Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека денеска избил пожар во Општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите од Китка. „Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема ...
Најновата сезонска прогноза на Европскиот центар за среднорочни временски прогнози („ECMWF“), заснована на ансамбл од 51 нумеричка симулација, испраќа прилично јасен сигнал: крајот на летото, целата есен и почетокот на зимата во регионот многу веројатно ќе бидат потопли од климатскиот просек, пишува „N1“. Во последните десетина години речиси сите сезонски модели го покажуваат истиот тренд – температурите растат, додека врнежите стануваат сè ...
Цените на суровата нафта продолжија да паѓаат откако американскиот министер за финансии Скот Бесант објави нови санкции против Иран, насочени кон економска изолација на земјата. Американската сурова нафта WTI се тргуваше по околу 87 долари за барел, додека суровата нафта од Северното Море Брент чинеше околу 94 долари за барел, објави „Трејдинг економикс“. Инвеститорите внимателно ги следат можните последици од новите мерки врз извозот на ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во вечерните часови во ...
Животот станува неверојатно добар за четири хороскопски знаци во втората половина од 2026 година. Според професионалниот астролог Неда Фар, овие знаци поминале низ тежок период во последните неколку години, но најлошото конечно е зад нив. Ако сте еден од овие знаци на Зодијакот, ќе бидете личност на која сите ќе ѝ завидуваат. До крајот на 2026 година, овие знаци ќе „пливаат“ во пари и ќе доживеат љубов за која досега само сонувале: Риби По ...
Силно невреме проследено со обилни врнежи од град го зафати селото Дебреште, при што е предизвикана значителна штета на насадите со тутун. Градот ги оштети земјоделските површини и насадите, предизвикувајќи загуби за тутунопроизводителите. Земјоделците очекуваат проценка на штетите и преземање соодветни мерки за ублажување на последиците од невремето. Невремето претставува уште еден сериозен удар за земјоделците од овој крај, за кои ...
Голем пожар вечерва избувна во близина на експресниот пат Штип – Кочани, при што огнот и густиот чад се проширија непосредно покрај коловозот, создавајќи опасни услови за одвивање на сообраќајот. Видео од состојбата на терен беше објавено на кое се гледаат пламените јазици долж патот, како и значително намалената видливост поради густиот чад. Според информациите објавени заедно со видеото, во моментот сообраќајот на експресниот пат Штип – ...
Во подрачјето северно од Скопје има појава на пороен дожд проследен со засилен ветер. Истовремено, јужно од Виница е активна нестабилна облачна маса, која носи пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се препорачува зголемено внимание во погодените подрачја поради можност за локално поинтензивни врнежи и силни налети на ветер. Состојбата и понатаму се следи, а за евентуални промени и движењето на нестабилните облачни маси ќе информираме ...
Областите западно од Пробиштип, источно од Кратово, како и подрачјето на Македонска Каменица, се зафатени од нестабилни облачни маси проследени со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град. Нестабилноста е локална и во наредниот период на овие подрачја се можни поинтензивни врнежи и краткотрајни невремиња. Се препорачува зголемено внимание, особено во сообраќајот и на отворен простор. Областите западно од Пробиштип, источно ...
Мирисот на чад кој попладнево се чувствува во Скопје доаѓа од големиот пожар на планината Жеден, во атарот на селото Бојане, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. „Пожарот од тетовска страна се движи кон скопската страна на планината. Станува збор за тежок и тешко пристапен терен, поради што гаснењето е отежнато“, изјави Ангелов. Тој очекува во текот на попладневните часови пожарот да биде ставен под ...
Поголемо нестабилно јадро е регистрирано северозападно од Прилеп, проследено со засилен ветер, грмежи, пороен дожд и појава на град. Нестабилност проследена со појава на град има и во подрачјето јужно од Дебар. Се препорачува зголемено внимание во погодените подрачја, особено поради можноста за локално интензивни врнежи, силни налети на ветер и град. Состојбата се следи, а за понатамошното движење и јакнење на нестабилноста ќе информираме ...
Шестгодишно дете се здоби со тешки повреди во несреќа што вчераутро се случила на улицата „Киро Ристевски Дрнц“ во Тетово. Како што информираат од СВР Тетово, во 09:50 часот од Ургентниот центар во Тетово било пријавено дека кај нив е донесено малолетно дете со сериозни повреди. Поради тешката здравствена состојба, детето било итно пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По извршените проверки, полицијата утврдила дека ...
По долгогодишна борба со болест, почина бизнисменот Огњан Циговски, кој со години беше едно од препознатливите имиња поврзани со развојот и управувањето со Скијачкиот центар Маврово. Циговски беше долгогодишен раководител на Скијачкиот центар Маврово, а во март 2021 година беше избран и за претседател на Скијачката федерација на Македонија (СФМ). Во текот на својата деловна кариера, Циговски беше главен управувач и сопственик на „Ресорт ...
Нестабилна облачна маса е активна во подрачјето јужно од Катланово и северозападно од Прилеп, каде што има појава на засилен ветер, пороен дожд и ретки грмежи. Според моменталното движење, нестабилната облачна маса се движи од запад кон исток, па во наредниот период временските услови може да се променат и во околните подрачја. Се препорачува зголемено внимание при движење на отворено и во сообраќајот, особено во зоните каде има пороен дожд и ...
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Послаби услови за краткотрајно невреме ќе има и утре попладне и кон крајот на денот – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје денеска попладне и утре во вечерните часови во ...
