Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Еврозоната регистрираше суфицит од 12,4 милијарди евра во трговијата со стоки со остатокот од светот во јули 2025 година, во споредба со 18,5 милијарди евра во јули 2024-та година, според прелиминарните проценки на Европскиот завод за статистика. Извозот на стоки во јули изнесуваше 251,5 милијарди евра, што е зголемување од 0,4% во однос на 250,4 милијарди евра претходната година. Увозот вредеше 239,1 милијарди евра, што е зголемување од 3,1% во ...
Главните фактори што ја движат цената на среброто се поврзани со недостигот на суровина. Постои разлика од околу 20% помеѓу производството и потрошувачката, што е огромен дефицит за толку мал пазар. Но, прашањето е каква ќе биде улогата на среброто – како финансиска актива или индустриски метал. Доколку повторно стане финансиска актива, би можело да достигне многу високи ценовни нивоа. Екпертите ги привлече вниманието на фактот дека среброто има ...
Проактивната отпорност кон предизвиците и кризите прерасна во потреба за Европската Унија во новата геополитичка реалност – ова е заклучокот од минатонеделниот Извештај за стратешка предвидливост на Европската Комисија, кој е предложен до Советот и Парламентот. Во него се посочуваат конкретни чекори како да постапува Унијата во иднина. Делот посветен на мирот и безбедноста на континтентот предвидува и проширување со нови земји-членки, но во ...
Европската Унија (ЕУ) се движи премногу бавно во своите напори за зголемување на економската конкурентност, при што регионот „не успева да се прилагоди на темпото“ на променливиот глобален поредок, изјави поранешниот претседател на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги. Една година по презентирањето на извештајот во кој се наведува како блокот од 27 земји може да ја искористи својата економска моќ за да стане поконкурентен и ...
На 16 септември 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено каматните стапки да останат исти, односно каматната стапка на ...
Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје кај Трубарево, и според примероците кои беа земени, на 15.09.25 извести дека не е утврдено присуство на радиоактивност во воздухот и почвата, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во водата. Во текот на вчерашниот ден (16.09.25) ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за ...
Иако многумина се обидуваат да ослабат, не сите совети за исхрана се подеднакво корисни. Покрај тоа, некои од нив, иако доаѓаат од устата на нутриционисти и експерти за велнес, всушност можат да го забават напредокот или дури да доведат до зголемување на телесната тежина, пишува „New York Post“. Експертот за губење на тежина, д-р Сју Декотис, предупредува на две големи грешки што луѓето често ги прават кога се обидуваат да ослабат и ни советува ...
Кога градот Велес се разбуди со веста за двојното убиство и самоубиство, одеднаш настана тишина во воздухот. Се зборуваше со потивок глас од вообичаено, како сите да се обидуваа да ја проголтаат ужасната мисла дека вакви нешта се случуваат „тука“. Девојката, со месеци пред тоа пријавувала закани, малтретирање, молела за заштита. Институциите, се чини, слушале, но не ја чуле. И токму во таа пукнатина меѓу формуларите и реалниот живот, се случи ...
Кога Microsoft првпат инвестираше околу милијарда евра во OpenAI во 2019 година, потегот беше дочекан со воодушевување. Економските аналитичари сега сугерираат дека тоа би можело да биде една од најпрофитабилните технолошки инвестиции во историјата. Минатата недела, OpenAI објави планови за реструктуирање во профитна корпорација за јавна корист. Промената ќе ѝ овозможи да издава обични акции, давајќи им на инвеститорите директен удел во ...
Компанијата дм дрогерие маркт денес на прес-конференција одржана во скопското кафуле „Leaf“ го најави отворањето на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ за пријавување на сите државни и општински градинки, основни и средни училишта за хортикултурно уредување и раззеленување на нивните дворови. Конкурсот е поддржан од Министерството за образование и наука, а партнер за неговото спроведување е Македонското еколошко друштво (МЕД). На ...
Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски. „Ова е еден специфичен момент затоа што треба многу работи да се направат за брендот Сојуз на стопански комори повторно да дојде на она реноме од пред десетина, петнаесет години. Да влеземе во едни нови времиња на начин на кој што ќе придонесеме за зајакнување на деловното застапување, за водење на дигитална трансформација, за ...
Во Скопје секогаш нешто се копа, се гради, се удира. Каде и да се свртиш ќе забележиш камиони што тешко рикаат, скелиња што се нишаат како скелети, облаци од прав што се вртат околу како магла. Според податоците, во Скопје во моментов активни се повеќе од 240 градилишта, од кои над 70 се во густо населени делови. Градот расте, ама луѓето во него се изморени. Не од новите згради, туку од тоа што секој ден живеат на градилиште, како да се ...
Следниот пакет санкции против Русија, 19-ти по ред од почетокот на војната во Украина, не се очекува да биде објавен во среда, изјавија дипломат од ЕУ и еден национален функционер. Темата беше отстранета од агендата на состанокот на европските амбасадори во Брисел, додека притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп и самата ЕУ расте врз Словачка и Унгарија да ја намалат својата зависност од руската нафта. Оваа информација беше пренесена ...
Денес, Албанија го отвори кластерот 4 во преговорите за пристапување со Европската Унија, петти за помалку од една година, наведувајќи дека нејзината цел е да го отвори последниот кластер до крајот на годината. На меѓувладината конференција на ЕУ и Албанија во Брисел беа отворени преговорите за зелената агенда и одржливата поврзаност, со што досега се отворени вкупно 28 поглавја. Кластерот 4 ги вклучува поглавјата 14 (транспортна политика), 15 ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на повторно подметнатиот пожар во Скопје и изјавата на министерот за внатрешни работи во кој демантираше дека постојат луѓе што палат, изјави: „Па јас сега не би навлегувал во првичната конструкција дека ме демантирал министерот за внатрешни работи, видовте утрово, се појави јасна снимка како се случува подметнување пожар ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ја повика американската централна банка значително да ги намали каматните стапки на претстојниот состанок за монетарната политика. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, тој изјави дека претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, кого го нарече „Премногу доцна“, мора веднаш да ги намали каматните стапки и тоа повеќе отколку што првично замислувал, пренесува Ројтерс. Изјавата доаѓа ...
Денес стапи на сила царина од 15 проценти за автомобили од Јапонија, која американскиот претседател Доналд Трамп ја воведе како дел од трговскиот договор со Јапонија. Годинава во април, Трамп ја зголеми царината за странски автомобили на 27,5 проценти, оправдувајќи ја мерката врз основа на националната безбедност. Овој потег значително ги погоди јапонските производители на автомобили, намалувајќи ги нивните профитни маржи, објавува агенцијата ...
Намалувањето на надоместоците за плаќања преку интербанкарскиот платен систем (МИПС) кое стапи на сила неодамна, веќе предизвикува реакции кај деловната заедница и граѓаните. Со оваа промена, компаниите што секојдневно извршуваат голем број трансакции ќе добијат директно олеснување на трошоците. „За фирмите тоа значи реално поевтинување на работењето – секоја заштеда на банкарски провизии се претвора во дополнителен простор за инвестиции или ...
Денес, 16 септември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: ⦁ Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за ...
Повеќе од 1700 учесници од 15 земји, еден музички концепт инспириран од The Beatles и улици исполнети со еуфорија, костими, музика и спортски дух – така изгледаше вчерашната трка „Трчај бе со Алпско 2025“, седмото издание на најорогиналната улична тркачка авантура според многумина, во Македонија. Годинава, како и сите претходни изданија трката доби нова тема – „Битолси“, како омаж на луѓето кои оставиле траги во Битола, а инспирирани од The ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Неговата Екселенција Грегор Прескер и со економскиот советник Горан Криж. Во разговорот беше истакната улогата на Народната банка во одржувањето на макроекономската стабилност и значењето на довербата во финансискиот систем за економскиот развој и инвестициите. Гувернерот Славески ја истакна посветеноста на Народната банка кон овие принципи, ...
