
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Извозот на производи од германски инвеститори во земјава кон Германија десетина години по ред е во пораст, со исклучок на годините во короната кога била евидентна стагнација. Како што соопшти Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора (АХК), германските инвеститори од земјава најмногу извезуваат високософистицирани компоненти наменети за автомобилската индустрија, во Германија се извезуваат и седишта за автобуси, за возови и за ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави одложување на почетокот на „есенската потрошувачка кошничка“, затоа што сè уште се усогласувале ставовите со трговците и производителите. Тој не очекува утре владата да реши за тоа кои производи за широка потрошувачка ќе се намалат и дали тоа ќе биде по пат на замрзнување на цените или на маржите. Најави дека одлуката можеби ќе биде донесена наредната недела. -Ние сме подготвени за разговор, ние не ...
Извештајот за конкурентноста на ЕУ, кој го претстави поранешниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги, а за кој ќе расправа и Европскиот парламент, ја истакнува итната потреба од зголемување на продуктивноста и зајакнување на инвестициите- пишува Сее.биз. Драги повика на големи инвестиции од 750 до 800 милијарди евра годишно. Според Марко Јаклич, професор на Економскиот факултет на Универзитетот во Љубљана, инвестициите во инфраструктурата за ...
Извршниот директор на „JP Morgan Chase“ посочи кој е „најлошиот исход“ за американската економска иднина, освен рецесија. „Најлошиот исход е стагфлацијата. И не би го симнал од дневен ред“, изјави Џејми Димон. Лидерот на најголемата инвестициска банка во САД со имот од 3,4 трилиони долари, го даде својот коментар на Советот на институционални инвеститори во Њујорк. Стагфлацијата, акроним за стагнација и инфлација, се однесува на состојба во ...
Од полноќ нови цени на горивата. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,989 ден/кг и сега ќе изнесува 41,328 ден/кг. Максималните цени на нафтените ...
Претседателката на Комората најави почеток на две инвестиции кои што изминатиов период заедно присуствувавме и ги отпочнавме. Очекувам во периодот кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот на домашниот бруто производ за следната 2025 година, но и за годините коишто ...
Финската министерка за финансии Рика Пура денеска објави дека Финска се приклучила на протестот на земјите кои сакаат да ги оспорат плановите на Меѓународниот монетарен фонд за обновување на економските консултации со Руската Федерација за прв пат од почетокот на војна на земјата со Украина. Според неа, Финска заедно со другите северноевропски земји, балтичките земји и Полска подготвиле протестно писмо упатено до генералната директорка на ...
Нa девизните пазари курсот на доларот во однос на еврото порасна минатата недела, откако Европската централна банка ги намали каматните стапки, но овој раст беше минимален бидејќи се очекува следната недела и американската централна банка да ги намали каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,1 отсто, на 101,11 поени. ...
Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени. Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,… Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата. Работната група е составена од претставници на ...
Во 2023 година биле превезени 817 илјади тони различни стоки преку македонската железница, а тоа е речиси двојно помалку од пред 5 години, кога биле превезени 1.679.000 тони, покажува извештајот на Агенцијата за железничкиот сообраќај, кој треба да го разгледаат пратениците во Собранието. Порталот Пари ги анализираше бројките од кои произлегува дека таа состојба се пресликува и во поминатите километри на товарните вагони. Во 2018 година биле ...
Општина Неготино исплати по 3.000 денари за 179 првачиња, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. – На сметките на родителите на 179 првачиња од двете основни училишта во градот и подрачните училишта, од буџетот на Општина Неготино се исплатени по 3.000 денари еднократна поддршка на почетокот на учебната година. За таа цел од општинскиот буџет се издвоени средства во висина од 537.000 денари, ...
Млечните производи се повеќе се барани на пазарот. Предизвиците на сточарите се во недостигот на работна рака и ефективни стратегии за пласманот, но и за битка со климатските промени. Во Прилеп се одржува манифестацијата „Млеко 2024“. Пласман има, ама недостига работна рака. Млекопроизводителите не можат да ја навасаат побарувачката на млечните производи, главно сирењето. Но, без работна рака и стратегија за македонските производи и на ...
Како резултат на постоечката добра соработка и во насока на нејзино понатамошно унaпредување, Народната банка и Централната банка на Косово, потпишаа Меморандум за соработка и размена на информации. Меморандумот беше потпишан од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерот на Централната банка на Косово, Ахмет Исмаили, за време на работната посета на македонската делегација на Приштина, во која учествуваше и ...
Намалувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка денеска силно се одрази на берзите и цената на златото и нафтата. Европската централна банка (ЕЦБ) вчера соопшти дека ја намали каматната стапка на депозитите за 25 базични поени на 3,5%. Каматните стапки на операциите за главно рефинансирање се намалени на 3,65%, а каматната стапка на маргиналните кредитни капацитети ќе изнесува 3,9%. Според податоците на берзата, цената ...
Во полошкиот регион само седум проценти од занаетчиите и малите бизниси се пријавуваат на јавните повици за државна поддршка и тоа разочарувачки факт, рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кој денес беше во работна посета на Гостивар. Министерот Дурмиши имаше средба со занаетчии и сопственици на мали бизниси од гостиварско како дел од иницијативата и акциски план на ресорното министерство и е трета средба по оние во Чаир и Прилеп. ...
Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, сезонско приспособеното индустриско производство е намалено за 0,3 отсто во еврозоната и за 0,1 отсто во Европската унија, покажуваат првите проценки на Евростат, статистичкиот завод на Европската унија. Во јуни 2024 година, индустриското производство остана непроменето во еврозоната, а во ЕУ се зголеми за 0,1 отсто. Во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година, индустриското производство ...
Од Владата најавија есенска кошничка и намалување на цените на повеќе од 100 прехранбени производи. Но, според Синдикатот и граѓаните, оваа мерка е задоцнета, со оглед на тоа што цените на храната годинава постојано растат. Од Сојузот на синдикатите на Македонија пресметале дека покачувањето на цените на храната од почетокот на годинава досега, ги чини граѓаните 4.600 денари. Значи, инфлацијата им ги „изела“ овие пари и никој нема да им ги ...
Кина планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците почнувајќи од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години. Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, во зависност од работното место. Оваа одлука ќе се применува од јануари следната година, се наведува во соопштението на кинескиот законодавен дом пренесено од државната телевизија CCTV. ...
Во последните години, Албанија доживува значителен економски напредок, што се манифестира преку интензивна градежна активност и туристички развој. Со плати кои достигнуваат и до 3.000 евра за инженерски позиции, оваа земја станува атрактивна дестинација за работници од Македонија. Иницијативата „Отворен Балкан“ овозможува работа без виза, што уште повеќе ја зголемува мобилноста на работната сила. Според податоците, не само што Албанија го ...
Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на вчерашниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. Банката во вчерашната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи ...
Во согласност со законските прописи, Комерцијална банка објави јавна понуда за преземање на Стопанска банка Битола, во која се содржани сите важни елементи како што се понудената цена од 3.200 денари по акција, прагот на успешност од 67% плус една акција од вкупно издадените акции и рокот за изјаснување на акционерите заклучно со 22.09.2024 година. Сите други информации се содржани и во придружниот Проспект кон Јавната понуда. Надвор од овие ...
Статистичарите утврдија дека имаме поголеми трошоци поради растот на цените на храната за 1,2 процент. Нивните бројки покажуваат дека на месечно ниво, односно во август, цените на зеленчукот се зголемиле најмногу, и тоа за високи 10,5 проценти. Со цел намалување на цените на основните прехранбени продукти, Владата најави потрошувачки кошници. Како да се намалат животните трошоци и да се растовари семејниот буџет? Наспроти светскиот тренд на ...
Растот на побарувачката за нафта значително забави во првата половина од годината и беше најбавен од 2020 година, објави денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Во првите шест месеци од годинава побарувачката на нафта порасна за 800.000 барели по 159 литри дневно, наспроти 2,3 милиони барели дневно во истиот период лани. ИЕА главната причина за ваквото изразено забавување на растот на побарувачката на нафта ја гледа во забавувањето на ...
Во услови на намалување на обемот на производството и пад на потрошувачката на домаќинствата во Еврозоната во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто, се очекува денеска Европската централна банка да донесе одлука за намалување на основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 отсто. Ваквата одлука би била образложена со ставот дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на инфлацијата ...
Американската банка „Морган Стенли“ прогнозира дека еврото ќе падне за седум отсто во однос на доларот до крајот на 2024 година бидејќи очекува дека Европската централна банка (ЕЦБ) наскоро ќе ги олесни каматните стапки за да се справи со нестабилната економија во еврозоната. Банката очекува еврото да падне на 1,02 долари до крајот на годината, изјави Дејвид Адамс, шеф на девизната стратегија во Морган Стенли, додавајќи дека очекува ЕЦБ да ...
Македонска берза утре ќе одржи Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. Одржувањето на Инвеститорскиот ден, што се одржува петти пат, значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените ...
Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, ...
Министерот за економија, Бесар Дурмиши, најави дека до утре ќе биде подготвена есенска потрошувачка кошничка со 100 производи, врз основа на која ќе се направи симулација за ограничување на цените или маржите од 5, 10 или 15 проценти. Како што информираше министерот Дурмиши, работната група утре ќе донесе одлука за оваа мерка, која ќе биде доставена до владата наредната недела за усвојување и започнување на процедурата за почитување на мерките. ...
За да можат да ги добијат дополнителните субвенции од 3 денари за килограм, производителите на пченица не треба да поднесуваат барања во електронскиот систем на Платежната агенција. Потребната документација ќе се обезбеди преку Државниот инспекторат за земјоделство … Со дополнувањето на Програмата за користење на средства од интервентниот фонд за 2024 се воведе нова мерка за финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица. ...
Финансиската стабилност е задржана – мерките на Народната банка придонесоа за дополнително зголемување на отпорноста на банкарскиот систем Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која, меѓу другото, го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2023 година. Во Извештајот се оценува дека домашниот финансиски систем е стабилен, добро се справува со предизвиците и дека е отпорен на шокови. Амбиентот во 2023 година беше ...