Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше предмет на ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста за 2024 година. Ревизорите утврдија дека во делот на инспекцискиот надзор при увоз на стоки постојат ризици, бидејќи фактурите и здравствените сертификати се на повеќе странски јазици, што може да доведе до недоволно проверена веродостојност и безбедност на производите. Ревизијата покажала и недостатоци во инспекцискиот надзор на ...

Листата за забранети супстанци во козметичките производи донесена во 2010 година не е ажурирана ниту еднаш, што не ја следи праксата на ЕУ каде оваа листа повеќекратно е ажурирана во истиот период. Поради тоа постои ризик да се стават во промет производи кои содржат супстанци за кои на територија на ЕУ е утврдено дека се штетни по здравјето, а истите да не се забранети на територијата на нашата држава, забележале ревизорите во последниот ...