„Протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка. Но, целосно сме свесни за политичките обиди билатералните прашања да се користат за влијание врз пристапниот процес во ЕУ. Суштината на проблемот е што Бугарија има поинакво толкување и ги третира т.н. протоколи како составен дел од Преговарачката рамка, додека нашиот став е дека станува збор за одвоени документи. Токму оваа разлика во толкувањето ја потврдува потребата од јасност, ...
Серија реакции и спинови кај дел од опозицијата, но и во бугарските медиуми предизвика вчерашната изјава на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во врска со статусот на протоколите со Бугарија во евроинтегративниот процес. Оние кои се обидоа ова да го прикажат како промена на македонската дипломатска позиција веднаш добија демант директно од шефот на дипломатијата. Муцунски во изјава за „Плусинфо“ појаснува ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во изјава за порталот „Плусинфо“ се огласи откако неговиот став дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка, соопштен на прес-конференција, дел од медиумите го протолкуваа како промена на позицијата на македонската дипломатија во однос на пристапниот процес кон ЕУ. На прашањето на Плусинфо во што се состои е разликата меѓу неговото тврдење и тезите на Бујар Османи, ...

