Можеби ви поминуваат низ глава сите информации за каматните стапки на заемите и цените на недвижностите, но ова не се единствените фактори кои ќе ви помогнат да одговорите на важното прашање: Кога да купам стан/куќа? Условите на пазарот на недвижности се важни, но исто така и вашата животна фаза и личните финансии. Купувањето дом е и емотивна одлука и финансиски избор, особено ако ви е прв пат. Не постои единствен одговор кој ќе ви каже кога да ...

Стапката на невработеност во Македонија се намали на 12,5% 2024 година, како одраз на стабилно закрепнување со раст во клучните сектори како што се производството и трговијата, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Стапката на невработеност во Македонија се намали на 12,5%, што означува јасно закрепнување на пазарот на труд во земјата. Државниот завод за статистика (ДЗС) известува дека овој пад е одраз на поширок раст на вработеноста во ...

Објавен е нов повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, со кој субвенциите ќе се доделуваат по дестинација, а не како досега на авиокомпанија. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации според редоследот: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на ...

Економијата на еврозоната и на Европската унија пораснаа само умерено во вториот квартал, објави во петокот Eurostat, благо намалувајќи ги проценките. Економијата на еврозоната и на ЕУ во целина пораснала во периодот од април до јуни за 0,2 отсто во однос на претходните три месеца кога беше зголемена за 0,3 отсто, пресметале во Eurostt врз основа на сезонски прилагодени податоци. Проценките објавени во средината на август покажаа зголемување на ...

Светските цени на храната благо паднаа во август во споредба со јули, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Светскиот индекс на цените на храната за август изнесува 120,7 поени, што е нешто помалку од 121 во јули, соопшти ФАО. Ова резултира со пад на индексот на цените на месото, шеќерот и житото, а во исто време е забележан и раст на растителните масла и млечните производи. Вредноста на индексот на ...

Меѓународниот монетарен фонд ѝ порача на Саудиска Арабија дека приходите од нафтата ќе се зголемуваат до 2026 година, а потоа ќе се намалат побрзо отколку што претходно се очекуваше, веќе до крајот на деценијата. Пострмниот пад веројатно ќе предизвика одредена загриженост за кралството во време кога престолонаследникот Мохамед Салман води амбициозна економска трансформација со неговата програма Визија 2030. Ријад веќе беше принуден да намали ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567.7 милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е за 0.8 % повеќе во споредба со истиот период лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2024 година, ...

Лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW издадени се во изминатите осум месеци (јануари -август), покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Станува збор за инвестиции кои се резултат на приватна иницијатива, во најголем дел тоа се компании кои поставуваат ...

Од вечерва по полноќ за 2 денари по литар се намалува цената на бензинот од 95 октани, додека цените на другите горива не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. По полноќ максималните цени на горивата ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 ...

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамките на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на ...

Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Зевинг денеска ги повика Германците да работат повеќе за да помогнат во обновувањето на германската економија, велејќи дека просечната работна недела во Европската унија е околу 34 часа, споредено со околу 28 часа во Германија. „Инвеститорите веќе се сомневаат во нашата способност за реформи, но особено во нашата способност и нашата волја за реформи. Поголем раст во Германија ќе дојде само ако го ...

Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи, но наместо 3.555, нив ќе ги добијат 1.777 работници со ниски приходи Наместо 3.555 ваучери од по 18.000 денари, Министерството за економија ќе подели само 1.777 вакви потврди за граѓаните со ниски приходи да може да летуваат на езеро или на планина. По ребалансот на Буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари, иако ...

Шпаркасе Банка и Хајделберг факултет во Скопје, денеска, 5 септември 2024 година, потпишаа Договорот за соработка, со цел банката да ги поддржи најдобрите студенти преку целосна тригодишна стипендија и вработување во банката. Партнерството меѓу двете страни е особено значајно за имплементација и развој на дуалното образование во државата, каде што овие студенти покрај нивните студии на престижниот Хајделберг факултет во Скопје, ќе имаат ...

„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на цената. Согласно препораките на Инспекторатот и сите ќе ...

Земјоделските стопанства имаат можност за пребивање на неплатените сметки. Доколку должат за закуп на државно земјоделско земјиште, пашарина или водарина, парите, со нивна согласност, во соодветниот износ можат да се наплатат од финансиската поддршка … Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјоделско земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска ...

Пазарот на труд се менува побрзо од кога било и многу работни места кои постојат денес наскоро ќе исчезнат. Една неодамнешна студија на Светскиот економски форум укажува на две главни причини за претстојните промени: нови технологии и автоматизација и транзиција кон зелен бизнис и одржливост. Брзиот напредок во новите технологии како што се големите и сложени збирки на податоци каде што традиционалните апликации за обработка на податоци не се ...

Приходите од нафтата на Саудиска Арабија ќе паднат со побрзо темпо оваа деценија отколку што претходно се предвидуваше, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата сегашна прогноза. ММФ очекува дека Саудиска Арабија ќе го достигне врвот на приходите од нафта во 2026 година, кога тие ќе се зголемат на 783 милијарди саудиски ријали, или приближно 188,2 милијарди евра, така што тие ќе претставуваат околу 26 отсто од саудискиот БДП. ...

