Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија утре ќе му гостува на шкотски Хибернијан во првиот натпревар од двомечот од 3. коло од најмладото клупско натпреварување на УЕФА, Конференциската лига. Тетовци се соочуваат со проблеми пред утрешниот меч, откако заедно со тимот во Шкотска не отпатува тренерот Артим Положани. Сепак, како што објавуваат од тимот проблемот со визата е решен, па тој утре ќе може да ја води Шкендија. „Поради доцнење во ...

Давис Бертанс одлучи да се повлече од летонската репрезентација по 15 години настапување за националниот тим. Бертанс дебитираше за својата земја уште во 2011 година, а на 34-годишна возраст одлучи да им го отстапи местото на помладите играчи. Тој се прости од својот сакан дрес со емотивна порака на социјалните мрежи. „Ви благодарам за прекрасните 15 години! Поминаа точно деценија и половина од мојот прв официјален натпревар во дресот на ...

Њукасл вечерва ја шокираше фудбалската јавност со официјализирањето на својот нов стратег. На клупата на „страчките“ седнува младиот германски стручњак Матијас Јајсле, кој пристигнува како замена за Еди Хау, по неговото заминување од клубот минатата недела. Роден во 1988 година, Јајсле веќе со години важи за еден од најперспективните тренери на стариот континент. Тој стекна огромна афирмација на клупата на Ред Бул Салцбург, каде уште во ...

Кошаркарскиот клуб ТФТ го комплетираше планот за подготовките пред почетокот на новата сезона. Официјалниот собир и првата прозивка на играчите се закажани за 17 август во арената „Борис Трајковски“, која во претстојната натпреварувачка година ќе биде домашен терен за актуелниот вицешампион во АБА 2 лигата. Избраниците на шефот на стручниот штаб, Боро Смилковски, формата ќе ја брусат преку серија силни пријателски натпревари против квалитетни ...

По катастрофалниот пораз од 6-0 против Силекс во премиерното коло од Првата македонска фудбалска лига, раководството на Башкими реагираше веднаш и во еден ден донесе дури десет нови фудбалери. Кумановскиот клуб направи експресна реконструкција на тимот со цел драстично да го подигне квалитетот и да го засили ростерот за предизвиците кои следуваат во домашниот шампионат. Одбраната е засилена со стоперите Џулинај Капланај и Андреј Љубевски, ...

Анамарија Голтес го повлече своето барање за издршка за нивните две деца, но правната сага се уште не е завршена. Драмата меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница Анамарија Голтес доби ново поглавје. Како што пренесува „TMZ Sports“, Анамарија поднесе барање за повлекување на постапката пред судот во Лос Анџелес, во која бараше издршка за нивните две деца. Во документите таа наведе дека го прави тоа со јасна намера да се најде ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со сериозни обвинувања откако британски „Тајмс Спорт“ објави дека тој наводно му го ветил финалето на Светското првенство во 2030 година на Мароко. Натпреварот за титулата би се играл на спектакуларниот нов стадион „Хасан II“ во Казабланка, кој со капацитет од 120.000 седишта ќе биде еден од најголемите во светот. Според медиумот, зад ова ветување стои политички пазар, а Мароко за возврат ...

Броени се деновите на Џани Инфантино на чело на ФИФА. Актуелниот претседател на светската куќа на фудбалот се соочува со незапаметен притисок откако огромен број земји и конфедерации јавно побараа негово заминување, а поддршката ја загуби и од своите најмоќни сојузници. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој важеше за негов близок пријател, целосно го „пушти низ вода“ првиот човек на ФИФА, со што дефинитивно му ја запечати ...

Новинарот Един Скокиќ од Тузла поднесе кривична пријава против кошаркарот Јусуф Нуркиќ тврдејќи дека бил изложен на психичко малтретирање, прогон и притисок преку социјалните мрежи. Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон потврди дека предметот е оформен и дека, по налог на надлежниот обвинител, веќе се спроведени првичните проверки. Портпаролот на обвинителството, Адмир Арнаутовиќ, изјави дека Нуркиќ бил сослушан во рамките на ...

Шкотскиот шампион Селтик во кратко соопштение објави дека менаџерот Мартин О’Нил во средата бил подложен на итна операција. Клубот не соопшти повеќе детали, а веројатно е дека искусниот Мартин О’Нил ќе биде пуштен на домашно лекување за ден или два. Не беше наведено ниту за каква операција станува збор. „За да ги разјасниме шпекулациите, можеме да потврдиме дека Мартин О’Нил имаше помала операција во болница. Очекуваме дека на О’Нил ќе му ...

