
Скопје
26ᴼ /
26ᴼ



Олимпијадата, чиј домаќин е Париз, ќе ја поттикне економската активност во земјата, според прогнозите на француската централна банка. По зајакнувањето за 0,3 отсто во вториот квартал, бруто домашниот производ (БДП) на Франција се очекува да се зголеми за 0,5 отсто во третиот квартал, исто така благодарение на Олимпијадата и Параолимпијадата. Француската централна банка предвидува дека економијата ќе зајакне за 0,5 отсто од јули до крајот на ...
Во Швајцарија се води жестока дебата за данокот на наследство на ултрабогатите, пишува Блумберг. Мултимилионерите и милијардерите се закануваат да се преселат поради предлогот според кој жителите со наследство во вредност од повеќе од 50 милиони франци (53,1 милиони евра) ќе плаќаат 50 отсто данок на износот над оваа граница. Во јунското истражување на ревизорската фирма PwC, две третини од сопствениците на бизниси чии наследници би можеле да ...
Ирската полиција заплени криптовалути во вредност од 6,5 милиони фунти и уапси двајца мажи и една жена по претрес на куќа во Даблин, објавија денеска медиумите. Запленувањето е дел од истрагата за продажба на нелегален материјал преку „даркнет“ и перење пари, јавува Би-Би-Си. Ирското полициско биро за сајбер криминал (GNCCB) соопшти дека се конфискувани „значителни средства“, вклучувајќи ги криптовалутите биткоин и монеро, часовници во вредност ...
Министерот за финансии, Синиша Мали изјави дека според досегашните податоци за оваа година, Србија е на прво место според растот на бруто домашниот производ (БДП) во Европа. „Во првиот квартал имавме стапка на раст од 4,7 отсто, во вториот квартал 4,2 отсто. Значи, во просек, за првата половина од годината 4,5 отсто раст од БДП, што значи дека сме први во Европа. Како што ќе доаѓаат другите податоци, мислам дека ќе бидеме барем меѓу првите две ...
Инфлацијата во Германија повторно порасна во јули по падот во јуни, оставајќи неизвесност околу дополнителното намалување на каматните стапки од страна на Европската централна банка во септември. Зголемувањето на индексот на потрошувачките цени достигна 2,3 отсто на годишна основа, што е за 0,1 поен повеќе во однос на јуни, објави денеска Федералниот завод за статистика Дестатис. „Падот на цените на енергијата (-1,7 проценти за 12 месеци) ја ...
„Денеска преку министерството за финансии се исплатени над 180 милиони денари кон 5.047 земјоделци, корисници кои што имаат произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко“, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава. Министерот додаде дека исплатата се однесува за месеците мај, јуни и јули 2023-тата година, и е само мал дел од она што ќе следи како исплата во наредниот период. „Жалам ...
Цената на биткоинот за прв пат го премина прагот од 60.000 долари, покажуваат податоците од платформата за тргување со криптовалути Коиндеск. Најпопуларната криптовалута утринава се тргуваше за 60.883,03 долари. Тоа е за 6,79 отсто повеќе во однос на трговијата во четвртокот. Останатите криптовалути го следеа нагорниот тренд, при што етер додаде 9,83 проценти за тргување за 2.669,00 долари, а солана порасна за 2,67 проценти на 157,13 долари. ...
Paramount Global ја намали вредноста на своите кабелски мрежи за речиси 6 милијарди долари и најави дека ќе намали 15 отсто од својата работна сила во САД, со што ќе укине околу 2.000 работни места. Потезите се дел од напорите на компанијата да заштеди 500 милиони долари пред да се спои со Skydance Media. Акциите на Paramount пораснаа за 5 отсто по неколку часа, бидејќи компанијата ги надмина очекувањата за профит на Волстрит, а нејзиниот ...
Претставниците на турската туристичка индустрија во Турција повторно предлагаат да се ревидира системот „ол инклузив“, пишува денеска „Хуриет“, цитиран од „Телеграф.бг“. Изданието го цитира бизнисменот Зафер Алкаи, кој беше еден од креаторите на овој систем во 1990-тите. Туристите кои бараат висококвалитетни производи и услуги се природно подготвени да ја платат цената, рече бизнисменот. Претставниците на турската туристичка индустрија ...
