Вонвременските нумери на Влатко Стефановски оживеаја на сцената на МНТ , низ постановката на мјузиклот „ Као какао“. Проектот го постави режисерот Дејан Пројковски по текстот на Венко Андоновски. Дојде време ете, за мојот идол и за нашите идоли да направиме мјузикл. Меѓутоа, многу е важно дека го вративме духот на тоа време кога младите луѓе навистина сакаа да постигнат успеси во уметноста, во спортот, вели Венко Андоновски, автор на текстот ...
Во Македонскиот народен театар утревечер 20.30 часот премиерно ќе биде изведен мјузиклот „Као Какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, по текст на Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Втората премиера е закажана за задутревечер во истиот термин. Во претставата се вклучени избрани композиции што ќе бидат изведени во нови аранжмани. Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години на ...

