
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи дел од инвеститорите се повлекуваат од пазарот по силниот раст на берзанските индекси од почетокот на годината. Индексот Дау Џонс се лизна за 1,29 отсто, на 40.665 поени, додека С&П 500 падна за 0,78 отсто, на 5.544 поени, а Насдак 0,70 отсто, на 17.871 поени. И вчера, втор ден по ред, секторот за производство на чипови беше под притисок ...
BlackRock, со седиште во Њујорк, достигна нова рекордна вредност на средства под управување од 10,6 трилиони долари (10 илјади и шестотини милијарди долари), стимулиран од раздвижените пазари на капитал. И покрај ова, компанијата само малку ги надмина очекувањата во однос на приходите, додека нето-приливите паднаа, пишува Financial Times. BlackRock, најголемиот светски инвестициски фонд, достигна нова рекордна вредност на средства под ...
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни годинава изнесува 2,5 отсто, што е пад од 2,6 отсто во мај. Една година претходно, во јуни 2023 година, оваа стапка изнесуваше 5,5 отсто, објави Европскиот статистички институт – Евростат. Во Европската унија, годишната инфлација беше 2,6 отсто во јуни 2024 година, наспроти 2,7 отсто во мај. Една година претходно оваа стапка беше 6,4 отсто. Најниски годишни стапки се регистрирани во Финска ...
Глобалната економска несигурност, инфлацијата, зголемувањето на каматните стапки, трговските грижи, нестабилноста на берзата, демографските и технолошките промени имаа големо влијание врз растот на глобалното богатство, значително забавувајќи се во втората деценија во споредба со претходната деценија. Ова е според податоците во најновиот извештај „UBS 2024 Global Wealth Report“, според кој стапката на раст е преполовена во текот на изминатите ...
Mерките и активностите на надлежните државни институции не се доволно ефикасни и ефективни за вклучување на жените од руралните средини на пазарот на труд и нивно задржување во руралните средини. Ова е заклучокот на регионалната кооперативна ревизија во која освен земјава учествувале Албанија и Косово. Главниот државен ревизор Максим Ацевски вели дека властите не вложуваат доволно во регионалниот развој, односно од предвидени 1 отсто од БДП се ...
Народната банка по вторпат е добитничка на наградата на „Комерцбанк“, којашто претставува една од водечките меѓународни деловни банки во Европа. Наградата се доделува за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршување на плаќањата на државните органи и на трансферите со финансиските институции во меѓународниот платен промет. Ова е големо признание за Народната банка коешто го доби за високото ниво на квалитет и автоматизираност на ...
Претстои голем реформски процес на редизајнирање на деловните процеси и нивно автоматизирање и дигитализирање, со кои ќе се промени начинот на пресметки на платите и собирање на даноците, најави новата директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Со новините се очекува да биде променет сегашниот, како што рече, традиционален начин на функционирање на УЈП како даночна администрација. -Тоа значи дека во некоја блиска иднина, ...
Министерството за финансии на Кина објави дека државата ќе издаде нова четврта серија на ултра долги специјални државни обврзници на 24 јули. Обврзниците ќе достигнат вредност од 55 милијарди јуани или околу 7,7 милијарди американски долари, ќе бидат издадени со рок од 30 години и каматна стапка во зависност од конкурентното наддавање. Ултра долгите специјални државни обврзници обично се однесуваат на оние со рок на траење од повеќе од 10 ...
На девизните пазари во вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути бележи остар пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 103,80 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,26 поени. На девизните пазари во вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути бележи остар пад. Индексот на ...
Филџан кафе наскоро би можело да поскапи поради новите правила за негово производство и уништување на шумите, изјави претседателот на Lavazza, Џузепе Лаваца. Неодамна спроведените правила на ЕУ за уништување на шумите може да значат дека извозот на илјадници зрна кафе во ЕУ наскоро би можел да биде одбиен бидејќи тие се произведени на земјиште кое неодамна беше исчистено. Додека правилата на ЕУ се сметаат за добронамерни бидејќи имаат за цел да ...
Шесте економии на Западен Балкан треба заеднички да инвестираат најмалку 37 милијарди долари во следната деценија за ефикасно да ги заштитат луѓето и имотот од штетните и растечки ефекти на климатските промени, се вели во Регионалниот извештај за Западен Балкан за климатски промени и развој на Групацијата Светска банка (CCDR) објавен денеска. Придобивките од ефикасната климатска акција би биле огромни за Западен Балкан, кој ги вклучува ...
Европскиот извоз во трети земји во мај достигна 216,3 милијарди евра или 0,6 отсто помалку од мај 2023 година, информира „24Часа.бг“. Увозот изнесува 206,5 милијарди евра или 6,2 отсто помалку од истиот месец лани. На месечно ниво извозот опаѓа – во април изнесувал 12,8 милијарди евра. Ова се должи на падот на извозот на машини и автомобили (-3,7 милијарди евра) и хемикалии (-1,2 милијарди евра), но тоа е делумно неутрализирано со растот на ...
Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,75%, којашто ќе се применува од 1 август 2025 година. Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот којашто ќе се применува во јули 2025 ...
Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. „Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии“, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски ...
По приемот на новите членки, земјите од БРИКС располагаат со 72 отсто од светските резерви на ретки метали, изјави првиот човек на Роснедр, Евгениј Петров. Според неговите зборови, минералните и суровинските комплекси на земјите од БРИКС меѓусебно се надополнуваат и постои потенцијал за проширување на трговијата меѓу членовите на таа организација за да се обезбеди стабилност на снабдувањето, пренесува ТАСС. Ретките земјини метали се клучни за ...
