
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Индустриското производство во втората по големина економија во светот забави на минимум во последните пет месеци. Голдман Сакс и Ситигруп ги намалија своите целогодишни прогнози за економскиот раст на Кина на 4,7 отсто, откако индустриското производство во втората по големина светска економија во август забави на петмесечен минимум, објави Ројтерс. Слабата економска активност во август го привлече вниманието на бавното економско закрепнување на ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги одложи консултациите со Москва на неодреден период, потврди за руската агенција Тасс Алексеј Можин, кој е одговорен за Русија во таа глобална финансиска организација. „Раководството на фондот ја извести руската страна и бордот на директори дека работата на мисијата (ММФ) ќе биде одложена на неодредено време“, изјави Можин за Тас во вторникот, а пренесува турската агенција Анадолу. „Техничката неподготвеност ...
Граѓаните велат дека изминатава недела забележале повисоки цени во маркетите. Но, сепак ја поздравуваат одлуката за донесување на владината мерка… Цените на производите во есенската кошничка нема да се намалат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа. Изминативе години со растот на инфлацијата минималната потрошувачка кошничка на едно четиричлено семејство надмина 1.000 евра. 79-годишната пензионерка Душка Саздова пред камерата на МТВ вели – ...
Американскиот производител на пластични садови за складирање храна „Тапервер“ денеска објави дека оди во банкрот. Компанијата со години беше во тешки финансиски проблеми, а растот на побарувачката за време на пандемијата на коронавирусот не беше доволен за закрепнување поради зголемената инфлација и повисоките трошоци за плати, производство и транспорт, пренесува Ројтерс. Предизвикувачкото макроекономско опкружување сериозно се одрази на ...
Со 9 милиони денари државни пари ќе се финансира рибарството и аквакултурата. Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои за оваа намена ќе добиваат субвенции. Во годишната програма се предвидени и средства за набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води … За трошоците за набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води, односно за видеонадзор, концесионерите можат да аплицираат до 7-ми октомври. За оваа ...
Федералните резерви (Централната банка на САД) ја намалија каматната стапка за половина процентен поен, прво кратење во четири години што треба да донесе олеснување за домаќинствата и бизнисите кои изминативе години се борат со високи каматни стапки на кредитите што ги плаќаат. Поагресивниот пристап сугерира дека официјалните лица проактивно се обидуваат да го олеснат притисокот врз економијата и да спречат дополнително забавување на пазарот на ...
Глобалната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ (S&P Global Ratings) го намали кредитниот рејтинг на Град Скопје од „ББ-“ на „Б+“ со стабилен изглед, што е второ надолно ревидирање за период од една година. Имено, „Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека агенцијата во септември минатата година го ревидираше кредитниот рејтинг на град Скопје од „ББ-“ со стабилен изглед, на „ББ-“ со негативен изглед, пишува Блумберг Адриа. Во образложението за ...
Континуираното занемарување на обврските за контрола на загадувањето доведе до сериозно зголемување на емисиите на штетни гасови од термоелектричните централи на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Според најновиот извештај на Bankwatch, загадувањето со сулфур диоксид (SO₂) од овие централи е дури 5,7 пати повисоко од дозволеното. Електраната во Битола останува една од најголемите извори на загадување со сулфур диоксид во ...
Одржувањето на европскиот начин на живот мора да се базира на подобрување на конкурентноста, за што е потребна поблиска соработка и интеграција меѓу европските земји, порача поранешниот италијански премиер и екс-претседател на Европската централна банка, Марио Драги при претставувањето пред европратениците на неговиот Извештај за иднината на европската конкурентност. – ЕУ треба да се фокусира на три клучни прашања: намалување на иновацискиот ...
Украинскиот парламент денеска за 500 милијарди украински гривни (12,05 милијарди долари) го одобри зголемувањето на расходниот дел од државниот буџет на земјата, објави УНИАН. Дополнителните средства ќе бидат насочени кон одбранбениот сектор на земјата опустошена од руската воена агресија, наведуваат украинските пратеници. Со денеска одобреното зголемување, расходниот дел од украинскиот буџет се зголемува за околу 13 отсто на речиси 90 ...
Кинескиот производител на автомобили Changan ги објави плановите за изградба на сопствена фабрика за склопување електрични автомобили во Европа. „Европскиот пазар игра клучна улога во растот. Во блиска иднина, во Европа ќе се одржи презентација на нови модели напојувани со алтернативни извори на енергија, што ќе ни помогне да го зајакнеме нашето присуство во регионот“, се вели во соопштението на компанијата. Компанијата ќе ја отвори својата ...
Градење институционални капацитети кои ќе го поддржат развојот на бизнис ангелите во земјава и посебна правна рамка што целосно ќе го дефинира овој концепт, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што рече, бизнис ангелите не се само извори на финансирање, туку и катализатори за иновации и економски раст. Нудат “паметни пари”, искуство, експертиза и обезбедуваат капитал за малите и средните претпријатија во клучните ...
Цените нема да се замрзнат, туку ќе се ограничи бруто профитната маржа на стотина основни прехранбени производи до 10 отсто, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што информира Дурмиши, за оваа мерка Владата најверојатно ќе дискутира на следната седница идната недела. Со мерката ќе бидат опфатени лебот, пекарски и млечни производи, овошје, зеленчук,… -Оваа мерка ќе биде краткорочна и во сила еден месец. Праксата на ...
Исклучителна можност за врвна едукација на македонските извршни директори и менаџери преку менторство, вмрежување и практично учење Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог – Школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да аплицираат на ...