Симболични суми на инвестиции во заштитата на животната средина има Македонија во однос на тоа во какви услови се одвива животот на овие простори. Државниот завод за статистика објави податоци за потрошените пари во земјава кои се наменети да го подобрат квалитетот на живот преку заштита на природата во земјава. Во 2024 година за таа намена се вложени 170 милиони евра. Инвестиции за заштита на чистиот воздух само 17,5 милиони евра. Во текот на ...
„Пензијата легна, а веќе ја нема“. Со овие зборови Ѓорѓи, 72-годишен пензионер од Скопје, ја опишува својата секојдневна борба со сè повисоките трошоци за живот. Вели дека првите денови по исплатата купува што му треба, а потоа брои денови и денари до следната исплата. „Се радувам на пензијата како дете на нова играчка, а утредента половина ја нема… струја, вода, лекови, пазар… и ете…“. Инфлацијата, тој невидлив данок што не прашува дали можеш, ...
Американските акции пораснаа во понеделник откако претседателот Доналд Трамп изјави дека трговските разговори меѓу САД и Кина одат добро. Инвеститорите, исто така, се подготвуваа за клучен состанок на Федералните резерви подоцна оваа недела. S&P 500 се искачи на нов рекорд, зголемувајќи се за 0,4%. Nasdaq Composite исто така напредуваше на нов рекорден максимум, зголемувајќи се за 0,8%. Индустрискиот просек на Dow Jones остана над ...
Од 1 декември ќе почне да важи новото правило на Народната банка – банките ќе можат да одобруваат станбени кредити со само 10% учество, но исклучиво за купување прв стан или за изградба на куќа што ќе биде примарно живеалиште. На хартија звучи како олеснување, особено за младите семејства кои со години живеат под кирија, но реакциите се поделени. Некои го гледаат како конечно мало олеснување, други се сомневаат дека ќе донесе реална промена во ...
Во Македонија, денес, да си дозволиш две кафиња и една кутија цигари дневно значи дека ти испаруваат најмалку 500 денари од џебот. Секој ден, без пауза, како часовник што не знае за одмор. За еден месец, тоа се околу 15.000 денари, а за една година цели 180.000 — речиси колку еден половен автомобил или една просечна плата за шест месеци. Цигарите годинава поскапеа уште еднаш, за 10 денари по кутија, па така сега цената на најпопуларните брендови ...
Во СГГУС „Здравко Цветковски“ во Скопје денеска се одржа централниот настан по повод одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 септември, организиран од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС). Настанот беше посветен на младите и на нивната едукација за функционирањето на пензискиот систем, со цел уште од најрана возраст да се создаде култура на информираност и одговорност кон иднината. Пред ...
На состанокот на делегациите на Кина и Соединетите Американски Држави, постигнат е договор поврзан со „компанија од Кина“ која е „многу популарна меѓу младите“ во САД, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп. „Постигнат е договор за компанија која младите во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Ќе бидат многу среќни“, напиша Трамп на својот профил на мрежата Truth Social, алудирајќи на бизнисот на платформата TikTok во САД. Трамп ...
Тетово, градот под Шара кој некогаш беше симбол на пазарска раздвиженост и изобилство од локални производи, денес носи една поинаква, далеку потешка титула — онаа на македонски рекордер по скапотија на основните прехранбени продукти. На неговите пазари, килограм грав — белото зрно кое со децении беше синоним за скромна, но хранлива трпеза — деновиве се продава и до 500 денари. Пет пати поцврст удар по домашниот буџет отколку пред само две-три ...
Кога станува збор за мудро финансирање, финансискиот свет секогаш се потпира на еден човек – Ворен Бафет (95). Што го направи овој американски инвеститор и мултимилијардер толку успешен? „Нема сомнение дека берзата внимателно слуша кога Бафет прави нешто“, рече Јирген Молнар, кој со години работеше на Франкфуртската берза, а моментално е експерт за пазарот на капитал на онлајн платформата Robomarkets. Бафет – легенда и пример Тој сè уште мисли ...