Ставањето вон сила Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик според премирот Христијан Мицкоски не го нарушува изборниот процес за локалните избори, а Државната изборна комисија има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, рече, зависи од самата Комисија. Одговарајќи на новинарско прашање што по ставањето во сила на Упатството и дали може ...
Поранешни и актуелни членови на ДИК, истакнати професори по право се дел од експертите со кои Министерството за правда води интензивни консултации за да се најде решение за независните кандидати и учеството на изборите, брифираат извори за Сител. Иако не се откриваат никакви детали, министерот со сите имал поединечни средби во интерес да не се кочи процесот и да не се создаде правен вакум. Од ДИК пак со непроменет став, на јавна седница до ...
Здруженијата и организациите на независните кандидати за локалните избори изгледа имаат право. Тие не ѝ веруваат на политиката и покрај одлуката на ДИК дека со ништо не може да бидат спречени нивните кандидатури и дека нема потреба да собираат потписи, па ја продолжуваат акцијата да се формираат како партија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека претставници од Министерството за правда ќе имаат средба со некои од правните експерти ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека претставници од Министерството за правда ќе се сретнат со правни експерти кои укажуваат дека учеството на независни кандидати на избори не може да се регулира со подзаконски акт на Државната изборна комисија (ДИК). По средбата, како што рече, ќе се преземат чекори кои ќе бидат во рамките на законите. „Министерството за правда ќе има состанок со дел од тие експерти, чекаме да видиме што мислат и да ...