Сакаат да ги следат стапките на мама – Како изгледаат денес ќерките на Адриана Лима и Марко Јариќ? Бразилскиот модел се разведе од српскиот кошаркар Марко Јариќ во 2016-та, а со него ги има ќерките Валентина и Сиена – првата ќерка се роди само 1.9kg тешка, а денес се тинејџерки кои одат по настани со мама и сакаат да ги следат нејзините стапки. Тие сега имаат и полубрат, кој Лима го доби со партнерот Андре, а се појавуваат заедно на настани. ...

Наташа Беквалац: „Наместо за скапа чанта, подобро да дадам пари за школарина за моето дете“ „За мене статусен симбол не е некоја материјална работа, туку животот што го живееш“, вели Наташа Беквалац и додава дека нејзин приоритет не се скапи работи, туку квалитетот на животот на нејзините деца и нивното образование. Наташа Беквалац е позната по хитовите, но и како една од познатите личности во регионот што секогаш изгледа одлично. Но, сега ...

Австрија победи на Евровизија 2025, две земји со по 0 поени од публиката (видео) Вечерва во Базел, Швајцарија се одржа 69-тото издание на Евровизија, а победник со песната Wasted Love е Џеј Џеј, претставникот на Австрија. Во големото финале настапија 26 земји, по десет од двете полуфиналиња, домаќинот Швајцарија и земјите од големата петорка - Шпанија, Италија, Германија, Велика Британија и Франција. Најмногу гласови од жирито освои ...

Едина Муса кума на свадба - блеска во кратко фустанче покрај сопругот и синот „Првата свадба заедно“ - напиша Едина на Инстаграм Стори, на фотката со синот, кој е дотеран во боди со машна-пеперутка и елеченце. Едина Муса и нејзиниот сопруг Александар денес се кумови на свадба кај свои најблиски пријатели. Поранешната кошаркарка се дотера во кратко црно фустанче и објави неколку фотки и видеа на Инстаграм од дома и од „одењето по невеста“. ...

Овации за К-15 по првото спектакуларно шоу во живо, со кое одбележуваат 30-годишен јубилеј Со овации и смеа од почеток до крај публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ вчеравечер (16.05) ги поздрави Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров по првото шоу во живо со кое прославуваат 30 години К-15. Вечерта помина многу музика, смеа и емоции. На сцената се редеа некои од најлегендарните скечеви, но и неочекувани нови скечеви, ...

Тејлор Свифт се чувствува искористено, Џиџи Хадид ја игнорира: Зошто најдобрите пријателки ѝ свртија на Блејк Лајвли? Блејк Лајвли и Тејлор Свифт важеа за најдобри пријателки, сè до обидот на актерката да ја вмеша во случајот против Џастин Балдони. Поради истиот случај, Блејк веќе не се дружи ни со Џиџи Хадид, а наводно сите пријатели од Холивуд почнале да ѝ вртат грб. Додека го чека судењето со режисерот Џастин Балдони, кое е закажано за ...

Оља Црногорац за бременоста, по борбата со неплодност: „Баба ми плачеше со денови, не можеше да поверува“ „Јас сум жив пример што тргна од дното и од борба со најдлабока депресија, вина, самоуништување, до тоа денес да знам што може да ме допре и да ме помести... Само нечија смрт. И толку. Порано, лудата Оља реагираше на сè со срце и душа и се уништуваше себеси. Денес, сум коцка мраз...“, вели Оља Црногорац која е во поодмината фаза од ...

Теодора од Скопје беше во Дубаи со тодлер и бебе: „Ме плашеше летот со 2-месечно бебе, Дубаи е рај за деца“ „Нашата мала тајна за лесно патување со деца е - ноќни летови. Секогаш кога патуваме на подолги дестинации, се трудиме да избереме термини кога природно ќе им дојде време за спиење. Така и овој пат, летот беше навечер, што се покажа совршено“, ја започнува својата приказна за престојот од 20 дена во Дубаи со деца Теодора од Скопје, ...

Квиз: Ќе одговорите ли точно на 10 прашања за Евровизија? Кои беа водители на Евровизија во Белград 2008? Со која песна Дима Билан победи на Евровизија? Дали сте евровизиски фан или овие 10 прашања ќе ви бидат тешки? Евровизија е најголемото музичко шоу на континентов, што постои од 1956 година. Од првиот пренос па до денес, фестивалот еволуираше, па последниве години во прв план не се песните, туку сценскиот настап и шоуто на сцена. И ...

„Немој да правиш работи на кои срцето не ти се радува“ и уште 10 кул цитати Што сè не си преболела, па опушти се и ова ќе помине. Запомни – важно е само да си добро и на твоето семејство да му е добро. Теодора Вуковиќ е млада српска писателка и поетеса, која ја објави својата прва збирка поезија, „Ултравиолетна“ во 2020 година, а која беше одлично прифатена од читателите. Во 2024 година, таа го објави продолжението, „ Ултравиолетна 2“, ...

18 симболични тетоважи кои им го сменија животот на луѓето Тетоважата не е само цртеж на кожата, туку рефлексија на некоја лична приказна, сон, желба.... Имате ли и вие и каква прикана се крие зад неа? Луѓето често имаат дилкема како да ја изберат вистинската тетоважа за нив, особено ако станува збор за прва „слика“ што ќе ја стават на телото. Важно е и каде одат, зашто, иако некои тату-артисти се вистински уметници, други и не се толку ...

Во пожар на маратон ѝ изгореле 65% од телото, имала 200 операции: Инспиративната приказна на Турија Пит од Австралија Во 2011-та, Турија Пит од Австралија трчала маратон, но се нашла среде опожарена област од која не можела да избега. Ѝ изгореле 65% од телото, ѝ биле ампутирани седум прсти и поминала 6 месеци во болница. По закрепнувањето, Турија се натпреваруваш на низа маратони, напиша книги, а држи и мотивациски говори за да ги инспирира ...

Страв им е да одат во тоалет, работат 60 часа неделно: Страшните услови за работа во магацините на Amazon Џеф Безос одамна е критикуван за нехуманите услови за работа во складовите на Amazon. Работниците уринираат во шишиња бидејќи ако го напуштат работното место и на 5 минути, може да бидат отпуштени. Истовремено, за празници мораат да работат и до 60 часа неделно и немаат право на платен одмор. Amazon важи за најголемиот онлајн трговец на ...

Рецепт за здраво мезе: Крцкава брокула со кашкавал Ако немате идеја за здраво мезе, тогаш овој рецепт ќе ви се допадне. Згмечена брокула потпечена на основа од кашкавал - ќе барате парче плус. Независно дали сте љубител на брокула или не ви е омилена, но сакате да ја консумирате, овој рецепт со сигурност ќе ви стане омилено мезе. Се прави многу лесно, изгледа необично, а вкусот ќе ви остане во сеќавање долго после тоа. Потребни состојки: ...

Едноставни трикови со кои ќе си ги олесните патувањата Пакувајте облека која е отпорна на многу гужвање, правете си комбинации за секој ден од патувањето уште од дома, проверувајте си ги работите кои ви се вредни пред секое напуштање на локал или такси - трикови кои треба да ги знаете ако често патувате. Патувањата понекогаш можат да бидат стресни, но оние кои се искусни патувачи, имаат трикови кои им помагаат да бидат поорганизирани и да ...

8 вежби со кои ќе го доведете телото во топ форма до лето За да го затегнете телото и да изгледате совршено до лето, доволни ви се само овие осум вежби за кои не ви треба опрема, освен јаже за скокање. Летото е речиси овде, но сепак имате доволно време да го затегнете телото и да се вратите во форма, а со тоа да го подобрите и здравјето. Ако немате време за теретана, истиот ефект ќе го постигнете и со вежби кои се прават дома, без никаква ...

Фото-докази дека и најубавите славни жени изгледаат чудно со „погрешни“ веѓи Салма Хајек и Кира Најтли изгледаат навистина чудно без препознатливите густи веѓи. Од друга страна, на Гвинет Палтроу воопшто не ѝ стојат потемни и погусти веѓи од нејзините природни. Сите сме поминале низ фаза кога сме експериментирале со веѓите и сите имаме стари фотки кои дури и се срамиме да ги погледнеме поради ова. Факт е дека од сите карактеристики на ...

Колку се смени и што прави денес Швајцарецот Немо, победникот на Евровизија 2024? Се пресели во Берлин, се залага во Швајцарија да се воведе трет пол, целосно го смени изгледот - каде е денес Немо, кој лани победи на Евровизија? Пред точно една година, во мај 2024, европската јавност првпат слушна за Немо Метлер, 25-годишниот пејач од Швајцарија, кој победи на Евровизија. Во големото финале, битката за трофејот се водеше помеѓу Немо, кој ја ...

Најде љубов по малтретирањето од Пи Диди, очекува трето дете: Која е Кеси, бившата девојка на озлогласениот рапер? Кеси Вентура имала само 19 години кога го запознала Пи Диди. Некако ја натерал да потпише договор со неговата продукциска куќа за 10 албуми, па на овој начин добил контрола над нејзината кариера. Врската ја почнале кога Кеси имала 21, а Диди дури 38 години. Пејачката Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура, периодов е во ...

Победи за Југославија на Евросонг, па изгуби сè: „Нè возеа во лимузини, a завршивме во подрум без струја“ „По победата со Rock Me се преселивме во Швајцарија за да снимиме албум, но војната веќе започна. Моите родители и брат ми бегаа од гранати во подрум, а ние требаше да бидеме претставени на светот како југословенски хит бенд? Не можевме да го направиме тоа и сè запре“, се сеќава Емилија Кокиќ на моментите кога изгубила сè. Во 1989 година ...

