Почитувани родители, Ве покануваме да го направите роденденот на вашето малечко незаборавен во нашето детско катче LITTLELAND! 📍 Адреса: ул. Прашка бр. 9, Тафталиџе, Скопје Во LITTLELAND, децата можат да истражуваат, играат и се забавуваат во пријатен и безбеден амбиент, кој е создаден за да ги поттикне нивната креативност и развој. Нашата комбинација од учење преку игра и насоки од возрасните создава магична атмосфера што ќе ги израдува и ...

Рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“ денеска поставил нов рекорд во дневната испорака на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“, се вели во соопштението за печат на руската компанија. „Од 1 декември, во согласност со барањето на кинеската страна, дневните испораки преку гасоводот „Силата на Сибир“ се на максимално договорено ниво. Сега и овој обем е надминат – достигнат е нов историски максимум на дневен извоз на руски гас за ...

Работничките права се прекршуваат на секој чекор. Тешко е и јавно да се говори за овој горлив и долгогодишен проблем. Преку проект во земјава за пристојна работа за жените работнички треба да се надминат аномалиите. Дел работнички немаат доверба во системот дека може да им помогне. Реалните состојби се загрижувачки… Работничка во прилепска текстилна индустрија се повредила на работното место поради застарена опрема. Не може да ги оствари своите ...

Во изминатите 6 месеци откако е избрана, оваа Влада е целосно насочена кон надминување на штетните последици од затекната девастирана и назадувана економија, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција. „Овие 5 месеци работиме да се зацврси и зголеми бруто домашниот производ. Деноноќно се трудиме да помогнеме на бизнисот да создадеме услови за почесна трговија, без закани, уцени, притисоци и по принципот како до сега, да бидеме во ...

Дополнително, Србија ќе добие и грант од ЕУ во износ од 455 милиони евра. – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ (Фото: ЕУ) Српската влада го усвои предлог законот со кој се потврдува договорот за заем меѓу ЕУ и Србија. Станува збор за износ од 1.131.090.929,77 евра, со рок на отплата од 40 години, со грејс период од 10 години, што значи дека отплатата ќе започне во 2034 година. Во ...

За нас е важно да нема зголемување на главните даноци – ДДВ, корпоративен данок, персонален данок и осигурување, оти тие имаат директно влијание или врз инфлацијата или врз економскиот развој. Затоа ги предлагаме мерките со најмал негативен ефект врз државата, изјави бугарската министерка за финансии Људмила Петкова на брифинг за Буџетот за 2025 година. „При анализата на приходите и расходите е констатирано дека трошоците според сегашните ...

Русија им овозможика на странските клиенти индиректно да плаќаат гас, според ажурираниот декрет на рускиот претседател Владимир Путин, со кој се бараат решенија за американските санкции притив „Газпромбанк“. Откако беше исклучена од меѓународниот банкарски систем за плаќање SWIFT во 2022 година, Москва им наложи на купувачите на гас од „непријателските“ земји да плаќаат во рубљи, користејќи специјални сметки во „Газпромбанк“ преку кои се вршеше ...

Компаниите и јавниот сектор до крајот на месецов имаат обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци. Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината. Услов за исплата на регресот е работникот да работи најмалку ...

Експертите, пак, советуваат, криптопазарот расте, но само мал дел од криптовалутите се одржливи и голем дел од нив, ќе исчезнат. Десет илјади евра. Толку изгубил македонски државјанин при измама во трговија со криптовалути. Случајот бил пријавен во МВР, а го истражува одделот за компјутерски криминал. Тоа е една од четирите пријави годинава за оштетени македонски граѓани во трговијата со криптовалутите. Тројца од оштетените се од подрачјето на ...

Девизни резерви со кои располага државата изнесуваат 4.920 милиони евра, според состојбата забележана на крајот од ноември. За еден месец има намалување од 55,6 милиони евра во споредба со последниот ден од октомври кога изнесуваа 4.975,6 милиони евра. Како што објавува порталот „Пари“ сепак ова е втор месец со износ што се доближува до прагот од пет милијарди евра. Причината е заемот од Унгарија. Нивото на девизните резерви го кренаа 500-те ...

