Народниот правобранител отвори постапка за случајот со Меланија Цветковска од Куманово откако таа преку Инстаграм побара помош за заштита од семејно насилство. По алармот дека семејството трпело насилство, а таткото бил одбиван за лекување во психијатриски установи, Народниот правобранител ќе го разгледува постапувањето на институциите во случајов. Вонреден инспекциски надзор во здравствените установи ќе прави и министерството за здравство од ...
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 56-годишниот П.Ц. од Куманово поради сомнение дека го сторил кривичното дело „загрозување на сигурноста“, откако претходно неговата ќерка, физиотерапевтката Меланија Цветковска, јавно побара помош од институциите, тврдејќи дека со години семејството живее во страв поради неговото насилно однесување. Според МВР, пријавениот подолг временски период, под дејство на алкохол, ...

