Во Фејсбук групата „Грчка Инфо“ е објавено предупредување до туристите кои престојуваат во Пефкохори, дека грчката полиција спроведува засилени контроли и изрекува казни, при што на дел од возилата им се одземаат и регистарските таблички. Според објавата, акцијата се спроведува на магистралниот пат кај кружниот тек во Пефкохори. „Полицајците на сите по ред им ги симнуваат табличките. Прво на едно грчко возило, потоа на џип со регистарски ...

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот бил во морето, на длабочина од 10 километри, во близина на островот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос. И покрај силниот потрес, не е издадено предупредување за опасност од цунами. Според сведоштва на граѓани објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил ...

Православна црква во недела го слави Свети Пантелејмон, светител и исцелител. За него е доста позната неговата интересна животна приказна, а овој ден (деветти август) е пропратен со верувања, особено за оние што тргнуваат некаде на пат. Пантелејмон е роден во Никомидија, во денешен Измир, Турција. Во младоста, тој бил најмногу заинтересиран за медицина и откако, како што вели легендата, на слеп човек му го вратил видот, знаењето и вештините, ...

Македонија влегува во најкритичниот период од летото, со температури кои во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени. Поради високата опасност од пожари, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата, а здравствените власти предупредуваат дека топлотниот бран може да има сериозни последици врз здравјето на граѓаните. Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, екстремно високите ...

Вишиот суд во Панчево му одреди притвор до 30 дена на 14-годишен малолетник од Банатски Карловац, кој е осомничен дека со нож го убил својот очув, 42-годишниот хирург Александар Илиќ. Мерката притвор е донесена по предлог на Вишото тужителство поради тежината на делото и вознемиреноста на јавноста што може да го загрози текот на постапката. Трагедијата се случила во семејната куќа на родителите на сопругата на Илиќ, по претходна вербална ...

Пожар вечерва избувна во атарот на Плетвар, при што е зафатена сува вегетација. Според првичните информации, огнот се шири на отворен простор, а на терен се очекува интервенција на надлежните противпожарни служби. Засега нема информации дали пожарот претставува опасност за населени места или објекти. На социјалните мрежи се појавија и видеоснимки од пожарот, на кои може да се забележат пламените јазици што се издигаат над зафатеното подрачје. ...

Српската диригентка, текстописец и гласовна актерка Биљана Брун почина, а веста за нејзината смрт длабоко ги потресе нејзините пријатели, колеги и бројните почитувачи. Брун со години беше диригентка на детскиот хор што го водеше заедно со Леонтина Вукомановиќ, оставајќи силен белег во музичкото образование и детското творештво. Со својата работа придонесе во растењето и музичкиот развој на многу генерации деца. Покрај диригирањето, Биљана ...

Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари забележаа пад под границата од 80 долари, паралелно со сигналите за забрзани барања на земјите од Персискиот Залив за мировно решение околу Ормутскиот теснец. На лондонскиот пазар, цената на барелот се намали за 3,85 долари во споредба со претходното затворање и изнесуваше 79,92 долари, додека на американскиот пазар цената падна за 4,16 долари, спуштајќи се на 76,18 долари. Смирувањето на ...

Шест лица го загубија животот, а 26 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Италија, во која учествувале автобус и камп возило. Според првичните информации, судирот бил силен, а дел од патниците останале заробени во возилата. На местото на несреќата веднаш пристигнале екипи на итната помош, пожарникари и полиција, кои работеле на извлекување на повредените и обезбедување на теренот. Италијанските служби започнаа истрага за да се утврдат ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на просечните малопродажни цени на нафтените деривати за 1,24 отсто во однос на претходната одлука од 27 јули. Новите цени ќе важат од 5 август 2026 година од 00:01 часот. Според одлуката на РКЕ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по 91 денар за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе чини 93 денари за литар. Цените на двата бензина се намалуваат за 2 денари по литар. Еуродизелот ќе ...

Тежок случај на семејно насилство ја вознемири Струмица, откако 37-годишен маж е осомничен дека со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект и ѝ нанел тешки телесни повреди. Против него е поднесена кривична пријава за обид за убиство во врска со семејно насилство. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 31 јули 2026 година околу 12:40 часот во угостителски објект во ...

Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во централното градско подрачје на Скопје, во близина на Собранието и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила, кои по силниот удар претрпеле сериозни оштетувања. Од јачината на судирот бил оштетен и семафорот поставен на крстосницата. На местото веднаш пристигнале екипи на Итната медицинска ...

Родителите на идните првачиња во Општина Ресен ќе добијат финансиска поддршка пред почетокот на новата учебна година. Локалната самоуправа започна со реализација на мерка со која на секое семејство чие дете за првпат ќе седне во училишна клупа ќе му биде доделена еднократна парична помош. Од Општина Ресен информираат дека е објавен Јавен повик преку кој родителите или старателите можат да аплицираат за добивање на средствата. Поддршката ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објави МЕТЕОАЛАРМ за среда, 5 август 2026 година, поради очекувани високи температури на целата територија на Македонија. Според објавената мапа, целата држава е опфатена со предупредување за опасно високи дневни температури, поради што се препорачува граѓаните да бидат особено внимателни во текот на најтоплиот дел од денот. Надлежните препорачуваат: да се избегнува престој на отворено во периодот ...