„Иако успешно поминавме низ голема економска бура, сѐ уште се соочуваме со променливи светски услови, поради што е потребна постојана будност и приспособливост“, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст во престижниот српски неделник „НИН“. Во текстот гувернерката ја анализира последната инфлациска криза и одговорот на централните банки, којшто овозможи стабилизација без притоа економиите да западнат ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 6 564.1 милион евра и бележи пад од 5.5 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 189.4 милиони евра, што е за 0.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во ...

Стапката на невработеност во третото тримесечје од 2024 година е 12.3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, активното население во Република Северна Македонија е 796 733 лица, од кои вработени се 698 411, а 98 322 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 52.6, стапката на вработеност 46.1, додека стапката на невработеност е 12.3. ...

На денешната втора по ред седница на Економско – социјалниот совет, бизнис заедницата имала барање данокот на додадена вредност од сегашните 18 отсто, да се зголеми на 19,5 отсто, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на попладневната прес – конференција. „Имаше сега на седницата да речеме предлог да се зголеми ДДВ – то од страна на бизнис заедницата. Да не биде 18 туку да биде 19,5 проценти. Секакви идеи има. Ние треба да ги ставиме сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави две реформи во сферата на социјалната заштита. Едната, рече, ќе биде изготвување софтверско решение кое јасно ќе детектира кои корисници на социјална помош го злоупотребуваат системот, а втората е издавање платежна картичка со која 50 отсто од сумата приматели на социјална помош ќе ја користат за купување македонски производи. Како што истакна Мицкоски, досега се евидентирани ...

На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, изрази оптимизам за зголемување на минималната плата на 450 евра, истакнувајќи дека растот на платите е неопходен поради нискиот животен стандард и трендот на иселување. „Аргументите за нискиот стандард и зголемените плати во регионот ни даваат надеж дека ќе најдеме решение во наредните денови,“ рече ...

Вработените во Фолксваген ќе стапат на продолжен штрајк во понеделник, интензивирајќи го жестокиот спор со раководството за отпуштања и затворања на фабрики на германска територија за најголемиот европски производител на автомобили, се вели во соопштението на синдикатот во четвртокот. Синдикатот IG Metall соопшти дека работниците ќе ги спуштат алатките четири часа на девет различни локации во таканаречените „предупредувачки“ штрајкови низ ...

Владата размислува користењето на криптовалути да го стави во законски рамки. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека според него тоа е иднината и дека ќе бидеме меѓу првите земји во регионот кои тоа ќе го направат. – Сакаме сето тоа легално да го канализираме во рамки на законот, но има премногу работи што треба претходно да се усогласат и тоа и го правиме – ги усогласуваме тие работи за да дојдеме до финалниот производ. Тоа е ...

Пратениците во Собранието, кои се едни од највисокоплатените јавни функции во Македонија со плата од 2.000 евра, на работа одат сè поретко и на дневна основа во многу мал број, т.е. само ако се членови на некоја од комисиите кои се состанале дента. Пленарни седници речиси и да нема. За овој месец, претседателот на Собранието Африм Гаши има закажано само една собраниска седница, на 10 декември, кога треба да се донесе Буџетот за 2025 година. Во ...

Претседателските избори во САД лесно може да се наведат како еден од најозборуваните настани во светските вести оваа есен. Наспроти позадината на ескалацијата на конфликтите, годините на висока инфлација и постојаното очекување на рецесија, не е чудно што новиот американски претседател и севкупниот правец во кој тој ќе ги насочува политиките во странство, беа следени со задушен здив од светските медиуми. Вистината е дека на ниво на финансиски ...

Промената на ставот на Доналд Трамп кон криптовалутите, кои претходно ги критикуваше како „измами“, дојде откако големи крипто-инвеститори ја финансираа неговата кампања. Цената на најголемата криптовалута во светот во четвртокот порасна за дури 6,1 отсто, на износ од 103.800 долари, што е за дури 50 отсто повеќе од цената што ја имаше ден по изборната победа на Доналд Трамп во ноември. Биткоинот скокна над 100.000 долари за прв пат во ...