Ракометниот клуб Алкалоид ја започна втората фаза од летните подготовки, стационирајќи го својот комплетен состав во Маврово. По првичните тренинзи реализирани во Скопје, тимот во следниот период максимално ќе се посвети на подигнување на физичката и тактичката подготвеност. Периодот во Маврово ќе се искористи како подготовка, за пријателските натпревари кои ќе следат. Претстојните мечеви ќе бидат последна проверка за формата на сино-белите ...

Експедицијата на Шкендија пристигна во Шкотска, каде македонскиот вицепрвак утре во 21 часот ќе излезе на мегдан со Хибернијан, во првиот меч од третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Teтовци се максимално мотивирани за позитивен резултат, во обид да стигнат најмалку до реми за без резултатска негатива да влезат во реваншот што ќе се игра следниот четврток во Скопје. „Пристигнавме во Шкотска, позитивно за сите нас е што ...

Јан Диоманде денеска се приклучи на тренинг-кампот на Лајпциг во Австрија, но престојот ќе трае кратко со оглед на најавите дека преговорите за негов трансфер во Реал Мадрид се веќе во завршена фаза. Шпанските медиуми најавуваат дека официјализација на овој мега-трансфер може да се очекува најдоцна до утре, со што Диоманде ќе стане најскап фудбалер во историјата на Реал. „Кралевите“ на крајот ги прифатија клучните услови на кои инсистираше ...

Вицешампионот Бадел работи активно на комплтирање на тимот за наредната сезона откако „баделки“ денеска се пофалија со потписи на нови договори со две важни кошаркарки од ланскиот ростер. „🏀Капитенот на нашиот тим, Јована Петрушевска и Љубица Бошкова и следната сезона ќе го носат дресот на Бадел 1862! 🏆Со нивното останување продолжуваме да го градиме тимот со јасна цел, нови предизвици и борба за највисоките дострели“, објави Бадел. ...

Селекцијата на Македонија за кошаркарки до 18 години го претрпе и четвртиот пораз во низа на европското првенство – Б дивизија откако нашите млади кошаркарки загубија со 65-80 на дуелот со Словачка. „Црвено-жолтите“ имаат за што да жалат ако се земе во предвид одличното прво полувреме во кое постигнаа дури 44 поени, на одмор заминувајќи со предност од 44-43. Вториот дел за жал донесе поинаква слика, па македонските млади кошаркарки за 20 ...

Челниците на Атлетико Мадрид влегоа во интензивни преговори со Тотенхем, начелно договарајќи да го доведат Кристијан Ромеро за сума од 40 милиони евра. На шпанскиот гигант му се брза да ги собере парите за овој трансфер, ако се знае дека за Ромеро сериозно се интересира и Интер, па челниците на Атлетико почнаа да се ослободуваат од неколкуте фудбалери кои беа на трансфер-листа, почнувајќи од Матео Руџери. Бекот не ги оправда очекувањата по ...

Македонската кошаркарска федерација преку соопштение обелодени дека од трите должници кои не добија лиценци во првиот предвиден рок (ТФТ, Маџари и Чаир), два од нив ги подмириле обврските кон куќата на кошарката, но третиот за жал не го сторил тоа и нема да биде дел од Супер-лигата во наредната сезона. ЕКИПА дознава дека станува збор за тимот на Чаир, екипа чија висина на долгот беше најниска од трите, но управата сепак не покажа желба тоа да ...

Големите градски ривали Милан и Интер ремизираа 1-1 во контролниот натпревар што го одиграа во Перт попладнево како дел од својата австралиска турнеа. Првото полувреме не донесе премногу возбудувања, а Интер поведе со првата шанса што „нероаѕурите“ ја создадоа во вториот дел, Димарко беше стрелец откако се најде осамен на пет метри од противничкиот гол и мајсторски ја смести топката во мрежата. Бројните замени што ги направи Рубен Аморим ...

Јувентус излезе како победник од контролата против Челси успевајќи да триумфира со 1-0 со погодокот што во второто полувреме го постигна Жегрова. Јасно е дека Чаби Алонсо ќе има полни раце работа да го воигра Челси, „сините“ повторно беа под посакуваното ниво мачејќи се да искреираат. На спротивната страна, Јувентус трпеливо ја чекаше својата шанса и успеа да поведе со евроголот на Жегрова, кој од дваесетина метри ја смести топката во горниот ...

Макeдонија ќе настапи со најсилниот состав на почетокот на новиот претквалификациски циклус за Евробаскет 2029, гостувањето во Виена против Австрија на крајот од овој месец што важи за клучен натпревар во овие претквалификации. Ненад Димитријевиќ дал зелено светло и ќе ја предводи Македонија на овој дуел откако најдобриот македонски кошаркар се согласил да дојде на подготовките и потоа да даде свој придонес во минување на уште едно скалило ...

