Со натпреварите Шкендија – Струга Трим Лум и Шкупи – Тиквеш, кои се играат од 14 часот, денеска продолжува Првата македонска фудбалска лига со своето прво коло од вториот дел од сезоната. Големото дерби е во Тетово, дуел меѓу актуелниот првак и Струга, која беше шампион во сезоната пред тоа. Стружани се втори на табелата зад Вардар и имаат пет бода повеќе од третопласираната Шкендија. Квотите во Sport Life велат дека тетовци се фаворити, но ...

Екипата на Шкендија со дерби пресметка против Струга Трим Лум ќе ја отвори пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Станува збор за натпревар кој уште на самиот старт од продолжението на сезоната носи големо значење, бидејќи се соочуваат два тима со изразени шампионски амбиции и квалитет да се борат за самиот врв на табелата. Актуелниот шампион ќе ги одмери силите со директен конкурент, екипа која сезонава покажува ...