Европската централна банка најверојатно ќе ја намалува стапката на депозитите еднаш квартално до крајот на следната година, распоред што ќе донесе порано крај на циклусот на олеснување отколку што се очекуваше претходно. Тоа го покажува истражувањето на „Bloomberg“ меѓу економистите, кои прогнозираат дека основната каматна стапка во еврозоната ќе достигне 2,25 отсто во декември 2025-та година, по шест последователни намалувања за квартални ...

Еден од најголемите компании со ланец маркети, Лидл, своите вработени во изградба на дистрибутивниот центар и ангажирала преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна важи од 5 март 2024 година, пишува „Рацин.мк“. Со потпишаните договори во рамки на Отворен Балкан, на граѓаните им се овозможува држави да работат во која било од трите ...

Две години по пандемијата со ковид, во германското општество се води дебатата дали да се работи од дома или не. Многу од германските компании планираат да ги укинат „домашните канцеларии“. Од компаниите од ИТ секторот 82% од вработените најмалку еднаш неделно работат од дома, додека во производниот сектор овој удел на вработени е 48% покажало истражувањето на Институтот за економски истражувања „Зев“, кое е достапно преку агенцијата „Дпа“. ...

Невработеноста во Грција се врати на едноцифрена стапка за прв пат по 15 години, откако Грчката статистичка управа (ЕЛСТАТ) објави дека забележала стапка на невработеност од 9,6 отсто во јуни, наспроти 11,4 отсто во јуни 2023 година. Иако ќе треба да почекаме сезонски прилагодените податоци за статистичка проверка на позитивната клима во која се чини дека се движи грчкиот пазар на труд, податоците на ЕЛСТАТ покажуваат не само намалување на ...

Денеска европската валута е на највисоко ниво во последните седум месеци во однос на доларот, покажуваат податоците на берзата. Во 16 часот и 40 минути еврото се продаваше на меѓународната берза Forex (Forex) за 1,095 долари, што е за 0,14 отсто повисоко од вчера и највисоко од јануари годинава. Тековните податоци за инфлацијата на производителите во САД ја зајакнаа вербата на инвеститорите дека американската централна банка ФЕД наскоро би ...

На Волстрит, акциите нагло пораснаа вчера бидејќи побавниот од очекуваниот раст на цените на производителите во САД ги поддржа надежите на инвеститорите дека ФЕД наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки. Индексот Dow Jones зајакна за 1,04 отсто, на 39.765 поени, додека S&P 500 порасна за 1,68 отсто, на 5.434 поени, а индексот Nasdaq за 2,43 отсто, на 17.187 поени. Растот на индексот беше поттикнат од подобри од очекуваните податоци ...

Работата на брод станува се поатрактивна опција за оние кои бараат динамични работни места со добра заработка. Различни позиции, од келнери до ИТ специјалисти, нудат можности за заработка кои може значително да се разликуваат во зависност од искуството и стручноста. Работата на брод станува се поатрактивна опција за оние кои бараат динамични работни места со добра заработка. Различни позиции, од келнери до ИТ специјалисти, нудат можности за ...

Руската економија порасна за 4% на годишно ниво во вториот квартал на 2024 година, објави руската Федерална државна служба за статистика (Росстат). На растот на економијата, според извештаите, најмногу влијаеле прометот на големо, кој во вториот квартал пораснал за 8,3 отсто на годишно ниво, како и прометот на мало за 7,3 отсто и преработувачкото производство за 7,3 отсто. Економијата забави во однос на првиот квартал од 2024 година, кога ...

Буџетскиот дефицит на САД надмина 1,5 трилиони долари два месеци пред крајот на фискалната година, што е нешто помалку од 2023-та година, иако значително повеќе отколку пред пандемијата. Дефицитот од 1,52 трилиони долари во 10-те месеци до крајот на јули падна за 6% во однос на истиот период минатата година, покажаа податоците на Министерството за финансии објавени во средата. За месец јули, дефицитот достигна 244 милијарди долари – 16% помалку ...

Управата за јавни приходи започна со доставување на опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година. Со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 физички лица должат 52.997.721 денари. Во изминатиот период, преку персонализирани пораки, УЈП ги потсети овие даночни обврзници за долгот ...

Со ребалансот на Буџетот за 2024 година се обезбедуваат пет милијарди денари за пензиите или 2 500 денари плус за 300 000 пензионери. Од септември, сите пензионери линеарно ќе добијат по 2 500 денари и тоа нема да биде еднократна помош, туку системско решение со кое, вклучувајќи го покачувањето од дополнителните 2 500 денари во март догодина, секој пензионер ќе добие 5 000 денари, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Во текот на ...

Домаќинското работење дава резултати. За само еден месец рекордна наплата на даноци, царини и патарини. Од надлежните институции велат дека максималниот ангажман и посветеност на вработените вродиле со плод. За Управата за јавни приход, борбата со сивата економија е приоритет. УЈП минатиот месец успеа да наплати дури 217 милиони евра, што е историски рекорд, односно зголемување од 42% во однос на претходната година. УЈП прави анализи како да ја ...

Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител. „Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку има ...

Откако Народната банка на Македонија даде согласност за 100 отсто преземање на капиталот на Стопанска банка Битола, Комерцијална банка понуди 3.200 денари за акција. Или за вкупно 390.977 акции понудени 1,25 милијарди денари или 20,34 милиони евра. Комерцијална банка претходно упати повик до акционерите на Стопанска банка Битола за преземање на сите обични акции на банката со право на глас. Во Стопанска банка Битола акционерски пакет од над пет ...

