
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



САД ја предупредиле Турција дека ќе има „последици“ доколку земјата не го запре извозот во Русија на американската воена опрема од витално значење за воената машинeрија на Москва, изјави за „Фајненшл тајмс“ висок претставник на американското Министерство за трговија. Неодамна, помошникот секретар на американското Министерство за трговија, Метју Акселрод, се состанал со турските власти во Анкара и Истанбул. Неговата порака била дека Турција ...
Основачот на Мета, Марк Закенберг, го престигна францускиот милијардер Бернард Арно како трет најбогат човек во светот, откако вчера акциите на Мета пораснаа, а акциите на LVMH паднаа. Основачот на Мета, Марк Закерберг, го престигна францускиот милијардер Бернард Арно како трет најбогат човек во светот, откако вчера акциите на Мета пораснаа, а акциите на LVMH паднаа. Закерберг има нето богатство од околу 175,5 милијарди долари. EDT, според ...
Цената на криптовалутите по историскиот пад од пред два дена почна да расте. Растат и берзанските индекси. Цената на криптовалутите по историскиот пад од пред два дена почна да расте. Растат и берзанските индекси. Биткоинот Цената денеска се продава по цена од 57.334 долари што е раст од 4,49% забележан во изминатите 24 часа. Втората по големина криптовалута етериумот достигна цена од 2.520 долари или забележа раст од 2,2%, додека. БНБ коинот ...
Највисок процент од испитаниците одговорија дека пазарат во супермаркетите (85%), што е за само 1% процентен поен повеќе од лани. Во споредба со 2021 година, разликата 4 процентни поени. Ова значи дека постои тренд на зголемување на пазарењето во супермаркетите. БРИМА, која е прва агенција за истражување на јавното мислење и пазарот во Северна Македонија, повеќе од дванаесет години го спроведува омнибус-истражувањето од кое ги добивме ...
Македонската берза продолжи да бележи негативни трендови и вториот ден по ред, при што главниот берзански индекс МБИ 10 загуби над еден процент од својата вредност. И повторно, банките беа меѓу најголемите губитници на берзата. Сепак, акцијата на „Стопанска банка Битола“ е исклучок од овој тренд. Во понеделникот цената на акцијата се зголеми за 1,69 отсто, а вчера дополнително порасна за 1,28 отсто, достигнувајќи цена од 3.393 денари. Овој ...
Инспекторите од Управата за јавни приходи во текот на изминатиот викенд извршиле повеќе контроли во туристичко – угостителските објекти во Охрид, Струга и Дојран. Според информациите од УЈП контролите биле спроведени по Законот за регистрирање на готовински плаќања во вкупно 108 објекти. Кај речиси половина, инспекторите утврдиле неправилности во работењето. Туристичките места кои овој период се преполни со туристи, а со тоа и угостителските ...
Пратеникот на Коалицијата „Вреди“, Беким Сали на прес-конференција попладнево информираше дека бараат од Јавното обвинителство да реагира по допрен глас за основано сомнение за „сторена политичка корупција во режија на кадрите на ДУИ во „Лотарија“. “- Согласно оваа тековна состојба издадена од Централниот регистар на 4 август 2024 година, АД „Државна лотарија“ на 31 март 2023 година преку делегирање на 51 отсто во сопственичкиот капитал, ...
Владата на вчера одржаната седница го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог Буџет на Република Северна Македонија за 2024 година. Со овој ребаланс се предвидуваат пари за покачени пензии, повисоки плати во повеќе институции. Средства за реализација на капитални проекти во општините, како и вработувања на 300 нови специјализанти во здравството како дел од проектот за вработување на 600 нови специјализанти, прифатени амандмани во износ од ...
Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на САД во однос на шесте најважни светски валути, утринава порасна за 0,22 отсто на 103,19 поени, оддалечувајќи се од најниското ниво во последните седум месеци од 102,15 поени, кое го допре во понеделникот. Истовремено, курсот на еврото бележи само мали промени во однос на доларот и се тргува по 1,092675 долари. Нафтениот пазар сè уште е нестабилен, бидејќи инвеститорите се загрижени поради ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја објави производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за оваа година, Смедеревка и Вранец, откако Земјоделскиот институт – Скопје ја изработи пресметката за производна цена за килограм, зголемена за 25 отсто согласно Законот за вино. Од МЗШВ соопштуваат дека производната цена на килограм грозје Вранец зголемена за 25 отсто ќе изнесува 20,8 денари, ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вчера го посетил струмичкото село Муртино и извршил увид на откупот на црвената пиперка. Трипуновски соопшти на својот профил на Фејсбук дека ги информирал жителите на Муртино оти пред неколку дена е постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа – 40 денари за килограм, прва/втора класа – 30 денари за килограм, втора класа – 20 денари за килограм, ...
Поради санкциите што ги воведоа САД на почетокот на јуни, на московската берза не може да се тргува со долари и евра. Сè уште е можно да се купи валута во готовина или од банките, но самиот пазар е поограничен. Бидејќи руските граѓани штедат во странски валути, јасно е дека тоа носи промена на пазарот, анализира Индекс.хр. На пример, на почетокот на годината граѓаните купиле девизи во противвредност од околу 100 милијарди долари. Речиси целата ...
Седумте земји од Централна и Источна Европа, вклучени во анализата на Ерсте Груп, ќе се соочат со намалување на бројот на работоспособно население за околу 10 милиони до 2050 година, што ќе биде значаен предизвик за пазарот на трудот и економијата воопшто. Хрватска, доколку го подигне бројот на вработени на ниво на Холандија, би можела да вработи уште околу 450 илјади луѓе. Намалувањето на работоспособното население во земјите од Централна и ...
Европските берзански индекси денеска се во пораст и почнаа да закрепнуваат од вчерашниот пад, додека американските индекси се уште се под притисок поради големиот пад на цените на акциите. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 73.523 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 76.709 долари. Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 36 евра за мегават-час. Цената на златото падна ...
Сè додека овие пронајдоци се држат под контрола и не се злоупотребуваат, светот ќе го направат подобро место за живот. Сведоци сме дека последната декада го смени човештвото. Иако во овие години не беа измислени парната машина, електричната енергија, компјутерот или интернетот, неколку неодамнешни пронајдоци носат потенцијал да го направат овој доста подобар, а животот на луѓето значајно полесен. Starlink: Кога го гледаме на небото мислиме дека ...
Реализација на проекти кои имаат додадена вредност, кои ќе имаат влијание на растот на БДП и од кои ќе имаат бенефит граѓаните е она што во моментот и треба на земјата. Проекти кои ќе значат пониски трошоци за компаниите и кои ќе им ги олеснат условите за водење бизнис. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Македонското радио осврнувајќи се на прашањето околу проектот за изградба на железничката ...
Здружението „Вина од Македонија“, во кое членуваат најголемите производители и извозници на македонско вино, е на ставот дека претстојната берба на грозје е добра можност повторно да се отворат вистинските теми кои треба да овозможат долгорочен, одржлив развој на македонското лозарство и винска индустрија. Според Здружението, постојат потврдени начини и чекори кои треба да се преземат, по примерот на големите вински земји, а со чија ...
Цената на златото повторно расте и урива рекорди. Таа ја надмина рекордната вредност од 2.000 долари за унца, но засега во термински договори. Германците во првата половина годинава купиле 83,5 тони злато, со што ги надминале Кинезите. Златото го надмина рекордот од септември 2011 година, кога вредноста му беше 1.917 долари за унца од 31,1 грам. На крајот од минатата неделата цената на златото изнесуваше 1.976 долари, што е за 4 отсто повеќе од ...
