
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Др. Кели и неговиот истражувачки тим потврдуваат дека раното почнување со работа е лошо за нашето здравје и тело. Тоа е така поради биолошкиот часовник, како и нашите хормони, активноста на мозокот и нивоата на енергија. Според др. Кели, луѓето не можат да го менуваат таквиот ритам. Без оглед на тоа колку и да се трудиме да се навикнеме на раното станување, нашиот црн дроб и срце имаат различен начин на функционирање. Тоа е така бидејќи ...
Јованчев порача: Владиното мнозинство во буџетот за 2025 ќе продолжи уште посилно да ги поддржува земјоделците и земјоделието. Земјоделието е еден од приоритетите во ребалансот на буџетот за 2024-та година. За жал, земјоделците беа заборавени во буџетот, па така нивните законски права, односно обврските кои треба државата да ги исплати на нивните сметки не беа планирани од страна на претходната власт, вели Зоранчо Јованчев, пратеник на ...
Народната банка денеска ги објави позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците за јуни 2024 година. Како што се наведува во соопштението од НБ, годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,48 п.п., при што во јуни таа изнесува 1,88 отсто. Во јуни 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,47 отсто и забележа месечен пад од 0,02 п.п., при годишно зголемување од 0,35 п.п. ...
Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 01.01-30.06.2024 година оствари добивка во износ од 2.844,6 милиони денари, и е поголема во однос на истиот период од минатата година од 2.003,3 милиони денари, што претставува зголемување за 42,0 %. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4.503,8 милиони денари и бележат зголемување од 36,5 % во однос на истиот период од минатата година. Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во ...
ПроКредит Банка за прв пат на нашиот пазар воведува бенефит за физички лица кои користат интернационални трансфери. Така, сите нови клиенти кои ќе отворат сметка во ПроКредит банка до крајот на месец август добиваат неограничени бесплатни приливи од странство до крајот на годината. ПроКредит банка ќе ги обработува девизните приливи од странство без провизија, без разлика од која банка од странство истите се испратени. Динамиката на денешницата, ...
Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра. За 2024 година на располагање на општините се 6 милијарди денари кои се обезбедени со новиот ребаланс. Досега Министерството за локална самоуправа преку партнерство со УНДП и Шведската амбасада подготви 56 проектни ...
Во известување преку Македонската берза, Комерцијална банка објави дека ќе даде понуда за купување на сите обични акции на Стопанска банка АД Битола. “Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да дадe понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола”, се вели во ...
„Инфлацијата и натаму се приспособува и забавува, сведувајќи се до 3,2 % во јуни 2024 година, што е одраз на соодветната монетарна политика што ја спроведува Народната банка и ублажувањето на увозните ценовни притисоци. Девизните резерви и натаму растат, достигнувајќи ниво од 4,3 милијарди евра. Банкарскиот сектор е стабилен и профитабилен, со ниско ниво на нефункционални кредити, а регулаторните мерки придонесоа за задржување на финансиската ...
Царинската управа во последниот месец наплатила вкупни приходи од 11,9 милијарди денари, односно 195 милиони евра, што е, како што велат од таму, за 16,6 % повисок износ во споредба со истиот период во 2023 година. Ова, според Царинската управа, е највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од постоењето на Царинската управа. „Уште на првиот ден од моето назначување за директор на Царинската управа ветив испорака на видливи ...
Грција го забрани движењето на кози и овци од нивните фарми за да се борат со смртоносната епидемија на „козја чума“. Министерот за земјоделство и рурален развој Костас Цијарас најави забрана за комерцијално колење на кози и овци, како и движење на животните. Мерките веќе се во сила во делови од централна Грција каде што за прв пат беше пријавена епидемијата. Вирусот, познат и како peste des petits ruminants (PPR), е многу заразен и ...
Германската економија изненадувачки бележи пад во вториот квартал од годинава. Особено се намалени инвестициите во машини и згради. Ова значи дека Германија заостанува зад другите големи земји на ЕУ. Германската економија во вториот квартал изненадувачки се намали, бруто домашниот производ падна за 0,1 отсто од април до јуни во однос на претходниот квартал, како што објави денеска Сојузниот завод за статистика. Особено се намалени инвестициите ...
Црната економија во денешно време од пазарите и улиците се префрли на интернет, вели директорката на УЈП Елена Петрова. Таа е децидна дека мора да се најде начин да се оданочуваат сите оние страници на Фејсбук и Инстарам кои продаваат се и сешто а не ги плаќаат давачките кон државата. Oваа област бара засилен фокус на УЈП преку информирање кои се нивните законски обврски а потоа и контроли.Како едно среднорочно решение за онлајн тровијата е ...
На валутните пазари индексот на доларот, кој ги мери перформансите на САД во однос на шесте најважни светски валути, утринава изнесува 104,41 поен и е на пат да падне за 1,36 отсто од почетокот на јули. Курсот на јенот зајакна за 0,2 отсто во однос на доларот, така што доларот изнесува 152,465 јени. Јапонската валута е на пат да добие 5,5 отсто во однос на доларот од почетокот на јули, што е нејзино најдобро месечно остварување од ноември 2022 ...
Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова. Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије. „Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ќе започне после ребалансот на Буџетот. ...
На покана на Здружениот виенски институт, вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска и извршната директорка, Султанија Бојчева-Терзијан, одржаа предавање на тема „Комуникацијата како составен дел од инструментариумот на монетарната политика на централните банки“, осврнувајќи се на примерот на нашата централна банка. Во рамките на предавањето беше истакнато значењето на комуникацијата на централните банки како еден од клучните инструменти ...
