови месо. Секој граѓаните на Србија годишно троши 18 килограми пилешко месо, а само четири килограми јунешко. - Најмногу се троши пилешкото месо, а потрошувачката н свинско месо е околу 16 килограми. Потрошувачката на месо од овца и од коза е околу три до четири килограми, изјави Ненад Будимировиќ, секретар на Здружението ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
74%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
80%
1029
weather icon

Загреб

4ᴼ / -1ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
1.54
93%
1030
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.61
59%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.45
57%
1027
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
75%
1027
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1028
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
64%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / -1ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
3.09
87%
1029
Currency

61.525

Currency

57.5963

Currency

73.714

Currency

36.0626

Currency

39.9496

Currency

64.3523

Currency

7.87322

Currency

0.63788

Currency

0.38473

Currency

0.52513

Currency

1.56944

Currency

0.65718

Алуминиум

2.66

Кобалт

30.86

Никел

15663.50

Рутениум

16332.58

Калај

31.96

Сребро

1048.96

Злато

93822.31

Бакар

9.66

Паладиум

29803.74

Платина

31168.62

Родиум

160753.73

Цинк

2.83