На 17 септември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со ...
Владата на вчерашната седница го прифатила предлогот на Министерството за економија и труд за есенската потрошувачка кочничка, рече премиерот Мицкоски. Тој нагласи дека предлогот за есенската кошчичка треба да се најде на следната владина седница. „Сакаме да ги помине и оние филтри како што се Генерален колегиум и Комисија за економски систем и веќе очекувам на следната владина седница да биде на дневен ред, рече Мицкоски. „Имаше вчера предлог ...
Комитетот за отворен пазар на Федералните резерви (FOMC) вчера започна дводневен состанок на кој аналитичарите очекуваат да ја намали основната каматна стапка со која банките си позајмуваат пари преку ноќ за прв пат од март 2020 година. Повеќе од една година се одржува на ниво од 5,25 до 5,50 проценти, на што ФОМЦ го подигна во јули 2023 година, откако започна политика на нејзино зголемување во март 2022 година поради брзиот раст на ...
– Во Кочани денеска ќе се одржи промотивна средба на која ќе ви бидат претставени активностите на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) овозможени преку проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги (Enforce Consumer Rights in Financial Services)“, финансиран од страна на Европската унија, преку Европската организација за заштита на потрошувачите – BEUC. -Нашите активности во рамките на проектот се со цел да ...
Владата на вчерашната 20.редовна седница донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии, како највисоко координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите на управувањето со јавни финансии предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2024 – 2027 година. Советот, како што информираат од владината прес-служба, ќе го сочинуваат претседател и девет члена. Претседател ќе биде ...
Освен берачите од Албанија, годинава за берба на јаболка се пријавиле многу пензионери, на кои ова им е одлична можност за дополнителна заработка. Дневницата за берачите годинава изнесува од 2.000 до 2.200 денари, а овоштарите годинава очекуваат подобар и поквалитетен род од минатата година. -Квалитетот е одличен, родот е добар и има поголеми количества од лани. Во моментот откупната цена на ајдарет е од 17 до 20 денари, а на останатите сорти, ...
Цената на кафето достигна историски врв и експертите предупредуваат дека ќе продолжи да расте. Причините за ова се многубројни, од суши и климатски промени, до неочекувани фактори како што е порастот на производството на дуријан во Виетнам. Бразил, најголемиот производител на кафе во светот, се соочува со сериозни проблеми поради сушата и климатските промени. Во меѓувреме, во Виетнам, земјоделците се одлучуваат да го заменат кафето со ...
Годинава по основ на домашен и странски долг државата треба да исплати 634,2 милиони евра. Годинава доспеваат за отплата домашни обврзници со рочност од 3, 5 и 10 години во износ од скоро 300 милиони евра. Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основа има пораст на задолжувањето во однос на претходните ...
За уредување, засадување, одржување тревник пред влезот на МЕПСО како и за зимзелени и листопадни садници, систем капака по капка и цвеќиња државната компанија за една година ќе потроши речиси 18.000 евра Новиот генерален директор на МЕПСО Бурим Латифи потпиша договор за набавка во неговиот мандат во државниот електропреносен систем – оператор Станува збор за хортикултурно уредување на просторот пред деловната зграда, но и за набавка на ...
– Предметот за „балансерот” кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), утре е на дневен ред на седницата на Уставниот суд. – Оспорени се член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“ од Законот за административни службеници и член 2 став 1 алинеја 8 и член ...
Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни. Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани на некоја од наредните седници. Вчера и премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не ...
Министерството за земјоделство размислува за промени на системот во субвенционирање за следната година. Се планира укинување на дополнителното пријавување во декември, а целосната исплата на парите ќе треба да заврши во првите месеци од 2025. Новини ќе има и кај зелената нафта … Укинување на авансирањето на субвенциите е една од промените што се најавуваат. Аванс за тековна година се исплаќа само кај нас, додека во ниедна друга земји во светот ...
Спојувањето меѓу UniCredit и Commerzbank може да ја зголеми вредноста за сите засегнати страни и да создаде посилна банка, изјави извршниот директор на UniCredit Андреа Орцел за германски Handelsblatt во понеделникот. Втората по големина италијанска банка минатата недела се стекна со девет отсто од акциите во Комерцбанк, купувајќи 4,49 отсто од германската влада за нешто повеќе од 700 милиони евра. Така, вкупната сума на аквизицијата достигна ...
Цените на златото се на рекордно високо ниво, а причина за тоа е веројатната одлука на монетарните власти во Соединетите Американски Држави да ги намалат каматните стапки. Се очекува тоа да се случи веќе во среда, на 18 септември. Трговците на берзата претпоставуваат дека златото ќе биде уште попривлечно. Овој благороден метал повторно станува се поинтересен во однос на државните обврзници. Голема побарувачка за злато има и кај централните ...
ВМРО-ДПМНЕ како опозиција постојано зборуваше дека имаме голем долг а сега со ова ново задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот, далеку над дозволениот процент од 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Аргумент + на 24 Телевизија. СДСМ јасно и транспарентно пред јавноста ги објасни забелешките за коруптивниот Закон за задолжување од Унгарија, но власта го турка по секоја цена, додаде таа. -Прво се носи во ...
Извозот на производи од германски инвеститори во земјава кон Германија десетина години по ред е во пораст, со исклучок на годините во короната кога била евидентна стагнација. Како што соопшти Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора (АХК), германските инвеститори од земјава најмногу извезуваат високософистицирани компоненти наменети за автомобилската индустрија, во Германија се извезуваат и седишта за автобуси, за возови и за ...