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, оствари средба со Антје Ванделт, директорката на АХК Македонија. АХК Македонија е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји ширум светот, која веќе 24 години ги следи потребите и предизвиците на стопанството во земјата. На средбата, се говореше за интересот на германските компании за Македонија, за актуелните предизвици со кои се соочуваат германските и локалните ...
Данокот на добивка за фирмите кои најмногу заработуваат да биде преполовен. Овој предлог го обелодени премиерот Христијан Мицкоски откако се сретна со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија. Наместо 10 проценти како до сега, нивната добивка ќе биде оданочена со најмногу 5 проценти, најави Мискоски. Според Мицкоски, намалувањето ќе биде наменето за сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја ...
„Даваме поддршка, затоа што дејствувањето на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ја девастира животната средина и директно го загрозува животот на луѓето во Прилеп. Не нѝ е прв пат да ги поддржиме на блокадите, нашата пратеничка група и нашиот правен тим им е целосно на располагање на активистите“ , истакна пратеникот на Левица Сашко Јанчев на денешниот протест организиран од народната иницијатива „Спас за Прилеп“. Јанчев изјави дека преку ...
Наскоро започнува дводневен состанок на Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви (FOMC). Според очекувањата на аналитичарите, тој се уште нема да ја менува монетарната политика, но за каматите треба да интервенира во септември. Во САД инфлацијата стивнува. Годишната стапка на инфлација врз основа на личната потрошувачка (PCE) во јуни се намали од 2,6 во мај на 2,5 отсто. Во меѓувреме, економскиот раст доби на интензитет. Во вториот ...
ММФ проценува дека до 2032 година односот на американскиот јавен долг кон БДП ќе надмине 140% и предупреди дека таквиот раст ја загрозува и националната и глобалната економија и ги повика властите во земјата што поскоро да започнат со намалување на долгот. Американскиот државен долг достигна 35 трилиони долари за прв пат во историјата, покажуваат податоците на американското Министерство за финансии. Канцеларијата за буџет на Конгресот на САД ...
Државниот инспекторат на Република Хрватска повлече говедски и пилешка коцки тешки 120 грама со рок на траење до 2 и 3 јули 2025 година, поради можна контаминација поради механичко оштетување на машината. Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката со пилешко е од серијата 0307241 со рок на траење до 3 јули 2025 година, објави Хрватската агенција за земјоделство и храна на својата ...
Поплаките дека на германската економија сѐ повеќе ѝ недостига стручна работна сила, се сѐ погласни. За да ги привлече од странство, владата планира даночни поволности. Како е тоа регулирано во другите земји од ЕУ? Во „иницијативата за раст“ германската влада предвидува новодоселените стручни работници да може даночно да бидат ослободени во првите три години – 30, 20 и 10 проценти од бруто платата. За таквото ослободување ќе биде дефинирана ...
Во петокот бил разрешен надзорниот добор во МЕПСО, дознава Телма. Новиот одбор утре треба да назначи и нов директор. На чело на компанијата во моментов е Зуди Енуз, а негов заменик е Никола Рилак, пишува Телма. Членови на Надзорен одбор се Назиф Буши, проф.д-р Николче Ацевски, Дарко Тасев, Мусли Муслиу, проф.д-р Владимир Димчев и Јане Миланов. Телма дознава дека во петокот по разрешувањето на надзорниот одбор, од МЕПСО во УЈП испратиле ...
Регулаторната комисија донесе одлука за нова цена на горивата која стапи на сила од полноќ. Има намалување на цените кај сите горива. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 0,5 денари, и ќе се продава за 81 денар по литар. Цента на ЕУРОСУПЕР 98 се намалува исто за 0,5 денари и ќе се продава за 83 денари по литар. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1 денар, и изнесува 74 денари по литар. Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство и ќе се ...
Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците согласно обврските од законската ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва, во рамки на првиот ден од амандманската расправа за предложениот ребаланс на буџетот, не го усвои првиот амандман предложен од СДСМ, со кој опозициските пратеници бараат да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците, „согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори“. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против и во расправата истакнаа ...
Исплатата на парите од „мој ДДВ“ нема да започне пред да има ребаланс на буџетот, појаснува директорката на УЈП Елена Петрова за она што најмногу ги интересира граѓаните. Таа вели дека со сегашниот буџет не се предвидени средства за исплата и оти е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тромесечије. Би сакала да појаснам дека не е започната исплатата на Мој ДДВ. Оваа информација беше погрешно пренесена. Исплатата ...
Амбасадорот Гир ги поздрави напорите на Народната банка за подготовка и поднесување на барањето за членството во СЕПА коешто е еден од седумте приоритети за зајакнување на економско интегрирање согласно Планот на Европската комисија за раст и побрза интеграција на регионот на Западен Балкан. Поднесувањето на апликацијата за пристапување кон Единствената област за плаќање со евра СЕПА е историски значаен чекор што ќе ни овозможи пристап до ...
Размената на денари во евра е една од активностите што често знаат да бидат стресни пред патување. За да го олесни овој процес за своите клиенти, ПроКредит Банка воведе едноставен начин за повлекување евра директно од банкомат и брза и безбедна размена на валути преку нивната мобилна апликација. За полесно управување со средствата модерните банкомати на ПроКредит овозможуваат лесно подигање и депонирање на евра и денари и нивно префрлање на ...
Решение за спорот со изведувачот на автопатот „Синохидро“ е најдено, како и за косините и свлечиштата кои во изминатиов период ја забавуваа и кочеа работата на терен. Автопатот Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, уверува министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Тој повтори дека решение за спорот со изведувачот на автопатот „Синохидро“ е најдено, како и за косините и свлечиштата кои во изминатиов период ја ...