Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Ставила ролна тоалетна хартија во плакарот и преку ноќ се ослободила од проблемот кој е присутен во многу домови Откако ќе го пробате овој трик, ќе ви биде жал што не сте го знаеле порано. Непријатниот мирис во гардеробата не мора да потекнува од чувањето застоена облека во него. Дури и ако се погрижите на полиците да има само претходно испрана облека, со текот на времето можете да почувствувате специфичен мирис. Често тоа се должи на ...
Поранешен градоначалник на Сарај и овластено службено лице од Град Скопје добија кривични пријави за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Од МВР информираат дека денеска Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднела кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ...
Земјотрес со јачина од 4,1 степени го погоди Бомахан во иранската покраина Техеран, објави иранската новинска агенција Тасним. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, околу 43 километри од главниот град Техеран. Веднаш по земјотресот, екипи на Црвената полумесечина беа испратени на местото на земјотресот за да ја проценат ситуацијата и можните последици. Земјотрес со јачина од 4,1 степени го ...
Светските енергетски пазари денес реагираа со нагло намалување на цените на нафтата, откако суровата нафта „Брент“ падна на околу 88 долари за барел. Станува збор за дневен пад од приближно 12%, што претставува едно од посилните поместувања во последниот период. Причина за ваквата промена е најавата од Иран дека Ормускиот теснец е повторно отворен за нормален комерцијален поморски сообраќај. Теснецот, кој во претходните денови беше под ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска изјави дека првите статистички податоци веќе покажуваат прилив на иселеници кои се враќаат во Македонија. Според неа, иако бројките сè уште не се масовни, овој тренд е директна потврда дека владините политики за задржување на младите даваат резултат. Јаневска, одговарајќи на прашање за намалувањето на бројот на основци, истакна дека сегашната власт презема конкретни мерки, за ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.И.(53) и М.А.Н.(61), двете од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавената, во својство на директор на ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, а потоа и медицински директор во Министерство за здравство и второпријавената, во својство на раководител на Оддел за интерни болести при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р ...
Опозициската партија СДСМ информира дека поднела кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за сериозно нарушување на уставниот и правниот поредок во државата. Од партијата тврдат дека премиерот, од позиција на извршната власт, јавно најавувал кривични прогони и таргетирал поединци од опозицијата и нивните семејства, што според нив претставува директно мешање во работата на правосудните институции. Во пријавата се ...
Светот на боксот го загуби еден од најголемите мајстори на оваа благородна уметност. Легендарниот мексикански борец Мигел Канто почина на 78-годишна возраст, оставајќи неизбришлив белег во историјата на оваа категорија и на спортот воопшто. Веста за неговата смрт ја потврдија бројни светски медиуми, со што се стави крај на едно од најзначајните поглавја во боксот на 20 век. Канто, познат по прекарот „Ел Маестро“, се сметаше за еден од ...
Строгите правила во Грција ги изненадија туристите – казна до три месеци затвор и 350 евра! Еве што друго треба да знаете за летувањето во 2026 година. Дали планирате одмор во Грција во 2026 година? Погрижете се да не добиете непријатно изненадување! Од ланската година популарната медитеранска дестинација воведе построги правила за туристите – особено оние кои патуваат во камп приколки и автомоби. Казните се драконски, контролите зачестени, а ...
Во сериозен случај што ја потресе јавната администрација, полицијата поднела кривична пријава против 45-годишен службеник од Управата за имотно-правни работи во Куманово, осомничен за злоупотреба на службена положба и фалсификување документи при постапки за приватизација на државно земјиште. Според информациите од СВР Куманово, осомничениот, вработен во подрачното одделение на Управата, наводно овозможил незаконско донесување и спроведување ...
Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Во јужните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во ...
Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС ЕНП Андреј Ковачев неколку дена пред изборите во Бугарија ги изнесе своите очекувања за измени во Законот за бугарско државјанство, нагласувајќи потреба од „транспарентност, правичност и почит кон нашите сонародници надвор од татковината“. Тој предложи воведување јавен регистар на лицата со бугарско државјанство, олеснување на процедурите за историските бугарски заедници во странство, воведување ...
Цените на нафтата на светските берзи забележаа пад по веста за стапување во сила на прекинот на огнот меѓу Израел и Либан. Дополнително влијание врз пазарот изврши и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната во Иран би можела наскоро да заврши, бидејќи Техеран наводно се согласил да се откаже од збогатувањето ураниум. Суровата нафта од типот „Брент“ падна на околу 98,5 долари за барел, додека американската лесна нафта се ...
По празниците обично следува помирен период, но оваа година доаѓа вистинско изненадување за два хороскопски знаци – парите пристигнуваат неочекувано. Бик За Биковите, крајот на април носи долгоочекувана финансиска стабилност. Без разлика дали станува збор за покачување на платата, бонус или неочекувани приходи, Биковите конечно ќе имаат можност да ги решат старите долгови и да започнат одново. Чувството на сигурност се враќа, но важно е да ...
Сопственик на хотел во Скопје синоќа е физички нападнат и со тешки повреди е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако бил претепан од две лица, објавија медиуми. Според неофицијални информации објавени од „Фокус“, станува збор за напад извршен од две лица, за кои се наведува дека ѝ се познати на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи го потврдуваат инцидентот и информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на ...
На 15.04.2026 во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Мито Хаџивасилев – Јасмин“ и бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.М.(41) од Скопје, удрило во пешакот Г.Д.(52) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. На ...
