Силно грмотевично невреме ги зафати делови од Јадранот, а по Задар, во раните попладневни часови се премести кон поширокото подрачје на Сплит. Големата количина дожд за краток период предизвика поплава во повеќе делови од градот, а улиците на места беа целосно поплавени. На одделни локации наврнало повеќе дожд отколку што во просек паѓа во текот на целиот јуни, месец кој климатски веќе се смета за летен. Обилните врнежи донесоа и нагло ...

Тажната вест ја објавија од скопското средно училиште Цветан Димов. Со болка и длабока тага ја примивме веста за прераната смрт на нашата сакана ученичка, Ениса Весели. Сите сме длабоко трогнати од нејзината загуба. Ениса секогаш ќе остане во нашите сеќавања за нејзината добрина, одличното однесување и насмевката што им ја подари на сите. Во овие тешки моменти директорот, наставниците, учениците и вработените во училиштето изразуваат искрено ...

На 02.06.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје, Е.М (29) од с.Ласкарци, скопско, пријави дека во негов објект во изградба на патот Сарај-Матка, каде работел со негов пријател, дошле неговиот татко Е.М.(57) и неговиот чичко С.М.(45), со кои што имал претходни деловни недоразбирања, а откако им рекол да го напуштат објектот тие со пиштол и ловечка пушка почнале да пукаат кон објектот и го оштетиле неговото патничко возило. По преземени мерки ...

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, Примање награда за противзаконито влијание и Давање награда за противзаконито влијание, а кои попладнево беа спроведени во судот, по нивно ...

Пред година ипол извршил полови дејствија врз 15-годишно девојче, сега заработи кривична СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(58) од с. Брвеница, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување’’. Како што информираат од полицијата, за делото сторено во декември 2024 година – во комбе со кое вршел превоз на патници, во момент кога немало никој друг во комбето, пријавениот извршил полови ...

На 2 јуни 2026 година во СВР Тетово е пријавено дека околу 09:50 часот во Државното средно стручно училиште „Моша Пијаде“ во Тетово избувнал пожар на една кабина во машкиот тоалет. Пожарот бил навремено изгаснат од вработените во училиштето со противпожарни апарати и хидранти, со што е спречено негово проширување. При интервенцијата, поради вдишување на чад, неколку вработени се здобиле со потешкотии, поради што Н.Р., И.П., М.С., А.З., Б.К. и ...

Спортската јавност на Балканот е потресена од веста за смртта на познатиот спортски новинар и коментатор Един Авдиќ, кој почина на 47-годишна возраст. Информацијата ја објавија повеќе медиуми во Босна и Херцеговина, додека причините за неговата смрт засега не се соопштени. Авдиќ беше едно од најпрепознатливите имиња во спортското новинарство во регионот, особено кога станува збор за кошарката. Со години беше препознатлив по своите анализи, ...

Полициските служби работат на пронаоѓање на малолетно девојче од општина Македонски Брод, откако било пријавено нејзиното исчезнување. Според информациите од СВР Битола, во раните утрински часови на 1 јуни, поточно во 01:55 часот, во Одделението за внатрешни работи во Македонски Брод било пријавено дека малолетничка од селото Близанско го напуштила семејниот дом и не се вратила. Пријавата ја поднел нејзиниот 49-годишен татко, кој ги известил ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против Сашо Велковски (55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени надлежности, постапил спротивно на ...

Дел од граѓаните во последниот период пријавуваат дека не им се исплатува повратот преку апликацијата „МојДДВ“, што предизвикува дополнителни реакции и прашања околу функционирањето на системот. Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека најчеста причина за ваквите ситуации е поврзана со статусот на корисничкиот профил и неговата регистрација во системот. Од УЈП информираат дека користењето на апликацијата „МојДДВ“ бара граѓаните претходно ...

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од Управата за финансиска полиција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица – директор и помошник директор на Царинската управа, управител на правен субјект и вработен во истиот субјект. На осомничените им се ставаат на товар кривичните дела Злоупотреба на постапката за ...

Синоптичарите за утре најавуваат силно невреме во Македонија. Објавена мапа: Утре ќе има силно невреме – еве кои делови на Македонија ќе бидат најпогодени На ден Четврток 4 Јуни 2026 целата територија на Македонија ќе се наоѓа во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради циклонот од Џенова кој носи обилни врнежи и локално невреме проследено со обилен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и со ...

Ел Нињо се буди во Пацификот и може индиректно да го засили летниот ризик за Балканот и регионот, откако најновите климатски прогнози покажуваат голема веројатност за развој на овој феномен во 2026 година, со сигнали за натпросечни температури во Европа и најсилна сигурност токму над југоисточниот дел од континентот. Yahoo Weather ја пренесува новата тревога дека Ел Нињо покажува рани знаци на враќање, а официјалните прогнози на американскиот ...

2026 година носи силна енергија на промени, особено на финансиски план. За некои хороскопски знаци ова ќе биде месец на внимателни одлуки, штедење и пресметки, но за два знаци јуни може да донесе вистински пресврт – пари што доаѓаат преку работа, нова можност, задоцнета исплата, дополнителен ангажман или паметна одлука што конечно почнува да дава резултат. Не станува збор за случајна среќа што паѓа од небо, туку за период во кој трудот, ...

Велшкиот актер Овен Рис Дејвис, на домашната публика најпознат по улогата на агентот Вилсон во серијата „Твин Пикс: Враќањето“, ненадејно почина на 44-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја шокираше јавноста, а социјалните мрежи се преплавени со емотивни пораки од неговите најблиски, кои го опишуваат како човек што бил „брат на многумина“. Овен зад себе остави низа забележителни улоги. Покрај настапот во „Твин Пикс“, тој глумеше и во ...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 20 до 32 степени Целзиусови. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за ...

Владата денеска го усвои и го презентираше Оперативниот план за вработување за 2026 година, кој во својот фокус го има намалувањето на невработеноста и зајакнувањето на вкупната економска активност во земјава. Документот предвидува сет мерки насочени кон зголемување на вработеноста, подобрување на условите на пазарот на трудот и поттикнување на домашната економија преку нови инвестиции и активни политики за вработување. Новите економски мерки ...

Музичарот Никола Враниќ, попознат како J. R. August, доживеал сообраќајна несреќа кога паднал од мотор, по што бил пренесен во Итна помош. Враниќ на својот Фејсбук профил објави фотографија од болница и им се заблагодари на сите граѓани кои му помогнале веднаш по несреќата. „Благодарам на сите што вчера застанаа и ме прашаа дали сум добро, ми дадоа вода, ми држеа чадор кога почна дождот и го тргнаа моторот од патот. Сè ми е во магла, но ...

Тажната вест ја објавија од СДСМ Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот долгогодишен член, посветен активист и поранешен советник во Општина Македонски Брод (2017-2021), Митре Јосифоски. Митре беше вистински партиски другар кој со својата смиреност и одмереност служеше како пример за чесно и достоинствено политичко делување. Ќе остане запаметен по неговата ведрина, позитивната мисла и поддршката што безрезервно им ја даваше на ...

Според информациите од УХМР, нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечерва има во Кривопаланечкиот регион. Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено, да избегнуваат престој во близина на дрвја и нестабилни објекти за време на невреме и редовно да ги следат најновите метеоролошки информации и предупредувања. Состојбата ќе се следи и јавноста навремено ќе биде ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е приведен. Освен него, во акцијата на финансиската полиција се приведени уште три лица, а за други се преземаат истражни дејствија. Според информациите до кои дојде “Фокус”, станува збор за тендер за хигиена и одржување на гранични премини и терминали од 2023 година, бизнис зделка тешка 20 милиони денари. Нашите извори тврдат дека во ...

Четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење обезбедени во акција на Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство. Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу лицата опфатени со акцијата ...