И претходно имаше идеи дека во земјава ќе дојдат Гугл и Мајкрософт ако им се понуди данок од 3 проценти, но тоа не се случи, велат од Инстутутот „Фајнанс Тинк“ по најавите на Владата дека ќе го намли данокот на добивка за да привлече инвестиции на мултинационални компании. Преку мерка за намалување на данокот на добивка за најбогатите компании, Владата сака да привлече мултинационални компании кои ќе инвестираат во Македонија и со тоа повеќе да ...
За прв пат во Кина, нови електрични возила ги надминаа традиционалните патнички автомобили на бензин на месечна основа, според податоците на Кинеската асоцијација за патнички автомобили за јули. Новите електрични возила вклучуваат автомобили на батерии и хибридни автомобили. Категоријата сочинуваше 51% од новите патнички автомобили продадени во Кина минатиот месец, според соопштението доцна во четвртокот. Сепак, месечните податоци за продажба и ...
Европските берзи се во благ плус во петокот претпладнето, добивајќи четврти ден по ред и на пат да ги повратат сите загуби од понеделникот, кои беа забележани под влијание на загриженоста на инвеститорите дека САД би можеле да потонат во рецесија. Паневропскиот индекс Stoxx 600 во претпладневниот пресек од тргувањето порасна за 0,54 отсто, при што сите акционерски сектори се во плус, главно туристички компании, за 1,82 отсто и рударски компании ...
Парите се распределуваат преку јавни повици на кои право да се пријават имаат сите општини, особено помалите и помалку развиените на кои најчесто им недостигаат соодветни стручни тимови за управување со инфраструктурните проекти низ клучните фази на нивната реализација. Околу 1,6 милиони евра се обезбедени во рамките на т.н. Фонд за техничка документација за поддршка на општините во изработката на техничка документација за инфраструктурни ...
Германскиот извоз нагло падна и во јуни, како одраз на слабата побарувачка од главниот трговски партнер на Соединетите Американски Држави и другите членки на еврозоната, покажуваат податоците на Дестатис. Вредноста на извезената стока падна во јуни на месечна основа за 3,4 отсто, речиси со исто темпо како и во мај, пресметаа статистичарите врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци. Увозот е стабилизиран, по пад од 6,6 отсто во ...
Деновиве беше регистриран т.н. пад на берзите во САД, Европа и во Азија, во кој особено беа погодени акциите на одредени големи компании, кои загубија дваесет или повеќе долари по акција во првите неколку часа од отворањето на берзанскиот пазар. Колапсот беше најголем во Јапонија, каде што т.н. берзански индекс Никеи падна за повеќе од 10 отсто. Влијанието не беше ограничено само на акциите туку се прелеа и на пазарот на криптовалути. Цената на ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави откупните цени на винското грозје. Двете најзастапени сорти кај нас, Смедеревка и Вранец, како и годините претходно се со потценувачки ниски цени за лозарите. Откупната цена на Смедеревката е 18,3 денари, а на Вранецот е 20,8 денари со вклучена 25% маржа за лозарите, велат од Левица. „Иако премиерот Мицкоски и министерот Трипуновски летнаа во небо со кампања на сите провладини ...
На самата средба министерот посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита… Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со земјоделците во општина Чешиново Облешево. На самата средба министерот посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита. „Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви, тоа е успех и ...
Владата го усвои дополнителниот ребаланс на државната каса Обезбедени се средства за исплата и за зголемување на платите во јавната администрација до крајот на годинава, согласно со сите потпишани колективни договори. Како што објасни министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, образложувајќи го дополнетиот ребаланс што го усвои Владата, проектирани се преку 4,1 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за пензии, ...
ЕУ e најголемиот увозник на руски ЛНГ, кој по почетокот на војната во Украина замени дел од значителното намалување на увозот на руски гасовод. Увозот на руски течен природен гас (ЛНГ) во ЕУ годинава се зголеми за 9% во првата половина од годинава, пишува истражувачката организација Центар за енергетски истражувања (CREA). Според Центарот, ЕУ купува повеќе од половина од извезените руски количини (54%), додека Кина купува многу помалку односно ...
Во денешниот дигитален свет, традиционалните методи на рекламирање сè уште имаат своја важност и ефективност. Еден од најпознатите и најкористените начини на директно рекламирање е дистрибуцијата на флаери. FlaerService.mk ви носи неколку предности од рекламирањето со флаери низ цела Македонија, на рака, во поштенски сандачиња и автомобили. Директна Комуникација со Потенцијалните Клиенти Една од најголемите предности на флаерите е што ...
ИТ индустријата во Северна Македонија доживува значителен раст во последните години, со голем број компании кои се појавуваат на пазарот и нудат широк спектар на услуги. Ова го прави секторот еден од најдинамичните и најбрзо растечките во земјата, привлекувајќи млади таленти и инвеститори. Платите на Програмерите Платите на програмерите во Северна Македонија варираат во зависност од неколку фактори, вклучувајќи го нивото на искуство, видот на ...
Собранието за понеделник ја закажа седницата на која, меѓу другите предлог-законски решенија, ќе се расправа и за ребалансот на Буџетот. Дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет, по што Владата завчера, на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на ...
Еврото неодамна се зголеми во услови на превирања на глобалниот пазар, и се сметаше за безбедно засолниште. Курсот меѓу еврото и американскиот долар се искачи на 1,1 во понеделникот, највисоко ниво од јануари, пред да се повлече на нешто над 1,09 во вторникот. Заедничката валута на Европската унија најверојатно дополнително ќе се зголеми како безбедна дестинација поради немирното расположение во услови на превирања на глобалниот пазар. Одлуката ...
Продажбата на електрични автомобили во Германија падна за 37% во јули оваа година, во споредба со истиот месец во 2023 година. Тоа е најголемиот пад откако владата ги укина стимулациите за електрични возила минатиот декември. Според податоците објавени од германската Федерална управа за моторен сообраќај, во јули се регистрирани вкупно 238.263 нови регистрации на приватни автомобили. Продадени се 83.405 бензинци, 79.870 хибриди, 43.107 дизели, ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет. Денес се исплатени 75.640.400 денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците. Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со ...
Трошоците за живот во јули на годишно ниво пораснале за три проценти, цените на мало пак за 3.9 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5 отсто. Луѓето се на ставот дека од месец во месец имаат се помалку пари, примањата исти, цените до небо. Во последниот извештај од областа на цени ...
Трошоците на живот во Македонија пораснале за 0,7 отсто во јули во споредба со јуни, според податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на инфлацијата е поттикнато од растот на цените во секторите ресторани и хотели (5,8 отсто), транспорт (4,9 отсто), и рекреација и култура (1,2 отсто). Во истиот период, забележано е намалување на трошоците за облека и обувки (0,5 отсто), храна и безалкохолни пијалаци (0,2 отсто), и комуникации ...
Германскиот производител на микрочипови Infineon ги објави плановите за укинување на 1.400 работни места и преместување на уште толку на „локации со пониска цена“ за да се преброди период на слаба побарувачка. Отпуштањата ќе опфатат околу петстотини работници во Регенсбург, Германија, повтори компанијата, без да даде детали за други локации. Овој потег треба да ги пренесе работните места од сите „земји со високи плати“, од Северна Америка во ...
Повеќе од илјада евра му биле потребни на четиричлено семејство во јули за да ги задоволи основните животни потреби, пресметаа синдикатите! Синдикатите повторно предупредуваат за нови финансиски предизвици за македонските семејства Сума во висина од 245 денари повеќе од јуни му била потребна на едно четиричлено семејство во Македонија во јули 2024 година за да бидат покриени основните потреби. Имено, во јули, таа сума изнесува(ла) 60.570 ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава, според статистиката на ДЗС, која се однесува на првото полугодие од годинава, односно во периодот јануари-јуни 2024 година, изнесува 3.930 милиони евра и бележи пад од 7,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 5.544 милиони евра, што е за 0,1 отсто повеќе во споредба со истиот период од 2023 година. Државниот завод ...