Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и за политички систем и за односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правната комисија. На дневен ред на Комисијата за одбрана е второто читање на Предлог на закон за изменување на Законот за гранична контрола и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“, во Босна и ...

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ги разгледува амандманите поднесени на Предлог на закон за Советот на јавните обвинители. За законот, според информациите објавени на веб страната на Собранието, се поднесени 26 амандмани. Амандмани за законот имаат поднесено пратеници од пратеничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и ДУИ и Алијанса за Албанците. Пратеничката група на ...