
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Поминаа речиси две десетлетија откако американскиот глумец Том Круз јавно ја критикуваше супермоделката и глумица Брук Шилдс за употребата на лекови за нејзината постпородилна депресија… Сепак, таа сѐ уште не заборава како се чувствувала потоа. Во своите нови мемоари под наслов „Брук Шилдс нема дозвола да остари: Мисли за стареењето како жена“ (Brooke Shields Is Not Allowed to Get Old: Thoughts on Aging as a Woman), манекенката се навраќа на ...
Главниот град на САД, Вашингтон, е замрзнат поради температурите под нулата, а церемонијата на инаугурација на Доналд Трамп в понеделник би можела да остане запишана во историјата како најстудената заклетва во последните децении, јави ДПА. Иако не се очекува да биде толку студено како за време на вториот мандат на Роналд Реган во 1985 година, кога напладне живата достигна речиси минус 14 степени Целзиусови, според Националната метеоролошка ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху треба да најде начин да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците за долгорочна стабилност на Израел. „Идејата дека Израел на долги патеки ќе може да се одржи без решавање на палестинското прашање… Тоа нема да се случи“, рече Бајден во интервју за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си, додавајќи дека често го потсетувал Нетанјаху дека мора да пронајде начин ...
-Голема чест ми е да објавам дека Џон Војт, Мел Гибсон и Силвестер Сталоне ќе бидат специјални амбасадори во големиот, но многу проблематичен Холивуд, во Калифорнија, напиша Трамп синоќа на својата социјална мрежа „Truth Social“. -Тие ќе бидат мои специјални претставници кои ќе го вратат Холивуд, да биде повторно голем, подобар и посилен од кога било, а во последните четири години загуби многу бизниси поради странска конкуренција. Републиканците ...
Се поголем број американски официјални лица веруваат дека кинескиот сопственик на TikTok треба да има повеќе време да ја продаде апликацијата и да ја спречи нејзината забрана пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа. Новиот советник за национална безбедност на Трамп рече дека новата републиканска администрација ќе ја одржи жива апликацијата за социјални медиуми што ја користат 170 милиони Американци доколку се ...
Пивотот на македонската ракометна репрезентација Жарко Пешевски, кој издржа безброј дуели со корпулентните унгарски играчи е задоволен од прикажаната игра на „црвено-жолтите“ на првиот свој настап на Мундијалот 2025. Македонија синоќа во Вараждин одигра нерешено, 27:27 со фаворитот Унгарија. -Супер тежок натпревар, откако потешко го започнавме денот по веста за смртта на Александар Јовиќ. Сепак собравме сила да излеземе и изгинеме на теренот. ...
Се работи за една од најголемите портрет-бисти во светот и веројатно најпозната знаменитост во градот Кемниц – споменикот на Карл Маркс. Огромна глава на филозофот и социјалниот теоретичар од 1971 година го краси центарот на градот. Првично била планирана скулптура од цело тело висока единаесет метри, но идејата брзо била отфрлена. „На Карл Маркс не му требаат ни нозе, ни раце, неговата глава кажува сè”, наводно рекол советскиот скулптор Лев ...
Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет. Во обраќањето, Бајден подвлече заклучоци од неговата полувековна политичка кариера. -Во Америка денес се формира олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание, која навистина е закана за нашата демократија и нашите основни права и ...
Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија. Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинансирањето да се случи што е можно поскоро во 2025 ...
Бугарската Влада и испрати на Република Северна Македонија нацрт-договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел што ги поврзува двете земји, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски (МТС). Предлогот на бугарската држава е двете влади да преземат конкретни и јасни обврски за реализација на граничниот железнички тунел. Тоа е клучен елемент на изградбата на европскиот транспортен Коридор 8, кој го поврзува ...
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 08:19 часот, во регионот Додеканез, Грција. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,45 и географска должина 25,51. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 100 километри под површината на земјата. ...
Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер. – Имено, во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе до нарушена работа на котелот. Со оглед дека се очекува стабилизација на времето и ...
Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер го одработија последниот тренинг пред почетокот на Мундијалот и подготвени го очекуваат дуелот против фаворизираните Унгарци. Натпреварот ќе се игра во Вараждин со почеток во 20:30 часот. Се очекува во Хрватска да допатуваат илјадници припадници на „Фалангата“ која ќе ја бодри ...
Румен Радев денеска го предава мандатот за состав на влада на кандидатот на ГЕРБ-СДС. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска ќе го предаде мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер предложен од ГЕРБ-СДС, Росен Жељазков. Тој е очекуван да го претстави предлог-кабинетот, поддржан од четири формации: ГЕРБ-СДС, БСП, „Има таков народ“ и ДПС. Жељазков изјави дека списокот на министри ќе биде доставен само со гарантирано стабилно ...