Пајак и Слаткар со „Его“ го растопија интернетот – летото конечно стигна! Кога Спајдермен и Бетмен ќе си подадат рака, резултатот не е битка, туку – брутален летен хит! Христијан Настески – Пајак и Марко Маринковиќ – Слаткаристика, или како што веќе ги нарекуваат фановите – Spiderman & Batman на македонската сцена, официјално го пуштија во етер новиот сингл „Его“, кој експресно се искачи високо на трендинг листата на YouTube. ...

Сите изгледаат мизерно – Како да препознаете токсично работно место, уште на интервјуто за работа? Ги навредуваат поранешните работници и сите вработени изгледаат депресивно и мизерно. Како можете да познаете токсична работна средина, уште на интервјуто за работа? Кога одите на интервју за работа, тргнувате со идејата дека вие треба да им се допаднете на луѓето кои ќе ве интервјуираат. Но, важно е и вам да ви се допадне тамошната атмосфера, ...

Се разведе Илма Карахмет (25), талентираното девојче од X-фактор, кое се омажи на 18 години: „Психологот ми помогна“ „Кога се омажив, не размислував на начин 'Еј, имам 18 години, ќе се мажам', туку повеќе ми беше важно тоа што бев вљубена, среќна, се гледав со таа личност и немав што повеќе да чекам...“, ја започнува својата исповед Илма Карахмет. Илма Карахмет е поп-пејачка од Босна и Херцеговина, родена на 2 мај 2000 година во Травник, а ...

На Карина Неготино ѝ стана дом, научи македонски јазик и снима хит видеа: „Шопска салата ми е омилена и фразата ‘Ќе биде’“ Браво Карина! И за македонскиот јазик и за ставот! Со пристапот на кој го објаснува начинот на живот во Македонија таа нè потсетува на сите убави работи за животот тука, кои ги подзабораваме на моменти. Од пикници во природа до појадок со шопска и ракија... Карина Гонзалез Хил е девојка со прекрасна енергија на која ...

Луѓе кои со малку труд си ги претвориле балконите во рајско катче за уживање (фото) Ако балконот не ви е подготвен за лето, време е да се инспирирате од луѓе кои споделија фотки од нивното омилено место во домот - не мора да е луксузно за да изгледа бајковито и да биде ваша мала оаза. Можеби за многумина терасите се бескорисни или служат како дополнителен магацин во домот, но за други, се идеално катче за уживање. Без разлика дали е помал ...

Хелена Роза горда на својата ќерка - Кјара дипломираше на втор факултет во Нов Зеланд и прослави со семејството Кјара Пауни, ќерката на Хелена Роза, уште еднаш покажа колку е успешна и амбициозна во својата професионална кариера и во желбата да биде успешен адвокат, но и да биде дел од политичкиот живот на Нов Зеланд. Кјара, неодамна заврши правен факултет на Нов Зеланд, а сега ја зеде дипломата и за вториот завршен факултет. Церемонијата на ...

Највпечатливи моменти на Евровизија 2025: Српскиот пејач го влечеа по сцена, песна на Дарко Димитров не влезе во финале Настапот на Израелката беше проследен со контроверзии, ниедна поранешна ЈУ република не се пласираше во финалето, водителките и оваа вечер беа недопадливи. Што се случуваше на второто полуфинале на Евросонг 2025? Вчеравечер во Базел, Швајцарија, се одржа второто полуфинале на 69-тата Евровизија. Македонија, иако немаше свој ...

Џастин Бибер првпат се огласи за шпекулациите дека бил силуван и од Диди: „Да не го тргаме фокусот од жртвите“ Џастин Бибер првпат прозборе за шпекулациите дека бил жртва на Диди – преку својот портпарол, пејачот тврди дека не бил малтретиран, но дека многу луѓе сепак страдале од озлогласениот музичар и продуцент. Преку својот портпарол, Џастин Бибер првпат се огласи за шпекулациите дека и тој бил една од многуте жртви на музичарот и ...

Зои Блаж: „Пред 6 години доктор ми кажа - со твојата болест не можеш да бидеш мајка, но Бог ми даде ќерка“ „Пред повеќе од 6 години ми беше срушен најголемиот сон - а тоа е да станам мајка. Знаете колку е тешко да се живее со таа мисла, но сега фала ти Боже за овој дар. Ти ветувам дека ќе го чувам како капка на дланка“, вели Зои Блаж, која објави и кадри од болницата во Германија, каде се породи. Чуда навистина се случуваат! Инфлуенсерката ...

Дрво или тупаница - што гледате прво кажува како се носите со предизвиците во животот Дали имате импресивна способност да се издвоите или, пак, заштитен знак ви е несебичноста? Ви се допаѓаат ли тестовите на личноста? Ако е така, добро погледнете ја илустрацијата... Што гледате прво на неа ќе каже многу за тоа каков тип на личност сте вие. Што видовте прво на илустрацијата? Дрво или тупаница? Толкувањето е на следната страница... Би можело ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
90%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
91%
1017
weather icon

Софија

10ᴼ / 6ᴼ
0.0
63%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.68
98%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.34
93%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.68
89%
1018
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1015
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
100%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
95%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
94%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
100%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056