Следниот неработен ден е 1 мај (петок) Денот на трудот, потоа доаѓа 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, со што во мај имаме два продолжени викенди за сите граѓани. Но за православните граѓани неработен ден е и 29 мај кој се паѓа во петок, со што се добива уште еден продолжен викенд. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број ...
Василиса Володина нагласува дека покрај материјалната благосостојба, секој знак во хороскопот ќе се развива духовно и емотивно и ја нагласува важноста за рамнотежа помеѓу духовните и материјалните вредности за долгорочна среќа. Рускиот астролог Василиса Володина открива дека за еден хороскопски знак следните 20 години ќе бидат низа од непрекината среќа . Овој знак, според неа, го напушта минатото со сите негови грешки и неуспеси и влегува во ...
Македонската фолк-ѕвезда Благица Павловска направи неочекуван чекор кој предизвика големо внимание кај јавноста и нејзините обожаватели. Имено, пејачката се појавува во филмски проект, со што покажува нова страна од својата кариера, надвор од музичката сцена на која со години гради препознатлив имиџ. Овој потег беше пречекан со воодушевување од нејзините фанови, кои на социјалните мрежи не ја криеја позитивната реакција. Многумина истакнаа ...
Сите знаеме дека малата грижа за себе многу помага кон добар сон, и дали знаевте дека тоа вклучува и „интимно време“? Иако постојат многу начини да заспиете, мастурбацијата пред спиење исто така има смирувачки ефект што ви помага да одите во мирен сон. Несоницата е сè почеста појава за многу луѓе, а процесот на мастурбација пред спиење ве тера да имате мирен и здрав сон.Еве како таа ви помага! Кога мастурбирате, вашето тело ослободува ...
Тешка трагедија го потресе селото Трешњевица кај Ивањица, откако 12-годишно момче го загуби животот по случајно консумирање отровна течност. Според неофицијални информации од мештани, детето најверојатно им помагало на родителите во малинникот. Во еден момент, жедно, испило течност од пластично шише, мислејќи дека станува збор за сок. Сепак, во шишето се наоѓал раствор што се користел за прскање на овоштарникот против плевели. Се ...
На 15.04.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Стефковски“ и ул.„102“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(63) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. ...
Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација почина на 49-годишна возраст на необезбеден железнички премин, соопшти локалната полиција. Неговиот автомобил бил удрен од воз на локалната железница, а ударот бил толку силен што возот го турнал возилото стотици метри по шините. Лекарите ја прогласиле смртта на некогаш врвниот ...
На 15.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шабан Рамети“ во Скопје, Д.Д.(22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ф.(63), додека со телесни повреди се здобиле другите сопатници Ј.И.(60), Х.С.(56) од с.Рашче, скопско и А.В.(56) од с.Долно Свиларе, ...
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава Д.Ј.(63) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на јавно претпријатие во Македонска Каменица, на вработен референт-инкасант во јавното претпријатие, иако му престанал работниот однос поради исполнување на старосна пензија, му овозможил да врши работни ...
Регионалната рок сцена е завиена во црно откако по долга и тешка болест, во болницата во Бихаќ, почина Нихад Јусуфхоџиќ – еден од столбовите на југословенскиот рокенрол и првиот басист на легендарната група „Дивље јагоде“. Јусуфхоџиќ со месеци се бореше со болеста, а неговите сограѓани дури организираа и масовни акции за дарување крв во надеж дека ќе го спасат својот омилен музичар. За жал, срцето на рокерот кој ги постави темелите на ...
Во Зеница утрово е пронајдено безживотното тело на Алма Хускиќ, потврдуваат извори блиски до истрагата за порталот „072info“. Според неофицијални информации, телото било пронајдено во нејзиниот стан, а на него биле забележани траги кои би можеле да укажуваат на давење. Сепак, официјална потврда за причината за смртта засега нема, и таа ќе биде позната дури по завршувањето на истрагата и обдукцијата. На местото на настанот веднаш бил извршен ...
Познатиот новинар, водител и активист Рамуш Муарам – Цирко се бори за живот. Загрижени блиски роднини, пријатели и колеги на социјалните мрежи споделуваат фотографии со него и се молат за негово закрепнување. „Со голема тага ве известуваме дека нашиот брат и многу почитуван Рамуш Муарам – Цирко се наоѓа во тешка здравствена состојба и моментално е во кома, борејќи се за својот живот. Ве молиме сите, секој на свој начин да упатиме молитви кон ...
Собранието денеска на пленарна седница го усвои Предлогот за одобрување на продолжување на рокот за кризна состојба на територијата на Македонија, поради продолжените ризици од нарушување на снабдување со нафта и нафтени деривати. Претходно Предлогот доби поддршка од Комисијата за одбрана и безбедност. Кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година, а ќе почне да се применува од 21. април, откако ќе биде објавена во „Службен весник“. ...
ТАЖНА ВЕСТ: Ненадејно почина Миле Димитров на 50-годишна возраст, живееше во Гордола. Почитувани, Во врска со претходно објавената тажна вест за нашиот сограѓанин Миле Димитров, ве информираме дека утре од 17:30 часот ќе биде организирана донација во бар Димитри на via della Posta 19 Locarno, на која што ќе учествува и МПЦО Пресвета Богородица Локарно. Нека почива во мир Сочуство до фамилијата, стои во објавата на Mpco Presveta Bogorodica ...