Во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ следува вториот дел од интервјуто со легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски. Слушнете за тоа како Драган и Маја Оџаклиевска биле единствената пеачка придружба на трите ју турнеи на Оливер Драгоевиќ, како е настаната песната „Лебеди пловете“ или онаа „ На 223 305“. За турнеите по Русија и Австралија и низ цела некогашна Југославија. Со клик на линкот подолу слушнете го ...
Ова „ново нормално“ време кое го живееме дружбите меѓу луѓето ги направи ретки. Оттука и бројот на соговорниците во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ оваа шеста сезона стагнира, но се надеваме не за долго. Интервјуто со човекот кого сакаме да ви го претставиме, верувале или не е направено во мај 2018 година, во Охрид и еве конечно му дојде редот за емитување. Му благодариме на господинот Илко Димитриески за неговата трпеливост и ...
Во чест на 7 Април - Светскиот ден на здравствените работници ги репризираме двата дела од интервјуто со познатиот доктор - педијатар од Струга Климе Матоски. Двата дела се прв пат објавени во октомври 2019 година. Пред да се навратиме на сторијата од 2019 прочитајте што напиша д-р Матоски на својот фејсбук профил во пресрет на денов. ВРЕДИ ДА СЕ СЕТИМЕ Се приближува СЕДМИ АПРИЛ - Денот на Здравствените Работници кон кои сите НИЕ и милијарди ...
Новата осма сезона од веќе култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ авторот и водител Милчо Јованоски ја отвора со интервју со актуелната директорка на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ. Зад неа, како директор се веќе три успешни изданија на овој меѓународно престижен фестивал од кои последниве две се одржаа во услови на светска пандемија од Ковид -19. Наташа Поповиќ е професор по пијано и пред да дојде на функцијата директор на ...
Трет гостин во култниот аудио серијал „Мојот живот, мојот свет“ е легендата на македонската забавна музика Драган Мијалковски. Разговорот е снимен на 31 август во „Аквариус“ и денес ви предлагаме да го слушнете првиот дел. За оние помладите еве уште куп податоци за да осознаат за каков изведувач се работи. Со клик на линкот подолу слушнете го интервјуто во целост: Драган Мијалковски некогаш жареше и палеше по македонските и тогашните ...