Авиокомпанијата „Рајанер“ ги повикува европските власти да ја ограничат продажбата на алкохолни пијалоци на аеродромите низ европскиот континент. „Време е властите на ЕУ да преземат акција за ограничување на продажбата на алкохол на аеродромите“, се наведува во соопштението на „Рајанер“. Компанијата соопшти дека не разбира зошто патниците на аеродромот не се ограничени на два алкохолни пијалоци со картата за патување, на ист начин како што е ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе беше осуден за злосторства во обид да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во 2020 година, доколку не победеше на изборите во 2024 година, рече специјалниот обвинител Џек Смит во својот последен извештај за случајот. Смит, кој поднесе оставка по изборната победа на Трамп во ноември, утврди дека наводите може да се докажат и да доведат до негова пресуда. Исто така, може да се докажат ...
Седум студенти кои во текот на ноќта го блокираа Правниот факултет во Белград се повредени во три инциденти предизвикани од непознати лица, објавено е на Инстаграм профилот „Студенти во блокада“, пренесува денеска Н1. Како што изјавиле студентите, напаѓачите фрлале стаклени и пластични шишиња кон учениците. Студентка била турната по скалите и паднала на глава, а потоа заедно со уште пет студенти на Правниот факултет со возило на Брза помош била ...
Македонија ќе биде под влијание на снежни врнежи до среда. Најсилни ќе бидат во западните и југозападните делови во вторник, а во среда снег ќе има на повеќе места во државата. После тоа, облачноста ќе се намалува, но студот ќе остане интензивен, носејќи арктички услови низ цела Македонија, информираат од УХРМ. Минималните температури ќе се движат околу -10 степени во утринските часови, а на некои места и до -15. Дневните температури ќе бидат ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска попладне ќе ги објави новите цени по кои по полноќ ќе се продаваат нафтените деривати на бензинските пумпи низ Македонија. Минатата недела Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените и тоа за 1 денар на бензинот и за 1,5 денари на дизелот. Во моментов 95 октанскиот бензин чини 78 денари, 98 октанскиот 80,5 денари а дизелот се продава по 72,5 денари. Тоа е највисока цена на горивата од ...
За оваа зима, државните институции во земјава склучиле договори за јавни набавки за зимско одржување на улиците и патиштата во вредност од 219 милиони денари, односно 3.569.106 евра, покажа најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Склучени се вкупно 49 поединечни договори, коишто, покрај изнајмување возила и работници за зимско одржување, вклучуваат и набавки на сол и ризла за патиштата. Вакви тендери имаат: Јавното ...
Покрај Швајцарија и Србија изрази подготвеност да биде домаќин на евентуална средба помеѓу следниот претседател на САД, Доналд Трамп и претседателот на Русија, Владимир Путин. Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија е заинтересирана за таков настан и дека може да гарантира целосна безбедност за двајцата претседатели. Според него, Србија во основа е надвор од двата блока, односно НАТО и ОДКС и во суштина е независна земја. ...
Основните и средните училишта во повеќе општини во северниот дел на Грција денеска ќе бидат затворени поради снежната бура што од вчера ја зафати земјата, а на одредени патни правци постои забрана за сообраќај на тешки возила, јави дописничката на МИА од Атина. Научната Комисија за проценка на опасности од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита вчера одржала вонреден состанок и, според грчките медиуми, издадена е препорака за ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени Целзиусови. Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а ...
Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните. И најновата вест е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот „Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој ...
Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес веројатно се двојно повеќе во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари. Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка може да се зголеми во зависност од тоа кога пожарите конечно ќе бидат под контрола, според „Џеј Пи ...
Финската влада објави дека има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија, продолжувајќи ја важноста на контроверзниот привремен закон кој им дозволува на граничарите да не дозволуваат влез на барателите на азил во Финска под одредени услови. Привремениот закон стапи на сила на 22 јули како одговор на приливот на баратели на азил кои пристигнаа на границата со Русија во есента 2023 година. Хелсинки инсистира на тоа дека нивното ...
Реизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги повторува заканите дека ќе ја преземе контролата врз Панамскиот канал, додека панамската влада инсистира дека нивниот суверенитет над водениот пат не може да се доведе под прашање. Очите на светот повторно се насочени кон тој стратешки поморски премин што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан. Еве неколку факти за Панамскиот канал: Кој го изгради Панамскиот канал? Трамп сака да го потсети ...
Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс. Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е „моќен“ ...
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. По котлините во поголем дел од денот ќе биде тивко со појава на магла или ниска облачност Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно и тивко со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе ...
Лидерот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека, доколку биде осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина, ќе преземе чекори за отцепување на Република Српска од БиХ. –Ако дојде таква одлука, веднаш ќе има одлука на собранието за отцепување и референдум за независност на РС, изјави Додик во интервју за РТРС. Додик е обвинет од февруари 2024 година за непочитување на одлуките на високиот претставник ...