Израел изведе значајни воздушни напади на цели поврзани со Хутите во Јемен, соопшти денеска израелската војска. Според извештаи од проиранска бунтовничка група, настрадале најмалку две лица. Израелските воздухопловни сили нападнаа воен објект блиску до претседателската палата во Сана, а беа нападнати и две електрани, како и складиште за гориво што го користат Хутите. Армијата нагласи дека ваквите напади се одговор на неколкуте неодамнешни напади ...

Според информациите, новинарите работеле за меѓународни медиуми, меѓу кои Associated Press, Reuters, Al Jazeera и Middle East Eye. Хамас-контролираната Цивилна одбрана изјави дека неколкумина загинале во првиот напад, а други – во вториот удар, кој се случил додека спасувачи и новинари помагале на местото на настанот. Израелската војска потврди дека извела напад во тој регион, изразувајќи „жалење за секоја штета нанесена на лица кои не биле цел ...

Израел го засилува темпото на напади врз цели во Газа. Меѓу метите се најде и болницата Насер, пришто загинаа најмалку 20 луѓе. Mеѓу нив има медицински персонал, пациенти и пет медиумски работници. Во двата брана израелски удари смртно настрадаа новинарка на Асошиејтед прес, камермани на Ал Џазира и на „Ројтерс“, како фоторепортер на британската новинска агенција. Медиумските куќи ги потврдија загубите на своите колеги, а „Репортери без граници“ ...

Четворица новинари од различни светски медиуми се меѓу загинатите во нападот што денеска го изврши израелската армија врз болница во јужниот дел од Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Меѓу убиените се новинари од телевизиската мрежа Ал Џезира и агенциите Ројтерс и Асошиејтед прес (АП). Убиени се Мохамед Салама, репортер на Ал Џезира, Хусам Ал-Масри, новинар за Ројтерс и Маријам Абу Дага, која работела со Асошиејтед прес и други медиуми за време ...

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека првиот напад врз болницата се случил утрово на четвртиот кат од медицинскиот комплекс „Насер“, по што набргу потоа следел и втор напад во кој биле погодени екипите на брзата помош и службите за итни случаи Четворица новинари од различни светски медиуми се меѓу загинатите во нападот што денеска го изврши израелската армија врз болница во јужниот дел од Појасот Газа, пренесува Би-би-си. Меѓу ...

Четири новинари се убиени во неодамнешниот израелски напад врз болницата Насер во Газа. Препорачано Снимателот Хусам ал-Масри, ангажиран во агенцијата Ројтерс, беше убиен во првиот ракетен напад врз комплексот во Кан Јунис утрово. Една од најистакнатите фоторепортери во Газа, Маријам Абу Дага, снимателот на Ал Џезира Мохамед Салама и фоторепортерот Моаз Абу Таха исто така беа убиени во вториот напад, кој беше емитуван во живо на телевизија. Тие ...