Спој на традицијата и современите уметнички текови донесува претстојното 66. издание на фестивалот Охридско лето, кажа на денешната прес конференција министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Со 48 настани и учество на над 700 уметници од земјава и странство, програмата на нашиот најреномиран летен фестивал вклучува музички настани од различни формации, театарски премиери и балетски остварувањата, избрани од селекторите Симона Ѓорчева и ...
Најпрестижната културна манифестација во државата, фестивалот „Охридско лето“, оваа година своето 66-то издание ќе го отвори со вистински музички спектакл. На 12 јули, под отворено небо на Античкиот театар, публиката ќе има ретка можност да ги слушне светски познатиот сопран Ермонела Јахо и врвниот тенор Чарлс Кастроново. Свеченото отворање ќе биде во знак на гала-концертот насловен „Љубов“, кој според организаторите ја пренесува суштината на ...