Ќе има замрзнување на цените на основните прехранбени производи, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, но не наведувајќи детали. Иницијативата ги опфаќа сите домашни земјоделски производи и ќе се следи за усогласеност. Во однос на профитните маржи на училишниот прибор, министерот Дурмиши истакна дека Пазарниот инспекторат будно ќе ја следи усогласеноста. Доколку продавниците не ги почитуваат новите прописи, ќе бидат преземени ...

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината. “Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ...

Бранот на висока инфлација во Германија заврши, изјави претседателот на централната Бундесбанка, Јоаким Нагел. Тој, сепак, истакнува дека сè уште не е време за опуштање. „Ако нема понатамошни неочекувани големи шокови, како оние по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година, инфлацијата треба да падне на два отсто“, изјави Нагел за Франкфуртер алгемајне цајтунг. Сепак, сè уште нема потреба од славење, објави агенцијата dpa со ...

Фолксваген има „една, можеби две“ години да го реорганизира својот водечки бренд на автомобили VW, изјави во средата шефот за финансии на германскиот производител на автомобили, додека се обидува да добие поддршка од работниците за драстично намалување на трошоците што може да вклучи затворање фабрики во матичната земја. На почетокот на неделата, менаџментот на VW објави дека повеќе не ја исклучува можноста за затворање на германските погони и ...

Вчера директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев, заедно со инспекторскиот тим, беше во посета на преработувачите на пиперка ајварка во Гевгелискиот регион. Посетата се одвива како резултат на загриженоста на земјоделците за малиот застој во текот на откупот на пиперката куртова капија. Како што информираат преработувачите, простор за загриженост нема и тие апелираат за смиреност кај земјоделците. Тие гарантираат дека сите ...

Стопанската комора на Македонија бара да се избришат одредени делови од Законот за нефер трговски практики со кој се очекува да се стави крај на проблемите со цените што постојано растат во маркетите, пренесува ТВ Телма. Во писмото стои дека во ЕУ субјектите на пазарот имаат повеќе простор да се адаптираат на новините. Како проблем што го потенцира комората во писмото е периодот на прилагодување на новото законско решение, односно тоа што некои ...

Турција поднесе барање за полноправно членство во БРИКС. Помошникот на претседателот на Руската Федерација потврди дека Турција поднела барање за полноправно членство во БРИКС и посочи дека земјите членки ќе го разгледаат. „Турција може да стане силна, просперитетна, престижна и ефикасна земја доколку ги подобри односите со Истокот и Западот истовремено. Секој друг метод, освен овој нема да ѝ користи на Турција туку ќе ѝ наштети“, изјави ...

Почитувани родители, Во светот што брзо се менува и дигитално напредува, вашите деца имаат уникатна можност да се стекнат со вештини кои ќе им помогнат во иднината. Ние, во Касарна Хаб – Охрид, нудиме ИТ курсеви за деца од 7 до 15 години по неверојатна цена од само 1600 денари. Нашите курсеви се дизајнирани да ги поттикнат младите умови да ја развијат нивната креативност и технолошка вештина. Што ќе изучуваат вашите деца? Вашите деца ќе имаат ...

Производителите на житните култури ќе добијат дополнителна субвенција. За пченицата од интервентната програма ќе добијат по 3 денари по килограм, а за јачменот наместо 6 ќе добијат по 12.000 денари за хектар. Целта е да се обезбеди поголемо количество на жито од домашно производство… Поради повисоките трошоци за производство на пченицата и да се намали зависноста од увоз, преку Интервентната програма ќе се зголеми субвенцијата за земјоделците ...

Веќе пет години сте во MINT Fintech Group и брзо се искачивте на висока позиција. Што беше клучно за вашиот успех? Петар Чороловски: Размислувајќи за моето патување, верувам дека неколку фактори придонесоа за мојот успех во MINT Fintech Group. Прво и најважно, се работи за прифаќање одговорност од самиот почеток. Кога се приклучив на компанијата имав само 23 години, прифатен од искусен тим со значајни задачи кои бараа не само технички вештини, ...

Стопанската комора на Србија (СКС) наскоро ќе отвори претставништво во Скопје со цел да обезбеди уште посилна поддршка за зајакнувањето на економските врски меѓу двете земји и да покаже дека Србија и Северна Македонија се вистински примери за успешна регионална соработка без бариери, објави Марко Чадеж, претседател на СКС, пренесува еКапија. – Веќе направивме многу, малку ни недостасува да бидеме пример како треба да функционира ...

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вториот квартал годинава, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9.5 проценти, а 8.7 ...

Во Технолошко – индустриската развојна зона – Скопје, денеска беше одбележан почетокот на градбата на фабрика на германската БМЗ груп која се занимава со изградба на литум јонски батерии. Инвестицијата изнесува 65 милиони евра, се очекува фабриката да биде готова до мај следната година, а извозот во првите три години да достигне најмалку 60 милиони евра. Комерцијалното производство е почнато со браундфилд инвестиција, но недостасувал повеќе ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
53%
1013
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
5.14
40%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
1.54
59%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
3.57
35%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
8.94
37%
1012
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
4.12
44%
1008
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
47%
1012
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
5.66
32%
1013
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
79%
1011
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
6.17
41%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
4.63
35%
1010
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762