Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
На прв поглед изгледа како стара селска работа: сливи на решетка, јаболка исечени на тенки кругови, круши што полека ја губат водата и го задржуваат вкусот. Но зад таа слика денес има сè повеќе бизнис. Сушењето овошје, велат познавачите на агросекторот, веќе не е само начин да не пропадне родот, туку можност за мала семејна фирма, дополнителен приход, па дури и извоз. Во време кога земјоделците често се жалат дека свежото овошје тешко се ...
Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите кандидати за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки дури и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку функционери, објави денес Брисел за Политико. Предлогот се базира на концептот на „постепена интеграција“, според кој земјите кандидати би добиле поголем пристап до програмите на ЕУ, финансирањето, трговските олеснувања и делови од единствениот пазар, во ...
Во пресрет на овогодишното издание на фестивалот „Охридско лето“, А1 Македонија ја претстави кампањата „Културна врска“, чиј централен дел е новата џез-интерпретација на легендарната македонска народна песна „Билјана платно белеше“, создадена во соработка со Националниот џез оркестар. Како генерален спонзор на „Охридско лето“, А1 Македонија годинава одлучи поддршката на културата да ја преточи во трајна вредност, музичко дело што останува ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 26 јуни 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 175,72 евра/mwh, додека на MEMO цената е 117,96 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 71,77 евра за мегават час, а на MEMO 117,76 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, го посети новиот логистички центар на Lidl во Куманово, една од најголемите и најсовремени инвестиции од ваков тип во земјата и регионот, во вредност од 115 милиони евра. За време на посетата, амбасадорката се запозна со капацитетите на објектот, одржливите стандарди и практики применети во неговата изградба, како и со софистицираните логистички процеси и ...
Македонија не е земја во која луѓето лесно зборуваат дека не им е добро. На работа се молчи, дома се трпи, во друштво се глуми дека „се е во ред“. Пред лекар се оди кога веќе не се може. А кога телото и главата ќе почнат да попуштаат, многумина не бараат разговор, одмор или системска поддршка, туку најбрзо решение е апче за смирување. Дијазепам. Лексилиум. Хелекс. Антидепресиви. Таблети за спиење. Таблети за анксиозност. Таблети за да се ...
Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк во Солун, ...
Кога некој ќе каже дека купил автомобил за 15.000 евра, најчесто сите мислат дека тоа е цената што ќе ја плати. Но вистината е дека купувањето е само првиот чекор. Во следните пет години ќе следуваат регистрација, задолжително осигурување, можеби каско, гориво, редовни и вонредни сервиси, гуми, акумулатор, паркинг, патарини и неизбежната амортизација. Сите тие трошоци ретко се пресметуваат однапред, а токму тие ја прават разликата помеѓу ...
Порано луѓето знаеја точно за што трошат пари. Сметка за струја, вода, телефон, храна. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Секој месец од банкарските сметки автоматски се повлекуваат десетици мали износи. Некои се по 99 денари, други по 299, 600, 1.200 или 1.500 денари. Ниту еден од нив сам по себе не изгледа страшно. Но кога ќе се соберат, излегува дека голем дел од семејниот буџет исчезнува без речиси никој да го забележи. Ова се ...
Сто илјади денари не се мала сума. За некого тоа се неколку месечни рати од кредит. За друг тоа е првата сериозна заштеда. За трето семејство тоа е фонд за непредвидени трошоци, поправка на автомобил, летен одмор, школување на дете или почеток на некаква инвестиција. Но во 2026 година прашањето повеќе не е само: „Колку пари имам?“ Прашањето е: Што прават тие пари додека стојат? Ако стојат дома, инфлацијата ги јаде. Ако стојат на трансакциска ...
Бакшишот, онаа банкнота што срамежливо се остава под чашата, наскоро би можел да добие свое место и на фискалната сметка. Наместо „остави нешто за келнерот“, гостите би можеле да добијат јасна ставка на сметката, доброволна напојница, внесена во систем, видлива за газдата, за работникот и за даночните власти. Идејата не е нова, но повторно се враќа во угостителските кругови во регионот. Причината е проста. Се плаќа сè повеќе со картичка, а ...