Неофицијално, според информации на „Фокус“, во тек е полициска акција поврзана со сомнежи за тендерски постапки, при што неколку лица се веќе приведени, додека за други се преземаат истражни дејствија. Меѓу нив е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кај кого во моментов се вршат претрес во неговиот дом. Според првичните информации, акцијата се однесува на сомнежи за местење тендер. Истражните органи продолжуваат со ...

Минималната пензија во Бугарија од 1 јули ќе изнесува 347,51 евра, откако бугарските пратеници едногласно ги поддржаа измените во продолжениот закон за буџетот. Со новите измени, минималната пензија ќе се зголеми од досегашните 322,37 евра, а покачувањето ќе изнесува 7,8 проценти. Предлогот беше усвоен на прво читање со 196 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан. Целта на измените е пензионерите кои примаат најниски пензии да не ...

Дел од граѓаните во последниот период пријавуваат дека не им се исплатува повратот преку апликацијата „МојДДВ“, што предизвикува дополнителни реакции и прашања околу функционирањето на системот. Од Управата за јавни приходи појаснуваат дека најчеста причина за ваквите ситуации е поврзана со статусот на корисничкиот профил и неговата регистрација во системот. Од УЈП информираат дека користењето на апликацијата „МојДДВ“ бара граѓаните претходно ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска се враќа од Турција во Македонија, но поради технички проблеми со авионот, тие се уште се во Истанбул. Чартер авионот на македонските фудбалери полетал од Истанбул во предвиденото време и се очекуваше на скопскиот аеродром да слета околу 13:40 часот. Сепак, по 20 минути лет се огласил пилотот информирајќи ги патниците дека поради технички проблем, авионот се враќа назад, по што повторно слетале во ...

Ел Нињо се буди во Пацификот и може индиректно да го засили летниот ризик за Балканот и регионот, откако најновите климатски прогнози покажуваат голема веројатност за развој на овој феномен во 2026 година, со сигнали за натпросечни температури во Европа и најсилна сигурност токму над југоисточниот дел од континентот. Yahoo Weather ја пренесува новата тревога дека Ел Нињо покажува рани знаци на враќање, а официјалните прогнози на американскиот ...

Четириесет и седумгодишен жител на Тетово бил пронајден починат во својот стан во населбата Блок 82, информираат од СВР Тетово. Случајот бил пријавен на 1 јуни во 21:40 часот, по што на местото интервенирала екипа на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт кај С.С. (47) од Тетово. Според првичните информации, на телото не биле забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која ...

Цената на нафтата на светскиот пазар останува висока, додека инвеститорите внимателно го следат развојот на геополитичките тензии што би можеле да влијаат на глобалните резерви на енергија. Референтната европска сурова нафта од типот Брент моментално се тргува по околу 95 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта WTI е околу 92 долари. Зголемувањето на цената доаѓа во време кога пазарот ги проценува можните последици од ...

Вишиот суд во Неготин ја прекина кривичната постапка против Радослав Драгиевиќ, татко на Дејан Драгиевиќ, кој е обвинет за убиство на двегодишната Данка Илиќ на 26 март 2024 година. Судот заклучи дека нема основа за обвиненијата против Радослав Драгиевиќ, кого обвинителството го товари за непријавување кривично дело и помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело, потврди судот за Танјуг. Тридневен рок за жалба Обвинителството ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
7.2
49%
1016
weather icon

Загреб

22ᴼ / 14ᴼ
0.51
62%
1015
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.02
56%
1018
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
4.63
59%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 19ᴼ
2.06
51%
1015
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
41%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
1.03
70%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 18ᴼ
0.45
48%
1016
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
100%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6482

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Родиум

282926.57

Иридиум

252383.36

Паладиум

41731.67

Алуминиум

3.25

Сребро

2080.30

Рутениум

53852.50

Платина

56103.05

Бакар

13.28

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Злато

140678.81

Калај

56.34