Вашингтон, 20 јануари 2026 (МИА) – Курдските сили, кои беа меѓу водечките групи во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), која е поразена во Сирија во 2019 година, повеќе немаат причина да постојат, изјави денеска американскиот претставник за Сирија, Том Барак. - Првичната мисија на СДФ (Сириски демократски сили доминирани од Курдите), како главна сила против ИД на терен, во голема мера е завршена, бидејќи Дамаск сега е ...
Дамаск, 20 јануари 2026 (МИА) – Владата на Сирија им даде рок од четири дена на курдските сили да се согласат да ја интегрираат нивната преостаната територија на централната власт, откако нивниот главен сојузник, САД, ги повика да го направат тоа. Во соопштението на сириската Влада се наведува дека постигнале договор со курдските сили за изготвување план за интеграција на покраината Хасака во североисточна Сирија, која сè уште е под контрола ...

