
Скопје
4ᴼ /
4ᴼ



Сандерс, долгогодишен борец за правата на работниците и економска еднаквост, укажува на итната потреба од политики кои ќе ги заштитат луѓето од потенцијално разорните социјални и економски последици на автоматизацијата. Сенаторот Берни Сандерс предупредува дека брзиот развој на вештачката интелигенција и роботиката од страна на моќни милијардери може да им овозможи на големите корпорации да укинат десетици милиони добро платени работни места, ...
Цените на златото сè уште се над границата од 4.000 долари за унца, која вчера ја пробија првпат во историјата. Од почетокот на седмицата цената на златото се зголеми за речиси 4 отсто. А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во четвртокот утрото во однос на кошничка валути падна. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 98,70 поени, додека ...
Американскиот Сенат повторно не успеа да го усвои законот за краткорочно финансирање на владата до 21 ноември, додека прекинот на работата на владата влезе во деветтиот ден. Сенатот го одби законот што го усвои Претставничкиот дом со 54 гласа „за“ и 45 „против“, бидејќи не беше достигнат прагот од 60 гласа потребни за негово усвојување. Ова беше шести обид за усвојување на законот за финансирање. Сенатот, исто така, ја одби и верзијата на ...
Комерцијална банка ја најави својата нова промотивна понуда за станбен кредит, која им овозможува на граѓаните полесно и поекономично да го остварат сонот за сопствен дом. Понудата важи до 31 декември 2025 година и се одликува со нулти трошоци за одобрување и процена на имот. „Домот е многу повеќе од ѕидови и покрив – тоа е местото каде што се создаваат најтоплите спомени, каде што секој ден започнува со сигурност и завршува со мир“, порачаа од ...
Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит ...
Во Србија, 24,6 отсто од вработените работат повеќе од 45 часа неделно со нивна главна и евентуално втора работа, што е значително повисоко од просекот на Европската Унија од 10,8 отсто, според податоците на Евростат објавени денес за вториот квартал од 2025 година. Највисок удел на вработени во Европската Унија кои работат повеќе од 45 часа е забележан во Грција 20,9 отсто, додека Кипар 16,6 отсто и Малта 14,6 отсто се исто така над просекот. ...
Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на кинеската економија во 2025 година на 4,8 отсто од четири отсто во април, и покрај трговските спорови со Соединетите Американски Држави. Новата прогноза се приближува до официјалната цел на Кина за раст на бруто домашниот производ во 2025 година за околу пет проценти, објавува CNBC. Аналитичарите на Светската банка забележуваат дека економскиот раст на Кина е поддржан од владини стимулативни ...
Цената на златото достигна рекордни 4.000 долари за унца, додека инвеститорите бараат сигурни места за вложување на своите пари среде економската и политичката неизвесност во светот. Вредноста на златото расте најбрзо од 1970-тите и порасна за околу една третина од април, кога Доналд Трамп објави царини кои предизвикаа потрес во светската трговија. Златото се смета за безбедно засолниште за инвестирање, зашто се очекува да ја задржи или зголеми ...
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево соопшти дека се направени првите трансакции преку СЕПА системот. – Историски ден за нашата држава! Денес се направени првите трансакции преку СЕПА – системот што ја приближува Македонија кон европското платежно подрачје. До 6 пати пониски трошоци за граѓаните. До 8 пати пониски трошоци за компаниите – објави гувернерот Трајко Славески на платформата Х. Од денеска практично во државава ...
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %. Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и ...
Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – приближувајќи се до границата од 4.000 долари за унца – додека затворањето на федералната влада на САД влегува во втората недела. Цената на златото се зголеми за дури 1,2 проценти на 3.932,02 долари за унца. Прекините во САД го одложија објавувањето на податоците за вработување што требаше да бидат објавени во петок, правејќи ја мрачната економска перспектива уште потемна. Со недостаток на ...
Поевтинуваат сите видови на горива вечерва од полноќ, соопшти Регултаротната комисија за енергетика која ги објави новите цени. ЕУРОСУПЕР 95 од вечерва ќе изнесува 74 денари, и ќе се продава поевтино за 1,5 денари. За 1,5 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР 98+ кој од утре ќе се продава по цена од 76 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 68,5 денари. Се намалува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1,5 ...
Златото повторно го потврди својот статус како најбезбедна и најпрофитабилна инвестиција. Во текот на изминатата година, цената на жолтиот метал порасна за 43 проценти, што значи дека инвестиција од 10.000 евра пред една година денес вреди повеќе од 14.290 евра – добивка од речиси 4.300 евра без никакво активно управување. Причините за метеорското зголемување се глобална економска неизвесност, геополитички тензии и зголемена побарувачка на ...
Трговците на големо и мало ќе ѝ платат на државата казни од околу 2 милиони евра, поради бројни неправилности со цените на прехранбените производи, утврдени при 18.000 контроли од страна на пазарните инспектори. Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, најави дека до крајот на годината ќе започне и санкционирање на компаниите кои го прекршиле Законот за нефер трговски практики. Тој најави и развој на бесплатен софтвер за ...
Њујорк е град со најмногу милионери во светот, а по него се Сан Франциско, Токио, Сингапур и Лос Анџелес. Според анализата на британската консултантска фирма „Хенли и партнерс“, во Њујорк моментално живеат 384.500 милионери, во споредба со 349.500 претходната година. Од нив, има 818 се со имот од најмалку 100 милиони долари, а 66 се милијардери, објавува „Пословни.хр“. Областа на Сан Франциско е на второ место со 342.400 милионери (претходната ...
