Какви објекти може да се градат, а што треба да биде забрането на падините на Водно. Откако од „Шанса за Центар“ алармираат дека со актуелните плански решенија се предвидува обемна урбанизација на овој простор, дел од експертите укажуваат дека Водно од парк шума се претвора во опасност за градот. Професорот Зоран Шапуриќ, кој е и поранешен министер за животна средина вели дека претераната урбанизација на Водно, освен што влијае врз ...

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ остро реагираше по усвојувањето на Нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за населбата Барутана, оценувајќи дека со предложените решенија се отвора простор за нова изградба на падините на Водно, во подрачје кое, според нив, е означено како подложно на ерозија. Од „Шанса за Центар“ тврдат дека советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го поддржале планот, со кој се предвидува изградба на 25 нови објекти, од ...