На новинарска забелешка дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е сè уште повисок од оној на СДСМ, Венко Филипче, кој гостува во ,,360 степени” на МРТ 1, коментираше: Трендовите се дека ВМРО веќе сериозно губи поддршка и рејтинг, ЗНАМ речиси и да го нема, а ние растеме постепено. И тоа е вистината 360°: Господине Филипче, Виктор Орбан падна, но Христијан Мицкоски не паѓа. На анкетите неговиот рејтинг е сè уште многукратно поголем од вашиот. Зошто? ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, посочи дека трендовите на политичката сцена се јасни и дека ВМРО ја губи поддршка кај граѓаните, додека СДСМ бележи постепен раст. „Огромен пад има во ВМРО, 150.000-160.000 гласови изгубија за една година, а ние постепено растеме и трендовите продолжуваат“, рече Филипче. Во интервјуто Филипче потенцираше дека вистинскиот пулс на граѓаните не се мери ...