Елиф Елмас не се снајде најдобро во Лајпциг, беше испратен на позајмица најпрвин во Торино, потоа и во Наполи, а македонскиот репрезентативец ќе ја мине и наредната сезона надвор од овој германски прволигаш. Елмас ги одработува подготовките на бундеслигашот под водство на новиот тренер Мартин Демикелис, но аргентинскиот стратег веќе ставил до знаење дека македонскиот „дијамант“ може интензивно да бара нов клуб до крајот на овој преоден рок. ...

Франко Мастантуоно е најновото засилување на Фиорентина откако калчолигашот од Фиренца се договори со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на овој аргентински фудбалски бисер. Мастантуоно пристигна минатото лето од Ривер во Реал најавуван како еден од најперспективните млади фудбалери во светот, но Аргентинецот не го оправда тој епитет, минувајќи огромен дел од времето на клупата за резерви. Токму поради тоа, Реал реши да го испрати на ...

Македонија е подготвена за почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 16“ години, кое од 6 до 15 август ќе се одржува во Гевгелија и во Скопје. Најдобрите млади европски селекции ќе се борат за пласман во елитната конкуренција, а македонските кадети ќе имаат чест и привилегија да ја претставуваат својата земја пред домашната публика. По повеќенеделните подготовки, селекторот Дејан Стојановски истакнува дека ...

Макаби обезбеди топ-засилување за наредната сезона откако израелскиот гигант денеска го официјализираше едногодишниот договор со Доминик Тајс, одличниот центар на германската репрезентација кој лани ги бранеше боите на Монако. Тајс поради финансиските проблеми на „кнезовите“ го напушти овој клуб и потпиша за Асвел, но и новиот клуб се соочи со идентични проблеми, па искусниот центар беше принуден повторно да бара нова средина. Понуди имаше ...

Абдул Абдул Малик (23) е најбараниот фудбалер од петтата лига во Англија во последните денови. Иако играчот нема официјална пазарна вредност, за неговите услуги веќе пристигнуваат милионски понуди, но неговиот клуб Борем Вуд засега ги одбива. Младиот крилен напаѓач имаше фантастична сезона зад себе, откако постигна 17 голови и запиша 10 асистенции на 54 натпревари во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи не останаа незабележани, а ...

Челси е блиску до финализирање на договорот со Рајо Ваљекано за трансфер на левиот бек Пеп Чаварија. 28-годишниот фудбалер веќе ги договорил личните услови со англискиот клуб и се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи, додека двата клуба работат на завршување на последните детали од договорот. Според информациите, Челси ќе плати околу 19 милиони евра за услугите на шпанскиот дефанзивец, со дополнителни бонуси и клаузули. ...

Голманот на репрезентацијата на Зеленортските Острови, Возиња, ја продолжува кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло, откако потпиша договор со клубот како слободен агент. Четириесетгодишниот чувар на мрежата привлече големо внимание на последното Светско првенство, каде беше еден од најзаслужните за историскиот успех на својата репрезентација и пласманот во нокаут фазата. Зеленортските Острови успеаја да ја минат групната фаза, а потоа во ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, итно свика состанок со најблиските соработници и високото раководство на организацијата во Рабат, Мароко, откако се најде под силен притисок поради последните случувања во светскиот фудбал. Според информациите, Инфантино бил принуден да реагира по жестоките критики кои следуваа по повлекувањето на планот за создавање на компанијата „FIFA Forward Enterprise“, која требаше да управува со комерцијалните и ...

Лука Модриќ откри дека довербата и поддршката која ја добил од Милан и неговите навивачи биле главната причина поради која одлучил да остане во редовите на „росонерите“ и да потпише нов договор. Во интервју за „Газета дело Спорт“, хрватскиот репрезентативец истакна дека одлично се чувствува во Милано и дека чувството дека клубот навистина го цени било пресудно за неговата одлука. „Останав затоа што се чувствував одлично тука. Клубот и ...

Според информациите од Каталонија, спортскиот директор на Барселона Деко, вчера отпатувал во главниот град на Шпанија, каде наводно се водат завршни разговори за голем трансфер. Станува збор за ангажман на напаѓачот Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, зделка која би требало да чини нешто повеќе од 100 милиони евра. Деко бил забележан на аеродромот во Мадрид, што дополнително ги засили шпекулациите дека Барселона се обидува да го заврши ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
37%
1022
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
27%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.87
36%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.21
27%
1021
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
32%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
10.29
50%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.54
28%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
24%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
6.17
37%
1023
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
1.79
29%
1024
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.32
58%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Платина

55942.30

Алуминиум

3.31

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Сребро

2106.74

Бакар

13.17

Паладиум

43178.45

Цинк

0.00

Злато

141408.63

Калај

56.26

Родиум

280515.26

Кобалт

56.29