Русија ги зголеми трошоците во март во очекување на нагло зголемување на приходите од скокот на цената на нафтата предизвикан од војната на Блискиот Исток. Трошењето во март се зголеми за 44% во однос на претходната година, по зголемувањето од 16% во февруари, според пресметките на „Bloomberg“. Дефицитот изнесуваше 1,1 трилион рубли во март. Дефицитот во првиот квартал достигна 4,6 трилиони рубли (58,6 милијарди долари), надминувајќи ја целта ...

Русија во април ќе ги удвои приходите од најважниот данок на нафта на девет милијарди долари поради глобалната енергетска криза предизвикана од војната на Блискиот Исток и затворањето на клучниот Ормуски теснец, покажува денес објавена анализа на Ројтерс. Оваа прогноза претставува една од првите конкретни проценки за финансиската корист за Русија, вториот најголем светски извозник на нафта, од почетокот на конфликтот во Иран кон крајот на ...