Цените на акциите на Волстрит и на европските берзи минатата недела достигнаа рекордни нивоа, поттикнати од оптимизмот на инвеститорите дека Американската централна банка ќе продолжи со намалување на каматните стапки. На Волстрит, индексот Dow Jones порасна за 1,1% и достигна 46.758 поени, S&P 500 се зголеми за 1,1% на 6.715 поени, а Nasdaq за 1,3% на 22.780 поени. Овој раст, според аналитичарите, најмногу се должи на очекувањата дека ...
На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна минатата недела поради затворањето на владата и очекувањата дека американската централна банка ќе продолжи да ги намалува каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, ослабе за 0,5 проценти минатата недела, на 97,71 поени. Во исто време, доларот се лизна за 0,3 проценти во однос на ...
Алта Банка АД Белград ги известува сите акционери на Стопанска Банка АД Битола кои сè уште немаат запишано акции во рамки на јавната понуда, дека јавната понуда за запишување акции завршува на 10.10.2025 година. Сите заинтересирани акционери, согласно јавниот повик, можат да ги запишат, односно да ги продадат своите акции по цена од 3.777 денари за една акција. Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи, ...
Цените и кириите на станбените недвижности во Европската Унија продолжија да растат во вториот квартал од 2025 година, според податоците на Евростат објавени денес. Како што е наведено, цените на недвижностите скокнаа за 5,4 отсто во споредба со истиот период во 2024 година, додека кириите се зголемија за 3,2 отсто. Во споредба со првиот квартал од 2025 година, цените на куќите се зголемија за 1,6 отсто, а кириите за 0,7 отсто, што укажува на ...
Бројот на вработени во индустрискиот сектор во Македонија продолжува да опаѓа. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во август 2025 година е забележано намалување од 2,6 % во однос на истиот месец минатата година. Главните причини за падот се намалувањето на работната сила во преработувачката индустрија, рударството и вадењето камен, како и во секторот за снабдување со електрична енергија, гас и пареа. Сепак, во одредени ...
Според податоците од Центарот за едукација, информации и синдикални анализи (ЦЕИСИ) во рамките на Унијата на независни синдикати на Црна Гора (УССЦГ), синдикалната кошничка за потрошувачка за тековниот квартал достигнува 2,080 евра. Оваа вредност е повисока за 3,23 проценти, односно 65 евра, во споредба со претходниот квартал. Зголемување на трошоците е евидентно во четири од десетте категории кои се земени предвид во методологијата: ...
Годишната стапка на инфлација во Турција изнесуваше 33,29 проценти во септември, што е зголемување во однос на августовските 32,95 проценти и над пазарните очекувања од околу 32,5 проценти, соопшти во петокот Турскиот статистички институт (ТуркСтат). Највисок раст на цените е забележан во секторот образование – 66,1 процент, проследено со 51,36 проценти во домувањето и 36,06 проценти во храната и безалкохолните пијалоци на годишно ниво, според ...
Вкупно 19,4 милиони евра нова транша е исплатена од кон Развојната банка за поддршка на домашните компании, пари кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем Парите се наменети за кредити на компаниите кај комерцијалните банки за инвестициски проекти. Со оваа транша вкупната поддршка што од централниот Буџет е исплатена кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра. Во Буџетот за 2025 година се ...
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната се искачи на 6,3 проценти во август од рекордно ниските 6,2 проценти во јули, соопшти денес Евростат. Бројот на невработени лица во еврозоната се зголеми за 11.000 во месецот на 10,8 милиони, се додава во извештајот. Невработеноста кај младите (под 25 години) во еврозоната изнесуваше 14 проценти во август, непроменета во однос на јули, според ревидираните бројки. На ниво на Европската ...
Цената на златото порасна по шести пат по ред и достигна нов рекорд од 3.895 долари за унца, бидејќи затворањето на американската влада го поттикна барањето на инвеститорите за безбедни засолништа. Скокот на цените беше под влијание и на релативно лошите податоци за вработеноста, што ги зајакна очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви на САД (ФЕД), објави „Трејдинг економикс“. Затворањето на владата се ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,8 проценти. Во август годинава, пак, во споредба со август 2024 година, бројот е помал за 2,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка ...
Најновите податоци од платежната статистика на Народната банка за вториот квартал од 2025 година покажуваат натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата, отколку шалтерите. Во споредба со истиот период минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат раст за 9% по број и за 20,9% по вредност. Особено е брз ...
Американскиот долар падна за повеќе од 0,27 проценти во среда откако Конгресот не успеа да постигне договор за привремен буџет, што резултираше со блокада на американската федерална влада. Индексот на доларот, кој ги споредува перформансите на доларот во однос на шест други валути како што се еврото и јапонскиот јен, падна на 97,19 од 13:35 часот по Гринич (9:35 часот по источно време), објави агенцијата Анадолу. Овој пад резултираше со вкупен ...
Потрошувачките цени во Хрватска во септември се повисоки за 4,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, со што повторно ја забрза инфлацијата на годишно ниво. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во деветтиот месец била меѓу највисоките во еврозоната. Државниот завод за статистика ја објави првата проценка на индексот на потрошувачки цени, според која во септември 2025 година, стапката на инфлација ...
Бразилската дигитална банка Nubank, една од најголемите финтек компании во светот, поднесе барање за национална банкарска лиценца во Соединетите Американски Држави – најконкретниот чекор досега кон проширување надвор од Латинска Америка. Клучни факти Финансиски импликации Nubank со овој потег испраќа силна порака дека сака да изгради глобален модел на дигитално банкарство и да стане сериозен конкурент на традиционалните банки и во најголемиот ...