Охрид, 13. јули 2026 (ОХРИПРЕС) – Со настап на сопранистката Ермонела Јахо и американски тенор Чарлс Кастроново, синоќа на сцената на Античкиот театар во Охрид беше свечено отворено 66 издание на фестивалот „Охридско лето“. Придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на италијанскиот маестро Марко Боеми, тие приредија вечер за паметење, исполнета со најубавите арии и дуети од богатата оперска литература. ...

Со гала концерт насловен „Love“, вечерва во 21 часот на Античкиот театар свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, најзначајната и најреномирана меѓународна културна манифестација во Македонија, која и ова лето ќе го претвори Охрид во светска сцена на музичката и драмската уметност. Фестивалската завеса ќе ја кренат две големи имиња на светската оперска сцена, познатата сопранистка Ермонела Јахо и американскиот ...