Основното јавно обвинителство во Гостивар отвори истражна постапка против четири лица од селото Добри Дол, во Општина Врапчиште, кои се осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“ поради употреба на огнено оружје за време на свадбена прослава. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил вечерта на 31 јули во дворот на семејна куќа во селото, каде што за време на свадбата осомничените користеле три пиштоли и ...

Трагедија се случи во кањонот Орлиас на планината Олимп во Грција, каде што 32-годишен маж го загуби животот за време на излет со пријатели. Според грчките медиуми, тој во неделата заедно со уште две лица се искачил до локалитетот познат како „Црвена Карпа“, на околу 650 метри надморска височина. По пристигнувањето, скокнал во природен базен со многу студена вода. Според првичните информации, веднаш по влегувањето во водата му се слошило, по ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Времето во наредните денови Продолжува периодот на сончево и многу топло време со ...

Август носи силна енергија за финансиски напредок, нови можности и позитивни пресврти. Според астролозите, неколку хороскопски знаци ќе се најдат под особено поволно влијание на ѕвездите, што може да им донесе поголеми приходи, успешни деловни потези и неочекувани добивки. Бик За Биковите, август е месец на финансиска стабилност и раст. Можно е зголемување на приходите, бонус, покачување на платата или успешна реализација на проект кој долго ...

Деветнаесетгодишна девојка од Кавадарци се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен на 2 август во ОВР Неготино. Околу 19:40 часот, кај местото викано „Антените“, патничко возило „Фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 19-годишната А.К. од Кавадарци, изгубило ...

Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...

Пожарот во кавадаречко и вечерва останува активен, а поради големата зафатена површина и непристапниот терен, засега не може да биде ставен под контрола. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, огнената стихија зафатила претежно нискостеблеста шума и вегетација, додека силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов, кој во текот на целиот ден беше на ...

Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...

Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од автомобил на улица во Гостивар, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 16 часот на улицата „Железничка“ во Гостивар. Во детето удрило патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од гостиварското село Чегране. По укажаната прва медицинска ...

Вознемирувачка снимка од Гостивар е објавена на социјалните мрежи, на која се гледа брутална тепачка меѓу поголема група млади лица на улица. Според снимката, едно од момчињата било соборено со удар во пределот на главата и паднало во бесознание. И покрај тоа што лежело неподвижно, нападот продолжил со удари по телото. Повеќе информации се очекуваат од Министерството за внатрешни работи. Вознемирувачка снимка од Гостивар е објавена на ...

Познатата актерка Наталија Дончева почина на 56-годишна возраст, објавија француските медиуми. Веста ја потврди нејзиниот агент, кој ја опиша како исклучително талентирана уметница и личност со голема чувствителност. Причината за смртта засега не е соопштена. Тажната вест ја потврди и нејзиниот брат преку објава на социјалните мрежи. Тој напиша дека Наталија починала опкружена со најблиските – нејзиниот сопруг, родителите и братот. Дончева е ...

Планетите се наместиле така што Сонцето поминува низ Лавот, а Венера ја грее Вагата. Ова значи низа мали, последователни погодоци, а не еден удар што го менува животот. Проблемот е што таквата низа речиси секогаш се враќа на истата каса, во новиот билет, истото попладне. Планетарното порамнување до 6 август укажува дека Стрелецот, Лавот и Вагата имаат зголемени шанси за добивка преку игри на среќа. Сезоната на Лав и Венера во Вага укажуваат ...

Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални ...

Македонија се прости од д-р Никола Стојановски, истакнат лекар, учесник во Народноослободителната борба, долгогодишен претседател и почесен претседател на Сојузот на борците на Македонија, како и првиот претседавач на повеќепартиското Собрание по воведувањето на парламентарната демократија. Роден на 8 февруари 1923 година во селото Скачинци, велешко, Стојановски уште во младоста се приклучил на антифашистичкото движење. Во 1942 година бил дел ...

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на 38 километри северно од египетскиот град Суец, 3 часа по полноќ, соопшти египетскиот Национален институт за истражување на астрономија и геофизика. Од Институтот изјавија дека не добиле извештаи за жртви или за материјална штета. Египетскиот министер за здравство, Калед Абдел Гафар, нареди активирање на плановите за итно постапување низ целата земја и упати ...

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, доцна вечер преку социјалните мрежи апелираше дека во моментов пожарот во атарот на село Раец е активен на пет различни локации, а ситуацијата е исклучително сериозна. „Надлежните служби, пожарникарите и сите вклучени екипи вложуваат максимални напори за локализирање на огнената стихија. Апелираме до сите граѓани да не се движат кон зафатеното подрачје, да не го попречуваат работењето на службите и ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
47%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
6.7
44%
1016
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
26%
1017
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
40%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
3.96
33%
1018
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 21ᴼ
2.57
62%
1017
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
6.26
43%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
47%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
31%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
36%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
2.57
29%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
9.26
87%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.3725

Currency

72.0205

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52437

Currency

1.11367

Currency

0.55893

Калај

56.21

Родиум

282926.57

Алуминиум

3.24

Кобалт

56.29

Платина

54720.57

Цинк

0.00

Сребро

2051.41

Иридиум

252383.36

Злато

138910.52

Рутениум

53852.50

Паладиум

41281.56

Бакар

13.19