Годишната стапка на инфлација во Турција падна од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто во јули, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат. Ова е втор пад на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст, а инфлацијата во таа земја сега е најниска од октомври 2023 година. Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во јули се зголемени за 58,91 отсто на годишно ниво, како и цените на транспортот за ...
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставници на компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи, извести МЗШВ. „Се работи за компанија која што има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот. На средбата се зборуваше за големиот интерес за инвестиција во нашата земја. Турските бизнисмени ја претставија ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обвини потпретседателката Камала Харис за глобалниот пад на берзите. Во серија објави на неговата социјална мрежа, тој ги обвини Харис и демократите за падот и рече дека акционерите ја одбиваат нејзината кандидатура. „Гласачите имаат избор“, напиша тој, „просперитетот на Трамп или падот на Камала и големата депресија во 2024 година“. Анкетите покажуваат дека гласачите повеќе му веруваат на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2024 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 август 2024 година. ...
Минатата недела беше објавено дека бројот на Американци кои поднеле барање за бенефиции за невработеност се искачи на највисоко ниво во последните 11 месеци, што укажува на затегнување на пазарот на трудот. Распродажбата на крипто-пазарот е резултат на падот на акциите на азиско-пацифичките пазари. Биткоинот падна за 15 отсто, пишува CoinDesk. Да потсетиме, јапонските берзи забележаа најголем пад за еден ден, каков што немаат забележано со ...
Цените на угостителските услуги во јули 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемен за 4.8 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5.6 %, додека во однос на декември 2023 година има раст од 2.4 %.. Цените на угостителските услуги во јули, пак, во однос на јуни ...
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 72,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 71,00 за литар. За 0,321 денари поевтинува ...
Драгана Бојковска, Пратеничка од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Драгана Бојковска, вели дека Владата наследила буџет во хаос, во кој не се предвидени средства за исплата, а кои биле законска обврска за државата. Денес продолжува амандманската расправа за ребалансот на буџетот за 2024 година, а ВМРО-ДПМНЕ тврди дека граѓаните нема да бидат оставени и ќе се покаже грижа за никој да не биде заборавен. Таа рече дека во овој ...
Граѓаните не треба да се жалат на лоша финансиска состојба бидејќи од почетокот на годинава го зголемиле богатството со кое располагаат и ги намалиле финансиските обврски. И покрај се уште присутната инфлација и зголемени трошоци за живот, македонските граѓани успеале да издвојат средства за да стекнат поголем финансиски имот. Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, покрај депозитите во банките, ги вклучува и другите облици на штедење и ...
Украина доби 3,9 милијарди долари од САД преку програмата на Светска банка, изјави премиерот Денис Шмихал. Ова е прва транша во 2024 година според новиот финансиски договор меѓу Украина и Светска банка објавен неколку дена претходно. „Ова е прва транша од финансиската помош за буџетот што САД ја даваат во 2024 година. Украина ќе добие вкупно 7,8 милијарди долари под форма на директна буџетска поддршка од САД оваа година. Ова ќе ни овозможи ...
За првите шест месеци од годината комерцијалните банки во Бугарија собраа речиси 500 милиони евра од провизии и провизии за услугите што ги нудат. Сумата е рекордно висока. Објаснувањето е пред очи – финансиските институции секој месец ги ажурираат тарифите со зголемување на надоместоците за најкористените услуги – трансфери на пари, депонирање и подигање суми и користење банкарски картички. Покрај тоа, банките стануваат поинвентивни со ...
И експертите и јавноста се загрижени за растот на јавниот долг, но малку се зборува за зголемување на приватното задолжување. Надворешниот приватен долг од 19,7 милијарди евра во 2022 година веќе е зголемен за цела милијарда на крајот на минатата година. Домашниот приватен долг расте уште побрзо. Од 28,5 милијарди евра, кои во 2022 година изнесуваа 28,5 милијарди евра, за една година обврските на стопанството и населението се зголемија на 30,8 ...