Централните банки имаат клучна улога во зачувувањето на вредноста на парите, одржувањето на ценовната и финансиската стабилност и градењето доверба во економијата, особено во услови на зголемена глобална неизвесност. Ова го истакнува гувернерот на Банката на Англија, Ендрју Бејли, во интервјуто дадено за публикацијата на Народната банка „80 години централно банкарство: Глобални перспективи, регионална соработка и идни предизвици“ (80 Years of ...
Кина продаде 5 милијарди евра во обврзници деноминирани во евра, што е нејзин најголем ваков договор во европската валута и втор за седум месеци. Министерството за финансии на Пекинг продаде петгодишни, осумгодишни и 12-годишни обврзници со распон од 3,12 и 22 базични поени, соодветно, над просечната своп-каматна стапка, според лице запознаено со ова прашање кое зборуваше под услов да остане анонимно, цитирано од „Bloomberg“. Овие нивоа се ...
Сладолед од ванила, а ванила никаде. На хартија звучи како ситна финта, ама за купувачот што плаќа поскапо мислејќи дека зема производ со вистинска ванила, тоа веќе не е само прашање на вкус. Тоа е прашање на доверба. Потрошувачките проверки покажуваат дека секој петти сладолед што се продава како ванила воопшто не содржи вистинска ванила. Наместо тоа, во дел од производите се користат ароми, синтетички ванилин или други замени кои треба да ...
Застрашувачки податоци. На годишно ниво расте бројот на убиства во Македонија. Официјалните податгоци на Државниот завод за статистика покажува дека во 2025 година бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 6.8 % во однос на претходната година и изнесува 546 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.7 %. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во ...
Кинескиот производител на автомобили „Geely“ се подготвува да го лансира својот нов електричен модел „EX2“ на европскиот пазар. Станува збор за компактен градски кросовер кој треба да се натпреварува со модели како „Renault 5 E-Tech“ и „Volkswagen ID. Polo“. „Geely EX2“ користи електричен мотор сместен на задната оска, кој развива 114 ks и 150 Nm вртежен момент. Енергијата ја обезбедува LFP батерија од 39,4 kWh, а проценетиот домет според ...
Високите температури носат со себе бројни предизвици, од проблеми со спиењето до ризик од изгореници. На многумина им е особено тешко да одлучат што да јадат во такви услови, а некои целосно се откажуваат од готвењето и преживуваат со грицки. Меѓутоа, ако сè уште сакате да јадете одреден оброк, нутриционистка сподели совети за храната што ја препорачува за време на топлотен бран, но и за онаа што треба да се избегнува, пишува „Metro“. Храна ...
Производител на чипови за паметни телефони е во преговори за изградба на прилагодени чипови за напојување на милијарди кратки видеа на „TikTok“. „Qualcomm“ наводно е во напредни преговори за обезбедување услуги за дизајн на прилагодени чипови за кинескиот технолошки гигант „ByteDance“, истата компанија која стои зад „TikTok“. Според информациите, „Qualcomm“ би можел да биде вклучен во дизајнирање прилагодени чипови специјално прилагодени на ...
Технолошкиот гигант „Samsung“ планира програма за откуп на акции во вредност од околу 90 трилиони вони (58,61 милијарди долари) откако се согласи да им даде бонуси за акции на своите вработени за време на неодамнешните преговори за плати. Веста ги зголеми акциите на компанијата за повеќе од 6 проценти. Производителот на мемориски чипови може наскоро да објави детали за планот, соопшти агенцијата, повикувајќи се на неименувани извори од ...
Европската унија (ЕУ) ќе предложи реформа на банкарскиот сектор за отстранување на финансиските бариери во рамките на блокот и намалување на неговата зависност од странските банки за критични потреби за финансирање, според нацрт-извештајот на Европската комисија (ЕК) што го виде „Euronews“. Извештајот, кој треба да биде доставен на 15-ти јули, ги поставува темелите за пошироки реформи во банкарскиот сектор што се очекуваат во 2027-ма година. ...
