Францускиот клуб ПСЖ е блиску до договор со тренерот Луис Енрике за продолжување на соработката до 2030 година. Иако неговиот сегашен договор трае до 2027 година, раководството сака да обезбеди долгорочна стабилност и да го задржи шпанскиот стратег како клучна фигура во проектот. Преговорите се во напредна фаза и се очекува наскоро да бидат финализирани. Со новиот договор, клубот јасно покажува доверба во неговата работа и визија за иднината. ...
Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен, неколку извори потврдија дека преговорите се при крај, и дека Шпанецот треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона. Актуелниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови и му понуди договор со важност до летото 2030. Со новиот договор, Енрике ќе стане еден од најплатените тренери во ...