Анализа: Во кои дејности и градови има најмногу нови фирми во првите 6 месеци? Во првото полугодие од годинава на деловната сцена стапнаа 3.428 компании. Нивните имиња се запишани во Централниот регистар и освен една голема и три мали, сите останати се микрофирми. Притоа, новите инвеститори најмногу биле охрабрени во јануари, кога се основале 707 компании. За разлика од првиот квартал од годината, во наредните три месеци се намалува интересот ...
Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба. Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе ...
Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, но повеќе детали се очекува да бидат објавени во текот на денешниот ден. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Буџетот е во алармантна состојба и дека недостигаат пари за што истражните органи ќе имаат многу работа во следниот период. Пари за ветеното зголемување на пензиите, како што рече, ќе има. – Направиле Буџет за шест месеци како да знаеле дека нема да бидат повеќе Влада па ...
Корисна информација за банките – ако сакате да им продадете потрошувачки или станбен кредит на граѓаните, не ги барајте во јануари – ни под разно! Корисна иформација за граѓаните – ако сакате да земете потрошувачки или станбен кредит, не одете во банка во јануари, нема да добиете. Јануари е, дефинитивно, најлошиот месец за кредитирање на граѓаните во земјава. Тоа е така веќе 16 години наназад. Во овој месец е регистрирана најмалата кредитна ...
Европската комисија најави дека оваа недела ќе стапат на сила новите правила на ЕУ за Трансевропската транспортна мрежа (TEН-T), што со себе носи бројни новитети. Политиката на ЕУ за трансевропска транспортна мрежа е клучен инструмент за развој на кохерентна, ефикасна и висококвалитетна транспортна инфраструктура низ Европската унија. Во оваа прилика, Европската комисија нагласи дека стапувањето во сила на овие правила ќе повлече и низа други ...
Екстремните температури влијаат на падот на продуктивноста, а со тоа и на економијата, вели Јелена Жарковиќ, професорка на Економскиот факултет и нагласува дека треба да се прилагодиме на климатските промени, пренесува Политика. Екстремната топлина не влијае само на активностите на отворено, како што се земјоделството и градежништвото. „Погодени се и секторите што се одвиваат во затворени простории, како што се индустријата и транспортот, се ...
Компаниите во еврозоната очекуваат платите на работниците да пораснат за 3,3 отсто во следните 12 месеци, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Процентот е помал во споредба со претходното истражување од пред три месеци, кога компаниите очекуваа раст на платите од 3,8 отсто во еврозоната. Компаниите исто така ги намалија очекувањата за раст на продажните цени во следните 12 месеци и сега веруваат дека тие ќе ...
Во промотивниот период до 30 септември, станбените кредити од Комерцијална банка се растоварени од надоместот за одобрување и проценка, што е олеснителна и поволна околост за потенцијалните кредитокорисници. Освен тоа, во понудата на Банката, овие кредити кои решаваат важно животно прашање, се со фиксна каматна стапка од 3,3 проценти за првите пет години, со или без вклучено животно осигурување. Можна е фиксна каматна стапка и за 10 години, ...
Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави во понеделникот дека централната банка нема да чека инфлацијата да достигне 2 отсто за да ги намали каматните стапки. Говорејќи во Економскиот клуб во Вашингтон, Пауел се осврна на идејата дека политиката на централната банка работи со „долги и променливи заостанувања“ за да објасни зошто Банката на федерални резерви нема да чека додека не се постигне целта. „Импликацијата од тоа е дека ...
Кинеското Национално биро за статистика во понеделникот соопшти дека БДП на земјата пораснал за 4,7 отсто на годишно ниво во вториот квартал, пропуштајќи го очекуваниот раст од 5,1 отсто, според анкетата на Ројтерс. Продажбата на мало во јуни исто така ги промаши проценките, зголемувајќи се за 2% во споредба со прогнозата за раст од 3,3%. Индустриското производство, сепак, ги надмина очекувањата за 5,3% во јуни во однос на претходната година, ...
Половина од 500-те милиони евра кои земјава ги договори со Унгарија, ќе бидат за општините, а половина за бизнисот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што објасни, општините ќе ги користат парите за конкретни проекти кои би им го подобриле животот на граѓаните, а фирмите ќе добијат помош поради актуелните лоши пазарни услови, но за сметка на тоа ќе треба да „вратат“ со инвестиции, најмалку 5 000 нововработени и раст на ...
Во првите 6 месеци од годинава 1.830 фирми не успеале да преживеат, од кои 1.663 се микрофирми, кои по дефиниција имаат до 10 вработени и до 50.000 евра бруто годишен приход, покажува анализата на порталот Пари врз основа на податоците од Бизнис Мрежа.мк. Ако се спореди со бројот на затворени фирми во цела 2023 година, кога деловната битка ја загубиле 4.330 фирми, може да се каже дека има шанси оваа година да ја завршиме со подобар Во однос на ...
Потребна е поголема мобилизација на финансиски средства, особено од приватниот сектор, за зелена трансформација, како дел од структурните реформи и за конвергенција на економиите во развој кон ЕУ. Анализите на ММФ покажуваат дека до 2030 година, уделот на приватниот сектор во зеленото финансирање треба да се зголеми од 40% на 80 до 90% кај брзорастечките и економиите во развој. Улогата на централните банки во поддршката на зелената ...
Цените на производите и услугите кои се користат во земјоделското производство (препарат, ѓубриво, работна сила итн.) во јуни се намалени за 0,1% додека цените на произведеното (вкупната вредност на сите добра и услуги произведени во земјоделството) се зголемени за 0,3%. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во јуни 2024 година, во споредба со јуни 2023 година, цените на тековно потрошени средства во земјоделството е ...
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги, за кој плаќањето се извршува во готово, должни се да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема (фискални каси) и да издаваат фискални сметки. Обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања, не се однесува на: • даночните обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат ...