Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Златко Далиќ конечно донесе одлука за својата иднина. Како што дознава „24сата“, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. И покрај интересот од Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ кон крајот на овој месец (или почетокот на следниот) ќе отпатува за Дубаи за да потпише повеќегодишен договор со ОАЕ. Финансиите исто така играат важна улога во одлуката за преселба во Емиратите, а Далиќ би можел ...
Куманово успеа да обезбеди уште еден значаен потпис за наредната сезона откако куп-финалистот ги договори условите за ангажман со Бојан Крстевски. Искусниот центар неколку сезони наназад освои се што можеше да освои со МЗТ Скопје, но летово ги напушти редовите на шампионот откако од управата само со емаил порака му беше порачано дека „металците“ повеќе нема да сметаат на неговите услуги. Крстевски имаше неколку интересни понуди на маса, во ...
УЕФА фрли нова отровна стрела врз Џани Инфантино потврдувајќи дека нивниот бојкот на идните турнири се уште важи. Инфантино беше принуден да ги повлече плановите за продажба на идните турнири на ФИФА на приватни инвеститори по жестоката реакција од фудбалските федерации, од кои огромното мнозинство ги осудија плановите. УЕФА даде најсилен одговор, инсистирајќи дека нејзините нации ќе го бојкотираат следното Светско првенство доколку плановите ...
Јан Диоманде е нов фудбалер на Реал Мадрид, потврдија од мадридскиот клуб. „Кралскиот клуб“ ќе плати фиксни 125 милиони евра за 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, плус 15 милиони бонуси. Доколку се активираат сите бонуси, вкупната вредност на трансферот ќе изнесува 140 милиони евра. Тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид, надминувајќи ја сумата што клубот ја потроши за Џуд Белингем во 2023 година, ...
Репрезентативецот на Косово, Фисник Аслани, е изборот на раководството на Лајпциг за нов напаѓач и замена за Јан Диоманде, кој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Лајпциг упорно тврдеше дека Диоманде нема да си замине додека не биде договорен неговиот наследник, управата на бундеслигашот остана на зборот, па денеска даде зелено светло за неговото заминување откако во меѓувреме го договори трансферот на Аслани. Косовскиот офанзивец доаѓа ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години славеше над Фарски острови со 34-32 во натпревар за разигрување од 9. до 16. место на Европското првенство во Србија. Селекторот на Македонија, Горан Кузманоски вели дека е горд на неговите ракометари. „Ова беше многу тежок натпревар, против Фарските Острови, репрезентација која има одличен систем на игра и речиси до перфекција ја игра 7 на 6. Уште во првото полувреме успеавме да го ...
Мохамед Салах потпиша двегодишен договор со Трабзонспор, според кој египетскиот напаѓач ќе заработува 17 милиони евра по сезона, објави турскиот клуб. Салах ќе добива 20 проценти од продажбата на производи што го носат неговото име, како и дополнителни бонуси во текот на секоја сезона. Салах го напушти Ливерпул ова лето по девет години, при што постигна 257 гола на 442 натпревари и освои две титули во Премиерлигата и една во Лигата на ...
Раководството на ФИФА ги призна грешките и упати извинување во соопштение до јавноста, по кризниот состанок одржан во Мароко, при што ја изрази и својата целосна поддршка за претседателот Џани Инфантино, кој се соочи со критики поради планот за вклучување приватни инвеститори. Состанокот, кој беше затворен за јавноста, се одржа во африканското седиште на ФИФА, во комплексот „Мохамед VI“ во Сале, близу Рабат. ФИФА објави соопштение во кое ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Во крајно интересен разговор, но полн и многу емоции, Иван Галевски се потсетува на своите почетоци во ракометот, иако, како што нагласува, како хиперактивно дете ги пробал претходно и сите спортови што постојат кошарка, пливање, тенис, фудбал… „Битола е ...
Штипска Брегалница и официјално го промовираше своето најново засилување, враќајќи го во своите редови играчот за врска Матеј Ангелов. Поранешниот капитен на младинската репрезентација на Македонија се враќа во својот матичен клуб и во родниот град по неколкугодишниот престој во тимот на Работнички. Ангелов своевремено замина во клубот од Дебар маало како еден од најталентираните млади фудбалери во земјава, каде што уште од рана возраст се ...
Иднината на бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор повторно е во центарот на вниманието, откако фудбалерот ги избриша сите објави од својот профил на Инстаграм и ја отстрани профилната фотографија. Овој неочекуван потег веднаш покрена лавина шпекулации, особено поради фактот што неговото продолжување на договорот со Реал Мадрид се уште не е официјализирано. Според информациите на „Марка“, преговорите меѓу клубот и играчот се во застој речиси една ...
Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години славеше над Фарски острови со 34-32 во натпревар за разигрување од 9. до 16. место на Европското првенство во Србија. Избраниците на Горан Кузманоски одлично го стартуваа натпреварот. Го контролираа резултатот во текот на целото прво полувреме, а на пауза заминаа со позитива од пет гола 18-13. Нашите надежи добро го почнаа и второто полувреме и стигнаа до седум гола разлика (24-17), сепак ...
Македонскиот интернационалец Георг Стојановски е нов фудбалер на катарски Лусаил. Екипата од Катар и официјално го потврди трансферот и го промовираше македонскиот напаѓач. Според првичните информации, Стојановски потпишал повеќегодишен договор, но засега не се откриваат подетални финансиски детали од соработката. Младиот фудбалер во Катар пристигнува од редовите на бугарскиот клуб Спартак Варна, каде што минатата сезона соработуваше со ...
Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Прилеп упати јавен апел за итно решавање на кризата во ФК Победа, предупредувајќи дека клубот се соочува со реална опасност воопшто да не ја започне претстојната натпреварувачка сезона 2026/27. Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Прилеп упати јавен апел за итно решавање на кризата во ФК Победа, предупредувајќи дека клубот се соочува со реална опасност воопшто да не ја започне претстојната натпреварувачка сезона ...
Младиот голман Никола Филевски останува во Брегалница откако пропадна неговиот трансфер во српски Јавор Ивањица. Репрезентативниот чувар на мрежата до 20 и 21 година не успеа да се регистрира за тимот од Ивањица. Причина за ова се строгите правила на Фудбалскиот сојуз на Србија, кои драстично го лимитираат бројот на фудбалери надвор од Европската унија во клупските ростери. По принудното враќање во Македонија, Филевски веднаш потпиша нов ...
Со натпреварот против репрезентацијата на Кипар, машката кадетска репрезентација на Македонија вечерва (18:30 часот) ќе го започне настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од денеска до 15 август се одржува во Гевгелија и Скопје. Во пресрет на стартот на шампионатот, целокупниот фокус на стручниот штаб е насочен кон успешен почеток на натпреварувањето. Избраниците на селекторот Дејан Стојановски ќе ...
Трансферот на Родри во Реал Мадрид е далеку од завршена работа, особено откако Барселона реши сериозно да се вклучи во трката за потписот на МВП фудбалерот од последниот мундијал. „Кралевите“ во изминатите денови се целосно насочени кон Диоманде и кон преговорите за нов договор со Винисиус, а каталонскиот гигант го искористи тоа за да преговара лично со Родри. Спортскиот директор Деко имал долг разговор со капитенот на Манчестер Сити, кој не ...
Јан Диоманде во следните 24 часа ќе стане нов член на Реал Мадрид откако репрезентативецот на Брегот на слоновата коска конечно доби зелено светло да отпатува за Шпанија, на лекарски прегледи и потпис со најтрофејниот европски клуб. Преговорите со Лајпциг траеја долго, но Флорентино Перез на крајот успеа да постигне целосен договор, Реал ќе плати загарантирани 125 милиони евра за овој мега-трансфер, со дополнителни 15 милиони поврзани со ...
Ракометарите на Алкалоид ја одработуваат првата фаза од подготовките за новата сезона во Маврово, а шефот на стручниот штаб, Кире Лазаров е адоволен од сработеното во овие први денови. „Ние работиме повеќе време и веќе воспоставивме ред и дисциплина и како минува времето сите станаа поквалитетни и свесни што е потребно за повисок перформанс и висок стил на игра, односно тоа што го бара Европа и што го бараат најдобрите клубови. Задоволен сум ...
Дубаи продолжува да се засилува на сите позиции во пресрет на новата евролигашка сезона, во која овој амбициозен клуб предводен од новиот тренер Чави Пасквал дефинитивно ќе нападне место на фајналфор турнирот. „Црно-белите“ веќе донесоа неколку врвни кошаркари летово, серија што ја продолжија со денешниот трансфер на Торнике Шенгелија, одличниот грузиски крилен центар кој доаѓа од редовите на Барселона.. Шенгелија беше желба на тренерот Чави ...
Барселона има еден врвен приоритет за летово – да доведе топ-напаѓач како замена за Роберт Левандовски, а сите погледи се свртени кон Хулијан Алварез и управата на Атлетико Мадрид, која одбива воопшто да почне преговори за преселбата на аргентинскиот голгетер на „Камп Ноу“. Последните информации говорат дека Алварез сепак би можел да заврши во Барса, а клучен во целата приказна би бил Виктор Осимен. Имено, нигерискиот репрезентативец сериозно ...
Пелистер секојдневно претставува по едно ново засилување што ќе му биде на располагање на новиот тренер Тане Спасев во наредната натпреварувачка сезона. Битолчани утрово го официјализираа трансферот на Камрон Мекдауел, американски бек шутер кој треба да биде нов предводник на „зелено-белите“. „Камрон МекДауел е нов кошаркар на Пелистер. Има 23 години и висок е 196 сантиметри. Во пет сезони во колеџ лигата МекДауел постигна 1.519 поени, а ...
Партизан се надеваше дека ќе успее да го доведе Лони Вокер од Макаби кко суперѕвезда во тимот за наредната сезона, но и овој план на „црно-белите“ се изјалови. Вокер имаше на маса неколку понуди од кои Партизан и Реал важеа за најзагреани за неговиот потпис, но одличниот поентер на крајот сепак се реши да си замине од Европа и да се врати назад во НБА-лигата, и тоа како соиграч на Никола Јокиќ во тимот на Денвер. Вокер ја прифати понудата за ...
Лионел Меси се врати во својот мундијалски ритам предводејќи го Интер Мајами до ппобеда од 4-2 над Атлетико Сан Луис во рамките на лига-купот, натпреварување во кое учетвуваат клубови од САД, Канада и Мексико. Интер Мајами лани го загуби финалето од Сиетл и нема сомнеж дека Меси и соиграчите се максимално мотивирани овојпат да стигнат до трофејот. Атлетико ги изненади со рано водство, но тогаш на сцена стапи Меси, со два гола носејќи целосен ...
Михаил Наумоски, синот на македонската кошаркарска легенда Петар Наумоски, повторно го напушти мак-баскеот и се пресели во Италија, потпишувајќи со екипата на Бреша од А2А лигата на Апенинскиот полуостров. Науомски ја мина ланската сезона во дресот на Феникс, претходно во Македонија настапуваше и за Вардар и за Академија ФМП, а пред една година беше дел и од турскиот прволигаш Пинар Каршијака. „Денеска му посакуваме добредојде на млад играч ...
Шкендија Арачиново се пофали со ново засилување откако доцна синоќа го официјализираше трансферот на Есин Хакај, 29-годишен албански интернационалец кој има и неколку настапи за својата репрезентација. Хакај има настапувано из а турскиот прволигаш Самсунспор како и за Влазнија, Eлбасан и за Партизани во албанскиот шампионат. „Левиот бек ќе ја засили оваа страна од нашата одбрана и ќе помогне со своето искуство за остварување на клупските ...
Синоќешните пријателски натпревари донесоа изненадувачки исходи, откако англискиот првак Арсенал и европскиот шампион ПСЖ загубија на дуелите со шпанските Бетис и Мајорка. Арсенал без голем дел од своите ѕвезди одигра потпросечен меч на дефанзивен план, примајќи три гола во првото полувреме и губејќи со 1-3 од Бетис. Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, Бетис поведе со 0-2 преку Рикелме и Деоса, на 1-2 во 31. минута намали ...
Фудбалерите на турскиот великан Фенербахче славеа со 2-0 на домашен терен против австрискиот Штурм Грац во првиот натпревар од двомечот од 3. коло од квалификациите во Лигата на шампионите. Турците поведоа со 1-0 со погодокот на Талиска уште во 9. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со голот на новата аквизиција на клубот, Мејсон Гринвуд во 45. минута. Во вториот дел мируваа мрежите, а Турците успеаја да ја задржат ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија утре ќе му гостува на шкотски Хибернијан во првиот натпревар од двомечот од 3. коло од најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига. Тетовци се соочуваат со проблеми пред утрешниот меч, откако заедно со тимот во Шкотска не отпатува тренерот Артим Положани. Сепак, како што објавуваат од тимот проблемот со визата е решен, па тој утре ќе може да ја води Шкендија. „Поради доцнење во ...
Давис Бертанс одлучи да се повлече од летонската репрезентација по 15 години настапување за националниот тим. Бертанс дебитираше за својата земја уште во 2011 година, а на 34-годишна возраст одлучи да им го отстапи местото на помладите играчи. Тој се прости од својот сакан дрес со емотивна порака на социјалните мрежи. „Ви благодарам за прекрасните 15 години! Поминаа точно деценија и половина од мојот прв официјален натпревар во дресот на ...