Пред завршување на законскиот рок 15 декември за откуп на тутунот откупени се 1.400 тони тутун со просечна цена од 374,30 денари за килограм и истиот е исплатен на околу 45 отсто од земјоделците. Ова го истакна министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој изврши увид во откупот на тутнот во Тутунскиот комбинат во Прилеп. -Направивме увид во текот на откупот на тутунот за реколтата 2024 година. Иако последниот законски рок од 15 декември сè ...

Се стокми новогодишната кошничка. Над 600 производи ќе треба да бидат со пониски цени за 10 па и повеќе проценти. Тука влегуваат жита, пекарски производи, сувомеснати, млеко, овошје, зеленчук, пијалаци, и друго. Листата не е конечна и може да се надополнува додека трае акцијата. Но, она што е различно од досегашните мерки е тоа што самите трговци дале предлози што ќе поевтини, казни нема да има, а граѓаните ќе бидат главни инспектори. Иако, ...

„Скопски пазар“ сега има 19,05% од акциите во „Македонија туриз“ по купување на дополнителни 7.936 акции. Оваа компанија, која поседува 12 зелени пазари во Скопје, ја контролират бизнисмените Фатмир Етеми и Ацо Дудлоски. Тие станаа најголеми акционери во хотелскиот гигант, кој ги поседува скопските хотели „Холидеј Ин“, „Карпош“, „Бест Вестерн“ и други. „Македонија туриз“ во 2023 година оствари добивка од 96,39 милиони денари (околу 1,5 милиони ...

Паричните средства наменети за посиромашните региони ќе исчезнат засекогаш доколку Унгарија не ги заврши реформите побарани од Комисијата Унгарија е на работ да загуби 1 милијарда евра од парите на ЕУ кои беа замрзнати поради прекршување на владеењето на правото, изјавија за „Политико“ неколку функционери кои се запознаети со процедурата. Европската комисија задржува над 16 милијарди евра грантови за посиромашните региони, како и економската ...

Економскиот раст во еврозоната би можел да ослабне следните месеци, а во наредните години би можел да биде притиснат од „зголемените“ геополитички ризици и заканите за меѓународната трговија, изјави во средата претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ),Кристин Лагард на парламентарното сослушување. Економијата на еврозоната практично стагнира во последните 18 месеци, а во такви услови се намали и инфлацијата. Европската централна банка ...

И покрај сите позитивни сигнали, aвстриските финансиски аналитичари предупредуват на ризиците поврзани со вложувањето во биткоин Вредноста на најстарата и најпозната криптовалута, биткоинот, денеска во 2.45 часот конечно ја надмина псисхолошката граница од 100.000 долари, што се толкува како последица на очекувањата за политичките и економските промени на идната администрација на Доналд Трамп. За потсетување, на денот на изборите, вредноста на ...

УНИЦЕФ упати апел за собирање 9,9 милијарди долари за да обезбеди помош следната година за милиони млади луѓе погодени од војни и други кризи ширум светот. „Скалата на хуманитарните потреби на децата е на историски високо ниво, при што секој ден се погодени повеќе деца“, нагласи во изјавата Кетрин Расел, извршна директорка на УНИЦЕФ. Парите ќе бидат наменети за 109 милиони деца и ќе поддржат пристап до установи за примарната здравствена ...

Според ОЕЦД, економијата на Германија ќе расте побавно во 2025 година отколку во која било друга развиена земја. Експертите гледаат цела мешавина на проблеми што ги оптоваруваат компаниите. Според прогнозата на Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД, економијата во Германија ќе расте побавно во наредната година отколку во која било друга развиена економска земја. Бруто домашниот производ се очекува да се зголеми за само 0,7 отсто, ...

Македонската банкарска асоцијација со задоволство ја информира јавноста дека на 48. Седница на Собранието го именуваше г. Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години. Г. Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште од нејзиното ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.67
75%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.33
98%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Платина

61733.50

Алуминиум

2.90

Сребро

2128.87

Родиум

258009.74

Злато

139470.53

Калај

42.35

Паладиум

52470.02

Рутениум

29192.88

Бакар

10.93

Цинк

3.03

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60