„Наутро се очекува поддршка од воздух за гаснење на пожарот“, посочи тој И во текот на ноќта продолжува борбата со пожарот во селото Раец, соопшти вечерва на Фејсбук градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. „Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената стихија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење“, напиша тој. На терен, како што вели, се ангажирани две цистерни на ЈП ...
Борбата со големиот пожар во атарот на селото Раец, кај Кавадарци, продолжува без прекин и во текот на ноќта. Надлежните служби остануваат на терен со цел да го ограничат ширењето на огнот и да ги заштитат населените места и имотот на граѓаните. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, информира дека во акцијата се вклучени сите расположливи ресурси. Пожарникари, комунални служби, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, механизација ...

