„Алкалоид“ АД Скопје во бизнис-планот за 2026 година најавува најмалку 10-процентно зголемување на издатоците за истражување и развој, јасен сигнал дека иновациите остануваат еден од клучните столбови на долгорочната стратегија на компанијата, соопшти фармацевтската компанија. Со ова зголемување, компанијата планира да алоцира уште повеќе ресурси во модернизација на генеричкото портфолио и во развој на патентирани производи со додадена вредност, ...

Според планот, консолидираните приходи од продажби во 2026 година се очекува да достигнат околу 361 милион евра, што претставува раст од 7% во однос на очекуваните резултати за 2025 година. Најголем дел од продажбите, 91%, ќе бидат реализирани од профитниот центар Фармација, додека 9% од Хемија, козметика и билкарство. Компанијата очекува 66% од вкупните продажби да се остварат на странските пазари, а 34% на домашниот пазар, што ја потврдува ...