Новиот Предлог-закон за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи што беше најавен прес шест месеци, во вторник ќе се најде на владина седница, по што ќе биде испратен во Собрание. Се очекува брзо да биде донесен, а кога ќе стапи во сила ќе следат засилени инспекциски контроли, со даден грејс период од 12 месеци за угостителите да го адаптираат просторот каде ќе може да се пуши. Договорените измени се со претставниците на ...

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека постојниот закон за тутун, донесен во 1995 година и менуван девет пати, повеќе не одговара на реалните состојби во државата, посочувајќи дека новото законско решение има за цел посеопфатна регулација и поголема заштита на јавното здравје. Алиу ги истакна и, како што рече, загрижувачките податоци за последиците од употребата на тутун, според кои околу 3.600 смртни случаи годишно, или 13 отсто од ...

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и од угостителскиот сектор, законот ќе стапи во сила веднаш, освен одредбата согласно која угостителите треба да ги преадаптираат и ...