Премиерот Христијан Мицкоски испрати јасна и недвосмислена порака до ланците на супермаркети во државава во која посочи дека претераа со зголемувањето на цените и дека наредниот период ќе следат мерки. Имавме со маркетите и трговците долг и би рекол искрен разговор и на тој состанок дефиниравме една цел. Се сложувам со вас дека претераа и тоа беше и мојата порака и ценам дека искрен беше дијалогот. Таков состанок треба да направиме и со ...
Летната жештина, спортските настани и ладното пиво се неопходен дел од топлите денови за многумина. Но, лекарите предупредуваат дека алкохолот за време на високи температури може сериозно да го загрози здравјето и да го зголеми ризикот од топлотен удар, дехидратација и срцеви проблеми. Европа моментално се соочува со нов топлотен бран, а според податоците објавени во стручното списание „The Lancet“, бројот на смртни случаи поврзани со ...
Климата дома не е проблем. Проблем е кога ја пуштаме како да сакаме за десет минути да ја претвориме дневната соба во ладилник. Надвор 36 степени, внатре некој ја мести на 18, ги отвора вратите, оди од соба во соба, па на крај се чуди зошто сметката за струја скокнала како летна температура во јули. Сцената е позната. Се враќате од работа, влегувате во станот, воздухот тежок, прозорците загреани, ѕидовите „дишат“ топлина. Првата реакција е ...
Денес влегува во собраниска процедура “ЗАКОНОТ ЗА ТРОТИНЕТИ”, односно Закон за изменување и дополнување на законот за безбедност на сообраќајот. Според пратеникот Игор Здравковски, со овој закон се ограничува возраста на минимум 18 години за да управува лице со тротинет. Исто така, се забранува возење на двајца на едно возило и брзината се ограничува на 20 км/час. Ова е потреба, но и последица на сѐ она што се случува во изминатите две години ...
Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година. Секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати. За граѓаните на кои им е донесено или ќе им биде донесено решение со корегиран износ, рокот за уплата изнесува 15 дена од денот на ...
АЛТА Банка АД Битола, во рамки на својата определба за општествена одговорност и поддршка на иницијативи кои создаваат позитивна вредност за заедницата, го поддржа детскиот духовно-образовен камп „Православието и духовноста нè поврзуваат – Под закрила на молитвата“, кој се одржува од 22 до 29 јуни во Охрид. Поддршката на Банката е насочена кон реализација на активностите во рамки на кампот, како и кон обезбедување практични летни подароци за ...
Македонската економија повторно испраќа сигнал кој економистите го следат со внимание. Потрошувачката останува релативно стабилна, но увозот продолжува да расте побрзо од извозот. На прв поглед тоа изгледа како обична статистика, но зад бројките се крие прашање што директно влијае врз животниот стандард, домашното производство и идниот економски раст. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во текот на 2025 година ...
На прв поглед бројките изгледаат контрадикторно. Од една страна, банките секој квартал објавуваат раст на депозитите на населението, а од друга страна голем дел од граѓаните велат дека животот станува сè поскап и дека на крајот од месецот остануваат со сè помалку пари. Како е можно банкарските штедни влогови да растат, а истовремено многу семејства да чувствуваат финансиски притисок? Податоците покажуваат дека македонскиот банкарски сектор ...
Долгиот живот не мора да значи здрав живот. Многу луѓе денес живеат значително подолго од претходните генерации, но тие дополнителни години често се придружени со хронични болести, когнитивен пад или општа слабост. Овој јаз помеѓу очекуваниот животен век и времето поминато во добро здравје е едно од најголемите прашања со кои се соочува истражувањето за стареењето. Но, научниците кои ги проучуваат семејствата со необично долговечни членови ...
Во Србија, просечната бруто плата во април оваа година изнесувала 168.008 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 121.805 динари(1 040 евра), објави денес Републичкиот завод за статистика на Србија. Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за април 2026 година била номинално повисока за 11,4 проценти, а реално за 7,8 проценти, додека просечната нето плата била номинално ...