Останува уште еден меч да се одигра за да се комплетира последното есенско коло во Втората лига, а со тоа и официјално да се спушти завесата за крај на есенската полусезона. Сите погледни се насочени кон мечот во Радовиш каде Детонит Плачковица ќе го пречека Скопје. Овој меч нема да направи некои суштински разлини, но едно е сигурно – двете екипи со триумф ќе имаат полесна пролет во остварувањето на своите цели. Радовишани со победа и ...

Со натпреварот во Радовиш кој ќе се одигра в петок меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе заврши есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига. Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на овој натпревар кој е последен кај второлигашите за 2025 година. Игор Иванов од Велес ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Роберт Црвенов и Александар Ајдаров од Велес, додека пак четврт судија ќе биде Дарко Стојанов од Штип. Делегат ...

Утре и официјално ќе се комплетира есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига со мечот во Радовиш каде Детонит Плачковица ќе го пречека тимот на Скопје во рамки на 15. коло. Со овој натпревар ќе го имаме и конечниот изглед на табелата, а истиот ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија со почеток од 13 часот со директен пренос од Градскиот стадион во Радовиш. Овој натпревар ќе биде важен и за двете екипи бидејќи со ...

Утре конечно ќе се комплетира и затвори есенската полусезона во Втората македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје, последен меч за последното 15-то есенско коло. Беласица погледот го насочува кон утрешниот меч кој се игра во Радовиш и ќе го чека исходот од истиот – за струмичани само еден резултат не им одговара, а две комбинации им одат во прилог. Беласица е на четвртото место со 31 бод, а за да презими на ...

Утре со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш ќе се комплетира есенската полусезона, а од мечот од 15. коло на Втората лига зависи и екипата на Осогово. Популарните „жетвари“ кои зад себе имаат фантастична есен во моментот се седми на табелата со 24 бодови, но за да презимат како седми ќе треба „пиратите“ од Автокоманда да им завршат работа. За Осогово да презими како седми на табелата ќе ...