На пазарот на труд во Македонија има нешто повеќе од осум илјади слободни работни места, а само во Скопје се бараат 5.569 работници од различни профили. Има најмногу огласи за продавачи, градежни работници, келнери, магационери… Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, најчесто бараат работа лица од возрасната популација над 45 години, а некои речиси се и пред пензија. Младите не прифаќаат да бидат работно ангажирани за просечна ...

Изненадување за сите кои живеат во Лондон, но овојпат главниот град на Велика Британија не се најде во топ 10, туку го зазеде 13-тото место на таа листа. Онлајн базата на податоци Numbeo во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци, откри дека швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година. Цирих е на второто место, додека Њујорк е на третото, ...

Годинава од прометот од патарините низ земјава се остварени 16 милиони денари повеќе од истиот период лани, односно околу 260.000 евра. Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи истакна дека минатата година постоеле овие пари, само не завршувале во државната каса. -Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност. ...

Многу европски компании се соочуваат со тешкотии при рефинансирање, бидејќи многу заеми со ниски камати заклучени за време на квантитативното олеснување помеѓу 2015 и 2018 година доспеваат во 2024 и 2025 година. ЕЦБ е свесна за опасностите од предолго задржување на високите каматни стапки. Истовремено, се се упатува на намалување на инфлаторните притисоци поради заладувањето на пазарот на труд, што ја фаворизира веројатноста за намалување на ...

На листата на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за август има 1.992 должници – правни лица (повеќе за 122 од претходната листа) и 3.842 физички лица (повеќе за 68 од претходната листа). Вкупно објавениот нето-долг на листата изнесува 11.135.849.458 денари, (повеќе за 413.156.963 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и за придонеси изнесува 10.978.593.260 денари (повеќе за 413.178.579 од претходната листа), додека долгот ...

Минатата недела ги забележаа најголемите промени во цените на акциите оваа година на глобалните берзи, при што главните индекси на Волстрит остро паднаа во понеделникот, со намалување од повеќе од три отсто, поради разочарувачките податоци за работните места и перцепцијата дека ФЕД заостанува во намалувањето на каматните стапки до крајот на неделата би можеле да повратат поголем дел од тие загуби. Индексот Dow Jones минатата недела ослабе за ...

Во услови на постојано зголемување на трошоците за живот, граѓаните се соочуваат со сериозен притисок врз нивниот стандард. Според последните статистички податоци, инфлацијата продолжува да ги зголемува цените, особено на храната, што дополнително го отежнува секојдневието на домаќинствата. Во јули, трошоците за живот на годишно ниво пораснале за 3%, додека малопродажните цени се зголемиле за 3.9%. Оваа тенденција на раст на цените, која е ...

Директорите секој месец земаат плати. Задругите во државата не функционираат – изјави з Ристо Велков, претседател на Сојузот на земјоделци од Струмица… Земјоделските задруги во државата никако да профункционираат. И покрај тоа што се покажаа задругите како успешен модел на здружување на земјоделците во целиот свет, во Македонија постојат само на хартија. Кај нас, директорите земаат плата секој месец, а задругите не функционираат, велат ...

Според главниот технички стратег на LPL, Адам Турнквист, од 1928 година, S&P 500 има стапка на точност од 83% во одредувањето која политичка партија ќе ја освои Белата куќа. „Иако анкетите, шансите за обложување и прогнозите можат да обезбедат вреден увид во потенцијалните изборни исходи од изборите во САД, податоците може да бидат бучни. За да избегнете дел од таа бучава и потенцијални предрасуди, внимавајте како се однесува пазарот“, рече ...

Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 3,5 отсто минатата недела, најмногу благодарение на надежите на трговците дека побарувачката во најголемите светски економии наскоро би можела да зајакне. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за повеќе од 3,5 отсто, на 79,66 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за повеќе од 4 отсто, на 76,84 долари. Трговците беа охрабрени од податоците кои ...

Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу ...

Колин Хуанг, основачот на кинеската групација PDD Holdings, која е сопственик на популарната платформа за е-трговија со попусти „Тему“, е најбогатата личност во Кина според рангирањето на милијардери што денеска го објави агенцијата Блумберг. PDD Holdings е матична компанија на „Pinduoduo“, која од нејзиното лансирање во Кина во 2015 година, ги направи производите подостапни. За меѓународна трговија групацијата има посебна апликација „Тему“, ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека за месец јули Царинската управа забележала рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приход, додека УЈП наплатила 13.4 милијарди денари. – Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат. Има разлика. Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе ...

35 денари за рандман од 40 проценти, а за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е постигнат договор за откупната цена на оризот. На средба во неговиот Кабинет е договорено откупните цени за крупните сорти да изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти, а за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Како што наведува Трипуновски, овие ...

Пратениците во бугарскиот парламент во последно читање го усвоија предлог-законот за транзиција кон еврото како национална валута, објавија локалните медиуми. „Со нацртот се уредуваат принципите, рамката и процедурите за пуштање на еврото во оптек во Бугарија, се утврдуваат прописите за транзицијата и се воведува транзициски период, кој на граѓаните ќе им овозможи време да се приспособат на новата валута“, пишуваат медиумите. Сè уште не е ...

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува даночните обврзници да поднесат даночни пријави за Данокот на додадена вредност (ДДВ) за јули годинава и порачува дека очекува вкупно 7.407 даночни обврзници да ја исполнат оваа обврска. „ДДВ пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Рокот за поднесување на пријавата истекува на 25 август, но бидејќи недела е неработен ден, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
41%
1011
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.63
37%
1013
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
43%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
7.72
38%
1011
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
8.19
24%
1010
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.51
68%
1014
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
35%
1008
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
51%
1011
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
5.14
30%
1011
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
63%
1011
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
8.75
36%
1013
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
45%
1009
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762