Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните. Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку ...
Соопштение на СДСМ: Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Ова е продолжение на кризата, за што СДСМ со месеци зборува, алармира и бара владата да воведе мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо и не воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Без разлика дали тоа е поради неспособност или намерно – граѓаните сепак ја плаќаат цената. За 10 илјади денари е ...
На 14.07.2026 во 22:05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода маж(48) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, ...
На 14.07.2026 во Полициската станица Струмица е пријавено дека настанал пожар во атар на село Мокриево, струмичко. Од страна на ТППЕ Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. На 15.07.2026 бил извршен увид од страна на инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа на СВР Струмица, при што било утврдено дека од пожарот се опожарени ниви засадени со јапонски јаболка, круши и костени. На 14.07.2026 во Полициската станица ...
Унгарија и ја затвора вратата на Русија и сè повеќе се усогласува со своите сојузници, изјави унгарскиот министер за одбрана Ромулуш Русин-Сенди на Конференцијата за енергетика и безбедност во Будимпешта. „Им ја затвораме вратата на Русите“, рече Рушин-Сенди, додавајќи дека „е потребно да се земат предвид интересите и вредностите на земјата и нејзините сојузници“. Унгарската влада, предводена од премиерот Петер Маѓар, зазеде проевропска ...
Куба вчера доживеа уште еден целосен колапс на националниот електроенергетски систем (SEN), оставајќи го целиот остров без струја. Ова е трет ваков инцидент за помалку од две недели, а доаѓа во време кога ембаргото за нафта на САД врши голем притисок врз мрежата на островот, објавува Euronews. Државната компанија „Електропривреда“ објави дека проблем во производствена единица во источната покраина Холгин предизвикал „ненадејна промена на ...
67-годишен Тираносаурус беше продаден на аукција на „Сотбис“ во Њујорк за 37,4 милиони фунти (50,1 милиони долари), што го прави најскапиот диносаурус некогаш продаден. Фосилот на овој познат предатор е висок повеќе од четири метри, а со зачувани повеќе од 60 проценти од неговите коски, тој е еден од „најкомплетните“ примероци пронајдени некогаш, објави „Сотбис“. Името на победничкиот понудувач на аукцијата одржана вчера сè уште не е ...
Шпанските власти потврдија по обдукциите дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја опустоши Андалузија биле странски државјани. Пожарот избувна минатиот четврток во живописната југоисточна покраина Алмерија, популарна меѓу странските жители по должината на медитеранскиот брег, пишува Euronews. Во официјалното соопштение се наведува дека седум жртви се од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција ...
Украинските сили за беспилотни системи (USF) извршија напад врз руската „флота во сенка“ во близина на окупираниот Крим синоќа, погодувајќи 20 бродови. Нападот, кој се случил ноќта помеѓу 14 и 15 јули, го пријавил командантот на USF Роберт „Маѓар“ Бровди, пишува „Украинска правда“. Според објавените детали, погодените 20 бродови вклучуваат 17 танкери за нафта, два танкери за гас и еден реморкер. Ова е продолжение на кампањата на Украина ...
Претставничкиот дом на САД вчера гласаше за воведување трајно летно сметање на времето, усвојувајќи закон наречен Sunshine Protection Act. За предлог законот гласаа 308 пратеници, а 117 „против“. Пратениците од двете партии го поддржаа законот, со кој ќе се елиминира потребата Американците да ги менуваат часовниците двапати годишно и наместо тоа ќе се одржи сегашното време од март до ноември, познато како трајно летно сметање на времето, ...
Припадниците на 427-та украинска посебна бригада на беспилотни системи „Рарог“ соборија руски хеликоптер Ми-28 во регионот Белгород, објави командантот на украинските сили на беспилотни системи, Роберт Бровди. Бровди рече дека нападот се случил околу 10 часот по локално време во близина на селото Вјазово во регионот Белгород во Русија. „Ми-28 Ноќен ловец на руските црви се заби со носот во земјата“, напиша тој. Тој исто така сподели видео од ...
Прес конференција на Валентин МанасиевскиЧ Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога ќе имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата. Изборниот законик освен што треба да се донесе поради барање на политичките партии треба да се донесе и поради вметнување на препораките и забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, но тој треба да се донесе и затоа што е дел од Реформската агенда, во која ние како држава ...
Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.В.(65) и неговата сопруга С.В. (59), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека на 21.03.2024 на паркинг во скопската населба Автокоманда, М.В. го убил А.Т., а С.В. му помогнала прикривајќи ги трагите. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, а врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител, обезбедени се докази и поднесена е кривична ...
Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ. ...
На 14.07.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека во февруари оваа година почнала комуникација со лице преку социјални мрежа, по што тоа и побарало пари, наводно за лечење на неговото болно дете. Пријавителката во неколку наврати му дала вкупно околу 700.000 денари, но подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 14.07.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријави дека ...
На 14.07.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Тетово- Скопје, во близина на наплатна рампа Глумово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од Скопје и возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишната Л.А. од с.Патишка Река, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од ...
На 15.07.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Велес приведоа лице (26) од Велес, затоа што на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, агресивно се однесувал кон полициските службеници кои извршувале службени задачи, а при преглед кај него бил пронајден и одземен нож. Исто така, утврдено е дека приведениот бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,00 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: За само две години, во спортот Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложи над 21 милион евра. Реализирани се и започнати 60 капитални спортски проекти. Се инвестира во нови спортски сали, базени, атлетски патеки, се реконструираат стадиони, мултифункционални игралишта и се создаваат подобри услови за илјадници спортисти низ целата држава. Се градат нови спортски сали во Радовиш, Крушево, спортската сала „Расадник“, ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат. Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик. Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, ...
На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани. За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, изјави: „Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе ...
Соопштение на СДСМ: Додека четири земји направија нов чекор напред кон Европската унија, Македонија повторно останува заглавена. Ова не е резултат на надворешни околности, туку директна последица од политиката на Христијан Мицкоски и негова криминална организација ВМРО. Европската Унија не е само политички проект. ЕУ значи пари, фондови, подобар живот и отворање на можности за сите граѓани. Тоа значи дека младите ќе можат да останат во ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Ја поздравуваме брзата акција на македонската полиција и приведувањето на бегалецот од правдата, Александар Лазаров – Цуна. МВР покажува високо ниво на професионално постапување и бескомпромисна борба против криминалот, при што постапува подеднакво кон секој кој се огрешил пред законот. Со приведувањето на Цуна, паднаа во вода обвинувањата на СДС дека Панче Тошковски сакал да го пушти на слобода. Впрочем, оваа е уште ...
Соопштение на СДСМ: Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО. “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. ...
Соопштение на Левица: Ослободителната пресуда за Никола Груевски во предметот „Талир 2“ е директна последица на измените на Кривичниот законик што во 2023 година заеднички ги изгласаа СДСМ и ДПМНЕ. Со тие измени беше изменет членот 353 за злоупотреба на службената положба и овластување, врз кој се темелеше обвинението. Поради примената на поблагиот закон, предметот беше вратен на повторно одлучување и заврши со ослободителна пресуда. „Талир ...
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на ...
Соопштение на СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување. Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо. -Партија против НАТО во земја членка на НАТО. -Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија. -Проруска партија во земја ...
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовираат: Лидија Капушевска Дракулевска, Биљана Стојановска и Оливера Ќорвезироска. „Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски. Таа продолжува таму каде што завршуваат ...
Русија фрли бомба од три тони FAB-3000 врз градот Орихив во Запорошката област на Украина и објави видео од нападот. Градот се наоѓа недалеку од линијата на фронтот, а видеото покажува огромна експлозија, пишува PolskieRadio24.pl. Видеото циркулира на социјалните мрежи од вчера. Видеото го прикажува ударот на моќната бомба во урбана област. Висок облак од чад се издига над местото на ударот. FAB-3000 е фрагментациска бомба чија вкупна тежина ...
Кина има за цел да го зголеми просечниот животен век на 80 години до 2030 година, од 79,25 години во 2025 година. Планот, издаден од Државниот совет, е дел од пошироките напори на Кина за подобрување на јавните медицински услуги и унапредување на иницијативата „Здрава Кина“, објавува „Синхуа“. Како што е наведено, планот утврдува мерки за проширување на еднаквиот пристап до здравствена заштита, поттикнување на пошироката јавна свест за ...