Со најновите цени кои ги објави Регулаторната Комисија за Енергетика горивата стануваат уште поскапи а дизелот достигна 101.50 денари за литар. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.62%. Бензините поскапуваат за 1.50 денари за литар. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 93.00 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 95.00 денари. ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува за 3.50 денари и ...
Штип денеска остана без уште едно големо име од медицинската фела. Почина д-р Лазо Киров, истакнат ортопед и лекар кој со децении беше дел од здравствениот живот на градот и поширокиот регион. Д-р Киров во својата долгогодишна професионална кариера остави силен белег во областа на ортопедијата, а неговото име со години беше препознатливо меѓу пациентите од Штип и Источна Македонија. Според достапните биографски податоци, медицинскиот факултет ...
Четири лица, од кои две потешко, биле провредени вчера при судир на тракгор и „голф“ во липковското село Алешевце. – На 23.08.2026 околу 20:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат с.Алешевце-с.Слупчане, во с.Алешевце, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт“ со кумановски регистарски ознаки управуван од С.М.(32) од с.Черкези, кумановско и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски ...
Вчера попладне на регионалниот пат Меџитлија – Старавина се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 42-годишен маж од битолското село Новаци. Според информациите, Д.Ј.(42) управувал мопед со битолски регистарски ознаки, при што во еден момент изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди, мопедистот починал на самото место. Лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта. Увид ...
Сообраќајна несреќа се случила претпладнево во близина на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, спроти судовите. Фоторепортер на „Слободен печат“ бил на местото на настанот и забележал човек кој лежел на улицата по несреќата. Од полицијата за „Слободен печат“ потврдиле дека станува збор за сообраќајна несреќа. Засега нема информации за состојбата на повредениот, ниту за околностите под кои се случила несреќата. По ...
Денешниот ден во Македонија носи вистински летен карактер, но временската слика нема да биде стабилна во текот на целиот ден. Иако утрото и поголемиот дел од денот ќе поминат со сончево и многу топло време, попладневните часови носат услови за локално влошување на времето. Според најновата прогноза, во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Сепак, со зголемувањето на облачноста во попладневните ...
Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,9 степени ноќеска ја потресе Јапонија. Епицентарот бил во морето покрај северниот јапонски остров Хокаидо, на длабочина од 46 километри, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Засега нема информации за повредени и не е издадено предупредување за цунами. Рано изутрината утрово по јапонско време земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе источниот дел на Јапонија, вклучувајќи ја и областа на ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цените на горивата. По последното поскапување од 4,5 денари кај бензините и 6,5 денари кај дизелот, останува неизвесно дали ќе следи ново зголемување. Во пресметката веќе е вклучена намалената акциза – за два денари кај бензините и четири денари кај дизелот. Владата засега не планира намалување на ДДВ-то, но најавува дека ќе ги следи цените. Главната причина за ...
По топлиот викенд, последната недела од август носи ново температурно засилување, но и можност за локална нестабилност. Според актуелните прогнози, периодот од 24 до 30 август ќе биде претежно топол и сув, со температури кои во најтоплите денови во Скопје може да се искачат до околу 40 степени. Уште во понеделник, 24 август, времето ќе биде топло, но во текот на денот ќе има услови за зголемена облачност и локални врнежи со грмежи. За Скопје ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Температурите и натаму ќе бидат високи. Според метеоролошката карта, во јужните и југоисточните делови максималната температура ќе достигне до 40 степени, додека во централните делови ќе се движи околу 33 степени. На запад температурите ќе ...
Вчера попладне, во 15:25 часот, на регионалниот пат Струмица–Валандово се случила сообраќајна незгода во која тешко е повреден 30-годишен жител на струмичко Раборци. Според информациите од СВР Струмица, патничко возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.В.(30) од село Раборци, излетало од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во ЈЗУ Општа болница Струмица. Увид на местото ...
На 23.08.2026 во 05:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионален пат Мушов Гроб-Кавадарци, на влезот на село Ваташа, кавадаречко, патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(23) од Ваташа, излетало од патот, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. На 23.08.2026 во 05:00 часот во ОВР ...
Пожарот во и околу каналот кој минува покрај Илинден во правец кон Белви предизвика загриженост, особено поради близината на инфраструктура со потенцијален ризик, објави 4news.mk Според информациите од терен, огнот е во непосредна близина на цистерните на „Макпетрол“, а во близина се наоѓа и бензинска пумпа. Загриженоста е дополнително зголемена бидејќи пожарот се шири низ простор со трска и сува трева, што може да придонесе за негово брзо ...
Пензионерите се во очекување на новото зголемување на пензиите што според Законот за пензиско и инвалидско осигурување им следува со септемвриската пензија. Многумина очекуваат продолжување на „линеарката“ од 1.000 денари, но бранот на линеарни зголемувања беше со цел да се зголемат минималните пензии што беа многу ниски и засега нема најава дека ќе има ново такво зголемување надвор од законското решение. Според законот, пак, сите видови ...
Нова силна нестабилност се развива во западниот дел на Македонија. Голема облачна маса со поројни врнежи од дожд, засилен ветер, грмежи и појава на суградица моментално се наоѓа западно од Претор и Битола. Според моменталното движење на облачноста, системот се движи од запад кон исток, поради што нестабилноста во наредниот период може да зафати и други подрачја. Граѓаните во регионот се советуваат да бидат внимателни, особено поради можноста ...